Ok, ako aludiras na nekakva avangarda, bunt, revolucionernost, prvin na individualno nivo, pa posle toa optan toptan sobrano na kolektivno nivo, pisi propalo.... daj drugo resenie.... inace za nekolku godini, del po del ke bideme Bugarija, Grcija, Srbija ili Albanija...
Од каде ли извлече авангардност, бунт и револуционерност во моето пишување кое содржи вековни вистини до ден денешен несоборени од науката ама заборавени поради левичарска пропаганда?
Какво ли „собрано на колективно ниво“ те има спопаднато?:smir:
А за тоа дека ќе бидеме дел од соседите... Тоа можеше само во минатото. Тоа не можеше за време на осамостојувањето, а камоли денес. I`m sorry, ама се стори и покрај сите обиди да се спречи или уништи.
Се стори Македонско организирано општество како реалност и тоа силна, неуништлива реалност.
Доколку имаш познавање на воените вештини ќе знаеше дека многу скапа ќе биде окупацијата врз нас на секој окупатор. Доколку имаш троа познавање на историја ќе забележиш дека ние може да бидеме победени, но никогаш не сме биле, ниту ќе бидеме поразени.
Ако сакаш овој наш развоен процес да го гледаш на мизантропско-нихилистички начин тогаш тоа е твое право. Можам со сигурност да ти кажам дека и младите македонски албанци, оние навистина образованите, веќе не можеш лесно да ги излажеш со левичарската „жртвувај се ти сега за на друг да му биде некогаш подобро“ пропаганда.
Еве вака. За да не влеземе во беспредметна расправија јас ќе се држам до тоа дека во наше време ќе се види моето, а ти држи се до твоето. Па да видиме кој ќе биде во право, важи?:smir:
Od prosta pricina, procesot na osvestuvanje za koj sto zboris, bara poveke vreme otkolku sto ni dozvoluva realnata sostojba na terenot. Kasnime bajagi so vremeto, skarani sme so taa dimenzija, otsekogas i sme bile....
Potrebno e nekoe novo poinventivno resenie, nase, originalno.....
Реалната состојба на теренот ни дава онолку време колку што ни е потребно. Некои во нашето општество се зафатени со некаква фобија дека ако не влеземе во НАТО или ЕУ ќе се распаднеме како држава. Некои дури и лажат отворено со намера да заплашуваат дека албанците се дестабилизирачкиот елемент кој тоа ќе го направи. Да кај нас има такви кои тоа го веруваат, ама тие кои знаат...
Руандски масакри во Европа никој не сака бидејки има многу места во Европа каде што ќе се имитира балканот доколку се направи преседанот. Веќе има генерации на македонци (етнос и демос) кои веќе се родени во самостојност и слобода (релативна). Тие нема да дозволат некој да ги гази.
Сепак, плашливите се плашат, а храбрите терат и влечат напред, нели, а тоа си е природен процес во секое општество?
Доволно е само да се зголеми бројот на храбрите за некој процент и да не се кочат.
Нам не ни треба ништо ново, ниту оригинално. Не секогаш новото е подобро, да знаеш. Нам ни треба само тоа што нашите претци го знаеле пред соц. реалистичката пропаганда да го избрише.
Тоа е:
1. ако сакаш да имаш работи и заработи, со плачење не се заработува туку се проси,
2. ако сакаш да те ценат како човек
биди човек, а не нечиј закрепостен поданик и
3. не чекај од село колбаси, напарви си ги или заработи си и купи ги.
Прости, ама левичарски пропаганди се наменети да создаваат потреба од левичари кои ќе ги решаваат проблемите кои самите ги создале.
Светот пател од оние кои сакале сите да бидат исти, а не од тие кои ги ценат вредностите на индивидуата.
На Мојсеј му било потребно 40 години шетање по пустина за да изумре и последниот евреин кој бил роден во ропство. Само евреи родени во слобода можеле да влезат во ветената земја.
Исто така, роб со ропски менталитет не бара слобода. Тој бара газда кој помалку ќе го тепа.
Се надевам дека сега е нешто појасно.
Патем, книжулето ми е обид да создадам, во недостаток на друг збор, десна филозофија кај нас бидејки немаме никаква.
Нема ништо ново, но има нешто оригинално. А тоа е што се вметнати македонски (демос и етнос) специфики. Не е copy\paste финта од десната мисла на англо-саксонците или други европски народи.
Ја нареков „начелата на слободниот човек“ бидејки кај нас имаме недостаток од познавањето и спознанието на слобода иако имаме отповеќе искуства со ослободувања.
Поздрав:helou: