M
marsovka
Гостин
Скапо се полни буџетската дупка
Со аукција на државни записи со висока камата, Владата го одбра најскапиот начин да ја закрпи дупката во касата бидејќи допрва ќе паѓаат индустријата и извозот, а невработеноста ќе расте
Алармантно паѓаат буџетските приходи и расте дефицитот во државната каса штом Владата скапо се задолжува дома. Вака коментираат експертите за последната аукција на државни хартии од вредност што Владата ја издаде пред три дена. Владата го одбра најскапиот начин да ја закрпи дупката во државната каса зашто најлошото допрва доаѓа, бидејќи индустријата и извозот паѓаат, а невработеноста расте.
Во Министерството за финансии не соопштуваат прецизно за колку се намалени даночните приливи во февруари и во првата половина на март. Министерот за финансии, Трајко Славески, тврдеше дека даночните приливи во јануари и во февруари потфрлиле за околу три отсто. Државата лани во јануари прибра 602 милиони евра од даноци, а во првиот месец од годинава 163 милиони евра. Според тоа, намалувањето на даночните приливи, што го спомнува Славески, е пресметано споредбено со реализацијата во истиот период лани. Во него не се земени предвид проекциите за пораст за 2009 година. Реалното, сегашното намалување е многу поголемо, оценуваат експертите. Тие сметаат дека даноците во првите месеци паднаа за околу 15 отсто пресметано според буџетските проекции за првиот квартал во 2009 година. Во Финансии не кажуваат колкав дефицит планирале во државната каса за првите три месеци годинава.
- Даночните приходи во просек се највисоки во првиот и во четвртиот квартал во годината. Во првите три месеци даночните приходи растат поради уплатите на данокот на добивката. Очигледно Владата сега е принудена да издаваа скапи државните хартии од вредност за на тој начин да надополни за големите расходи и намалениот даночен прилив - вели Никола Поповски, поранешен министер за финансии.
Според него, Владата го користи најскапиот извор за задолжување, краткорочното задолжување по високи каматни стапки на домашниот пазар. Министерството за финансии во вториот квартал од годинава ќе треба да плати 4,3 милиони евра за камата за последните две емисии на краткорочни хартии од вредност. Тие беа со камата од 8,9 отсто за заем во висина од 32,5 милиона евра и 9,23 отсто камата за позајмување од 15 милиони евра. Економистите велат дека кога Владата не би се плашела од острите ножици на Меѓународниот монетарен фонд тогаш државата би си поминала многу поевтино ако се задолжи кај него. Познавачите на политиката на ММФ велат дека кога сега Владата би се премислила и би побарала заем, фондовците нема веднаш да седнат на преговарачка маса. Тие прво ќе бараат од Владата да го симне буџетскиот дефицит на најмалку 1,5 отсто од бруто-домашниот производ. Годинашниов дефицит во државната сметка е проектиран на 2,8 отсто. Главната причина за тоа зошто Владата не сака да се задолжи кај ММФ е слободата да ги троши буџетските пари без супервизор. Според статистиката на Министерството за финансии, државните расходи во јануари годинава скокнале на 22,1 отсто во однос на истиот период лани.
Економските аналитичари предупредуваат дека полошото допрва доаѓа. Тие очекуваат дека даноците се' помалку ќе ја полнат државната каса затоа што поради кризата фирмите осиромашуваат, невработеноста расте, извозот паѓа. Според Финансии, во јануари невработеноста се зголеми за нови 5.006 лица, индустриското производство се намали за 16,7 отсто на годишно ниво, а извозот падна за 37,5 отсто. Банкарите, пак, предупредуваат дека повисоките камати на државните обврзници ќе ги поскапат кредитите за граѓаните и за стопанството. Ако фирмите не можат да добијат пари од банките ниту за тековни трошоци, тогаш стопанството годинава целосно ќе замре.
НБМ: Каматната стапка непроменета
Народната банка на Македонија вчера соопшти дека поради техничка грешка на интернет-страницата во среда е објавена каматна стапка од 7,33 наместо 7 отсто.Каматната стапка останува 7 отсто по одржаната аукција на благајнички записи во среда, соопшти НБМ, додавајќи дека стапката е фиксна и непроменета од 14 мај 2008 година.
Билјана Крстевска
Link:
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=7F5F3C2EAC6F4945995F10D6A3247408
Se izvinuvam za latinicata,
Vladata uporno trosi koluda ali aj sto trosi ama zosto go puni bucetot so skap kapital i kolku nas ke en cini potoa.....?