Кој навистина губи гласови?

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Локација
Дома
Веб-сајт
www.trn.blog.mk
Ѓорге Иванов во втората трка влегува со убедливо водство пред Љубомир Фрчкоски. Иванов освои 343.000 гласа, а Фрчкоски 200.000.

Споредбените анализи од претходните претседателски избори од пред пет години покажуваат дека оваа разлика од околу 143 илјади гласа е убедливо највисока.

1s1l4m.jpg


Во 2005-тата Бранко Црвенковски, од позиција на премиер и лидер на тогаш најмоќната партија во првиот круг освои 385.000 гласа, а Сашко Кедев како политички анонимна личност кандидиран од ВМРО-ДПМНЕ, партија која неполна година претходно имаше внатре партиски превирања, освои 309.000 гласа или само 76 илјади помалку од Црвенковски.

e80jmr.jpg


Политичките аналитичари оценуваат дека споредбата на овие официјални покажува дека на овие претседателски избори, ВМРО-ДПМНЕ нема одлив на гласови, туку напротив, гласачкото тело на сега опозиционата СДСМ е речиси преполовено.

Во споредба со претседателските избори од 2004-тата, ВМРО ДПМНЕ има освоено околу 34 илјади повеќе, а СДСМ речиси 185.000 гласа помалку. Интересно е што СДСМ со Фрчкоски не успеа да го достигне ниту бројот на освоени гласови, кога пред една година партијата ја водеше Радмила Шекеринска. Тогашните 216.000 гласа беа толкувани како тежок пораз на партија, по што Шекеринска поднесе неотповиклива оставка.

1239yf7.jpg


a2w2zb.jpg


Политиките аналитичари, велат дека интересно е да се анализира каде всушност од СДСМ се одлеаја овие гласови од претходните претседателски избори. Некои од нив логиката ја гледаат и во бројката на гласови што ја освои Љубе Бошкоски. Оценуваат дека најверојатно гласачите на СДСМ, наместо за Фрчкоски гласале за Бошкоски.

Еден од податоците кој ја потврдува ваквата теза е и тоа што во речиси сите општини каде СДСМ освои најмногу гласови, како Струмица, Куманово, Карпош, на претседателските избори Иванов го победил, Љубомир Фрчкоски.
 
Споредбените анализи од претходните претседателски избори од пред пет години покажуваат дека оваа разлика од околу 143 илјади гласа е убедливо највисока.

:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:

Работите нагло се сменија за шест месеци, а некој прави анализа за од пред 5 години. Сироти они, ама некако мора да се тешат.:pos2::pos2::pos2:
 
:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:

Работите нагло се сменија за шест месеци, а некој прави анализа за од пред 5 години. Сироти они, ама некако мора да се тешат.:pos2::pos2::pos2:

:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
кој ме разбра ме разбра :)
се скапав од смеа :wink:
 
:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
кој ме разбра ме разбра :)
се скапав од смеа :wink:

Сите ние те разбираме.
Само овие аналитичариве што ѓи наоѓа ВМРО се вируози луѓе им нема рамни.
Најтрагично е што бараат каде одат гласовите од СДСМ. Поглупо нешто здравје. Прават анализи каде се луѓето кои порано гласале за СДСМ мислам сериозно.:salut:
А да направат анализа зошто за листата за советници каде самите они тврдат дека најдобро се гледа рејтингот на една партија зошто има толку малку гласачи? И зошто има толку голем број на поништени ливчиња?
Сите прават споредба ВМРО СДСМ но никој не прави споредба подршка на на народот која сега им е падната катастрофално.
Затоа и се тресат дека нема да се соберат 40% од гласовите. Првен викаа СДС ќе повикал на бојкот ама не се случи тоа па сега викаат тајно ќе се одело на бојкот. И се разбира тука се стави во контекс и дека европа нема да не сака ако не изереме претседател:nesvest:
 
Колку и да сме партизирано општество, гласовите на претседателски избори се дават на човек а не на партија. Не сме САД.
 
Најтрагично е што бараат каде одат гласовите од СДСМ*. Поглупо нешто здравје. Прават анализи каде се луѓето кои порано гласале за СДСМ* мислам сериозно.:salut:
:nesvest:

Искрено се воздржувам да се насмеам онака манијачно дур те читам колку си оксиморон со коментариве.


* замени го СДСМ со ВМРО.
 
до Игор :)
не си ме разбрал :tapp:
 
:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:

Работите нагло се сменија за шест месеци, а некој прави анализа за од пред 5 години. Сироти они, ама некако мора да се тешат.:pos2::pos2::pos2:

Ние сироти па засрами се што поддржуваш анти Македонец бе како не ти е срам се сменли за 6 месеци немој ќе се помочаат од смеење тие шо те читаат тебе ,со ова вие се тешите знаете дека ќе доживеете катастрофален пораз па сега ај ќе ги чепкаме Вмро Дпмне во рејтингот нагло им паѓа.......
 
Сите ние те разбираме.
Прават анализи каде се луѓето кои порано гласале за СДСМ мислам сериозно.:salut:
Луѓето кои гласаа за СДСМ(барем една третина) се умрени.
Место да признаете пораз и да седнете и видите што не ви штима во партијата вие се ударате во гради пошто на ДПМНЕ му паѓал рејтингот.Лузерско однесување.
Се додека вака се однесувате....старите лица кои гласаат за вас ќе умираат а вие ќе продолжите да си губите катастрофално.:toe:
 
Луѓето кои гласаа за СДСМ(барем една третина) се умрени.
Место да признаете пораз и да седнете и видите што не ви штима во партијата вие се ударате во гради пошто на ДПМНЕ му паѓал рејтингот.Лузерско однесување.
Се додека вака се однесувате....старите лица кои гласаат за вас ќе умираат а вие ќе продолжите да си губите катастрофално.:toe:

:toe:

нема друга вистина ..
ви треба ремонт на сдсм ...
еее игорче игорче
а вие на бранко се крстите чекате да се врател .. се гледа кој е фирерот кој пали кој гаси кај вас ... сите останати полтрони :tapp:
 
Ептен си им нацртал.
Таман мислеа со рејгингот револуција да прават.
Зошто немогуќе е, да имаш рејтинг а да немаш резултати.
 
pio ма пушти децу нек се радују...битно е да се учествува не е битно да се победи, нели :tv:
државава и така и вака или пак и онака да има секако иде во погрешен правец, од кој тешко, скоро и неможно е некој да ја извлече...на жалост:(
 
се прашувам само како може емилиан да се смее кога груевски им ги зема сите градоначалници со исклучок на струмица и куманово
и ете ако можат евенуално да земат уште еден и уште 3-4 полу градови да не речам села
 
Извор на веста со која е отворена оваа тема: Sitel
Трн има лоша навика кога се работи за пренесување на изворот на веста со која се користи :smir:
 
Извор на веста со која е отворена оваа тема: Sitel
Трн има лоша навика кога се работи за пренесување на изворот на веста со која се користи :smir:

gi podrzuva tie sto toj misli deka nema da go smenat imeto

menuvanje na imeto za pola godina ili za 3 godini e isto
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom