Месиќ: Хрватска може да почека за прием во ЕУ
Хрватска сака да ги заврши преговорите и да биде примена во ЕУ, но ако Европа не може да ја натера Словенија да се држи до своите принципи, ние можеме да почекаме, е одговорот на хрватскиот претседател Стипе Месиќ на прашањето дали граничниот спор меѓу Загреб и Љубљана може да се реши до крајот на годината.
- Не се надевав на ова од Словенија, бидејќи Словенците кога се осамостојувавме ни рекоа дека границата ќе ја решиме според принципите на меѓународното право. Ние сакаме да преговараме со Европа и да го решиме билатералниот граничен спор со Словенија. Но за спорот не може да се расправа така што парламентот во Љубљана ќе одлучи дека границата на Словенија во Пиранскиот Залив е на нашиот брег. Тоа би значело дека кога Хрватите ќе одат да пливаат во Пиранскиот Залив, ќе мора со себе да носат пасош, а така малку потешко се плива - рекол хрватскиот претседател Месиќ.
__________________________________________________________________
Со ваков став се добива спор.