Има ли граници уметноста?

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani^^^
  • Време на започнување Време на започнување

Dani^^^

Femme fatale
Член од
8 април 2005
Мислења
1.831
Поени од реакции
21
Во оваа тема би сакала да ве прашам за повеќе работи околу уметноста т.е би сакала да слушнам повеќе мислења со надеж дека нема да се претвори темава (иако мали се шансите) во меѓусебно препуцавање и надмудрување.

Во средно 2 години изучував Визуелни уметности, многу темелно и обемно ја изучувавме уметноста од сите можни аспекти и во атеље многу од нив ги обработувавме ние самите.
Она што стварно од секогаш си обидував да си докажам на себеси е дека едно дело од кубизмот - Пабло Пикасо - е еднакво вредно со едно дело од дадаизмот на пример - писоарот.

Дали уметност е она во што е вродено труд и талент, знаење или уметност е она што уметникот смета дека е адекватно да го претстави она што тој сака да биде претставено?

Логички како може една чаша поставена како инсталација да биде повредна или еднакво вредна со една слика на (пример) Рембрант?
Или она што од секогаш ме чудело биле сликите на руските уметници од дадаизмот - бела позадина и еден минијатурен црн квадрат, каде е тука уметноста?

Салвадор Дали - омилен, го обожавам. Според мене вистински уметник во еден од моите омилени периоди - Надреализмот. Сите ја знаеме сликата со часовниците кои се топат Persistence of Memory, 1931. Според мене (читајќи ја неговата биографија) комплетен уметник - делумно луд, претерано самобендисан, бесконечно вљубен. Што вие мислите за тоа? Дали С. Дали според вас ги задоволува критериумите за толку познат уметник? Дали тоа што тој го прави може да се мери со Пикасо?

Сè на сè, сакам да ве прашам дали уметноста познава граница? Дали дадаизмот е уметност? Дали кубизмот, реализмот, надреалимот се уметност?

Што е уметност?
 
Работи со кои апсолутно не се сложувам се дека трудот е вроден и дека знаењето е исто што и уметност.
Според мене уметност е реализирање на духовниот свет и идеите на човекот во реалниот и материјален свет.
Уметност е буквално се што направиле луѓето. Граница во уметноста не постои. Постои граница на човековите духовни, интелектуални и реализациони вредности и способности.
 
Веројатно во средно сте разгледале премногу аспекти на уметноста па ти се измешале Субреализмот и Surealism.ОК,битно е дека првото не постои а второто е Надреализам,правецот во кој творел Дали,а сигурен сум дека бркот би му скокал од задоволство некој да го нарекува Подреалист:).
За граници-д скај из д лимит.Затоа и се вика уметност.Инаку тоа споредбите не ти држат....можеби на аукција нема да се сложат со ова,ама дела од различни правци не се споредуваат,ма ни од ист не се споредуваат (формално).
Ипак ова не е тема за многу муабетење......уживајте во уметноста.
 
Змејко напиша:

Во книгите за творештвото на Дали ,каде што всушност и е представена неговата уметност и биографија ,преведена на македонски стои дека Surrealisam е Надреализам или директно преведено Субреализам (што не би требало да значи Подреалист) . Инаку и во самиот дневник на Дали ,на македонски стои Субреалист. Сеа коа го спомна тоа ти,ми има логика ама зошто тогаш јас би била толку убедена дека Субреализам било точно?

gOJDO напиша:
Работи со кои апсолутно не се сложувам се дека трудот е вроден и дека знаењето е исто што и уметност.
Според мене уметност е реализирање на духовниот свет и идеите на човекот во реалниот и материјален свет.
Уметност е буквално се што направиле луѓето. Граница во уметноста не постои. Постои граница на човековите духовни, интелектуални и реализациони вредности и способности.

Добро тоа има поента ама дали и она што бара многу малку труд и мислење (да повторам писоарот) и да речеме било која слика на Рембрант (еве еден од неговите портрети) која што бара време,труд,талент,идеја е правилно да се стават во ист кош-уметност? Дали тоа не е потценување на едни уметници или преценување на други?
 
Dani^^^ напиша:
Во книгите за творештвото на Дали ,каде што всушност и е представена неговата уметност и биографија ,преведена на македонски стои дека Surrealisam е Надреализам или директно преведено Субреализам (што не би требало да значи Подреалист) . Инаку и во самиот дневник на Дали ,на македонски стои Субреалист. Сеа коа го спомна тоа ти,ми има логика ама зошто тогаш јас би била толку убедена дека Субреализам било точно?
Толу знаел преведувачот и лекторот,има добри таленти во фиром-ов за вакви ствари.
 
Змејко напиша:
Толу знаел преведувачот и лекторот,има добри таленти во фиром-ов за вакви ствари.

Да да да да...само што си најдов на нет еден експерт за тие ствари и ме потсети дека едно милион пати ми го има напоменато баш тоа ама дека мене не ми влага у глава дека е грешно...фала што ме поправи и ако можам да делам-ОГРОМНО зелено за тебе
 
Оценувањето на уметничките дела е релативно во зависност од критичарот и времето во кое живее истиот. Нивната вредност не се квантифицира и материјализира. Затоа е тешко да се споредат две дела поготово ако се од различна област, како што спомена Змејко.
 
Мене ми е чудно малце.......:icon_eek:

Од памтивек......За уметност се смета кога човек ке го каже, ке го манифестира она што му лежи на душичката.......
Е мене чудното ми е.....
ТОЛКУ ЛИ Е НЕВООБИЧАЕНО ЧОВЕК ДА КАЖЕ ШО МИСЛИ, ПА ТОА ОДОДМА ДА СЕ СМЕТА ЗА УМЕТНОСТ?????:icon_eek:

Иначе секоја чест за тие горе наведените......уметници.....:)
 
За мене, секој финален продукт на човековата дејност си има своја вредност. Само некои продкти се уникатни. Во тоа е суштината на уметноста. Изработката на високо прецизни технички продукти е далеку посовршена од една скулптура на пример. Но такви ако сакам можам да направам во неброена количина, продуктот на уметникот е уникат. Само еднаш се црта таква слика, само еднаш се компонира такво дело, само еднаш рацете обликуваат таков предмет! Уникатноста е второто име на уметноста и изворот на нејзината цена. Јас се занимавам со апликативна наука. Можеби моите дела сега за сега се уникатни бидејќи никој неможе да го направи истото. Но тоа е сега за сега. Набргу ќе има и друг и трет и така натаму кој ќе успее да го повтори моето дело. Уметноста нема граница и нема цена токму заради бесконечната неповторливост на нејзините продукти.
 
За мене, границата во уметноста е онаа која ја создава самиот сликар. Јас сум љубител на кинески слики во техника акварел, и можам да кажам дека сликите се невообичаено исполнети со емоции и чувства. Неможе точно да се каже дали има некоја остра граница во уметноста и во стиловите. Нема ниту закон, ниту правило како треба да изгледа една слика, или уметничко дело (скулптура, предмет и сл.) Границата е во самиот сликар.

P0401359.jpg
 
MSV напиша:
Мене ми е чудно малце.......:icon_eek:

Од памтивек......За уметност се смета кога човек ке го каже, ке го манифестира она што му лежи на душичката.......
Е мене чудното ми е.....
ТОЛКУ ЛИ Е НЕВООБИЧАЕНО ЧОВЕК ДА КАЖЕ ШО МИСЛИ, ПА ТОА ОДОДМА ДА СЕ СМЕТА ЗА УМЕТНОСТ?????:icon_eek:

Иначе секоја чест за тие горе наведените......уметници.....:)
Само еден е оригиналот, останатите се фејк
 
Сите одговори што ги дадовте се типични за периодот на дадизмот "рушење на сите стеги и граници на уметноста,и проширување на поимот уметност до оној степент до кој што уметникот смета дека треба да ја прошири".Интресно е што овој период од уметноста е највеќе критикуван и своевремено бил еден вид на револуција во уметноста.Представниците на уметноста пред овој период (инаку дадаизмот настанува после првата светска војна пред се како протест против војната) сметаа дека делата на дадаистите(во уметноста,литературата,театарот) можат да бидат се освен уметност и дека овој вид на уметност ги деградира класичните уметници највеќе сликарите.Овој период инаку извршил големо влијание и врз Надреализмот(Салвадор Дали,Андре Бретон(основачот) и тн) и се покажало дека наместо врз толкав притисок да пропадне ова движење тоа се зајакнало и дури влијаело врз други силни движења во уметноста.
Највеќе критиките биле наменети за (за тоа време) прелибералноста на уметниците,безсрамоста,а понекогаш и за начинот на кој била прикажана реалноста( за нив бил грозен,понекогаш мрачен,несфатлив).Всушност , гледано од друга перспектива дадаизмот не ни бил уметност туку анти-уметност затоа што за се она што се залагала уметноста дадаистите го правеле спротивното.Но сепак успеале до толку да се изборат да се едни од највлијателните уметници во Модерната уметност.
Интересно е што и ден денес многу уметници го критикуваат дадаизмот и го нарекуваат СРАМ за уметноста. Според нив уметноста е пред се естетска убавина,убавина во која што е вложен труд и талент -значи НЕМОЖЕ секој да биде уметник.Е според другите(дадистите) СЕКОЈ може да биде уметник. Дали секој може да биде уметник навистина ?
 
Dani^^^ напиша:
Дали секој може да биде уметник навистина ?
Може!!!

И твојот пост беше на некој начин УМЕТНИЧКИ напишан.....
И стилот на типкање на копчињата со кој шо го напиша постот е УМЕТНОСТ.....
И болдирањето на прашањево е УМЕТНОСТ.....
Уметност е исто така...Глупоста на тие шо имаат муда да критикуваат како нешто може да биде уметност или не......:)
 
Искрено ова е и мојот став..верувам дека уметност е се она што уметникот смета дека е одраз на неговит идеи,желби,потреби и тн.. за мене уметноста неможе да има граници бидејќи ако ја ставиш уметноста во рамка таа ќе престане да постои како таква
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom