Македонија VS Шпанија

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonia>>Europe
  • Време на започнување Време на започнување

Тип

  • Македонија победник

    Гласови: 207 43,7%
  • Шпанија победник

    Гласови: 138 29,1%
  • Нерешено

    Гласови: 129 27,2%

  • Вкупно гласачи
    474
Статус
Затворена за нови мислења.

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Локација
Скопје
Спектакл во август: Македонија - Шпанија



25.03Spain1.jpg

Македонија ќе го пречека европскиот фудбалски шампион Шпанија во Скопје на 12 август, кога ќе биде пуштена и северната трибина на стадионот Филип II во Скопје.

Одлична вест ни доаѓа од ФФМ. Касиљас, Пујол, Фабрегас, Чави, Торес, Иниеста, Рамос, Виља и останатите ѕвезди од Црвената фурија ќе ги гледаме во август во Скопје.

Претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџиристески се договорил со првиот човек на шпанската фудбалска федерација Виљар на конгресот на УЕФА во Копенхаген, да се одигра пријателски меч меѓу Македонија и европскиот првак на 12 август во Скопје.

Со големиот спектакл, гостувањето на ѕвездениот состав на „Црвената фурија“ ќе почне прославата на јубилејот еден век фудбал во Македонија, наведува ТВ А1 додавајќи дека свечено ќе биде пуштена во употреба и новата северна трибина.


Што мислите, ќе не собере ли сите? :)
 
ИДАААМ ИДАААМ ИДАААМ :) Лелее кое дерење ќе паднее!

МА-КЕ-ДОНИЈААА!


ЈАВИ СЕ СЕВЕР!!! :) :) :)
 
Во што се кладиме дека пола од ѕвездиве ќе бидат „повредени“? :)
 
Спектакл во август: Македонија - Шпанија



25.03Spain1.jpg

Македонија ќе го пречека европскиот фудбалски шампион Шпанија во Скопје на 12 август, кога ќе биде пуштена и северната трибина на стадионот Филип II во Скопје.

Одлична вест ни доаѓа од ФФМ. Касиљас, Пујол, Фабрегас, Чави, Торес, Иниеста, Рамос, Виља и останатите ѕвезди од Црвената фурија ќе ги гледаме во август во Скопје.

Претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџиристески се договорил со првиот човек на шпанската фудбалска федерација Виљар на конгресот на УЕФА во Копенхаген, да се одигра пријателски меч меѓу Македонија и европскиот првак на 12 август во Скопје.

Со големиот спектакл, гостувањето на ѕвездениот состав на „Црвената фурија“ ќе почне прославата на јубилејот еден век фудбал во Македонија, наведува ТВ А1 додавајќи дека свечено ќе биде пуштена во употреба и новата северна трибина.


Што мислите, ќе не собере ли сите? :)
Супер ќе биде ако биде пуштена северната трибина до тогаш.Дојде време и ние да имаме екстра стадион.Ако го направат како што изгледа планот ќе биде еден од најдобрите на овие простори.Инаку Шпанија ми е омилена репрезентација и мило мие што ќе дојдат сите ѕвезди.Ќе биде пеколно..:vozbud:
 
Во што се кладиме дека пола од ѕвездиве ќе бидат „повредени“? :)
јака муда не идам јас за шпанците, идам за нашите, идам да и се радувам на северна, на атмосферата! :)
 
Европскиот шампион доаѓа :vozbud::vozbud::vozbud:

Само да сум во Македонија тој период и одаaaм :vozbud::vozbud::vozbud:
Ова не се пропушта :)
 
Во што се кладиме дека пола од ѕвездиве ќе бидат „повредени“? :)


Тоа им го кажувам на сите ми викаат нема шанса за што ќе се чувале..нема шанси да дојде да игра Шпанија со прв состав..ќе игра само со дел од играчите од првиот состав но сепак ќе биде квалитетен..една добра работа што ја направија ФФМ но ќе биде многу густо за карти тешко дека ќе се фане некоја.
 
Не ми се верува дека ќе дојдат со најдобриот состав, ама ипак мислам ако се договорат може да дојдат, со оглед на тоа што не ми се верува да има некоја острина во играта, така нема што да се плашат од повреда или слично. Може нема да бидат сите, ама можеме да очекуваме добар дел од нив во Скопје. И мислам дека нема да не собере на стадион :):)
 
И да дојдат со резерврите,сепак Шпанија е Шпанија :back:
А после се ние не одиме за Шпанија,ќе дојдам од Стрмица со една цел да победи Македонија,не дека не сакам да ги видам шпанските ѕвезди,нооо сепак Македонија пред се.:pipi:
 
Супер супер, после нека рече некој нешто лошо за Харалампие :)

П.С. Тешко но не и невозможно да се наполни целиот стадион. Јас одам сигурно :):)
 
Одам на стадион сигурно:vozbud:
 
spanija pobeduva
 
здравје до лето има време, пошто е пријателска, башка за промоција на стадиончето прогнозирам мирољубиво 2-2
 
Ке го видам Гуиза, Реина и Перниа!!! Очекувам тие да бидат најпознати од Шпанија. Нема шанси да дојдат со најјак тим. Бојан Крчич ке биде премија ако дојде.

Инаку идам сигурно и тоа на јужна зашто на север ке има тепање кој да иде за да ја испроба трибината.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom