Македон91
Благородник
- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 2.134
- Поени од реакции
- 121
Нудистички плажи, јавни куќи, Охрид за главен град на Македонија се само едни од многуте работи кои деновиве им се нудат на охриѓани од кандидатите за градоначалници. Градоначалничката фотелја во Охрид е повеке од атрактивна поради фактот дека Охрид е главен туристички центар во Македонија.
Дури шестмина кандидати влегуваат во трката по гласови. Актуелниот градоначалник Александар Петревски и кандидат за уште еден мандат на големо ја поддржува идејата за нудистички плажи и јавни куќи низ Охрид.
„Јас на тоа прашање кажав дека секој еден туристички град секој еден град кој тежнее да има елитен туризам, да има туризам како што има Дубровник и другите градови и нормално е такви работи да дојдат во Охрид. Такви работи какви што се нудистички плажи и јавни куќи."
Главен град
Покрај голите плажи и анимир дамите, кандидатот за градоначалник од НСДП Ацо Попоски, вели дека Охрид треба да биде главен град на Македонија „За мене Охрид е главен град во вистинска смисла на зборот. Таа порака сакам да им ја всадам на охриѓани во нивните души, срца, да можеме Охрид да го издигниме во вистинска смисла со параметри на еден модерен и трансформиран град.“
Актерот Жанко "з'ш" Голабоски има серија препораки за идниот градски татко. „Нека се направи за странските туристи на пример како се ловело на времето пастрмка. Нема тој да уловит еден тон ке улови една пастрмка.
Имаме Билјанини извори а немаме Билјана. Не мора постојано, може во одреден период од денот едно играорно друштво од десет девојки во народна носија на странците да им се покажит како платно се бели.“
За Сузана Вренцоска, новинар во локалниот весник Амак и Соња Рилкоска, новинар во Независна телевизија, она што како приказна за Охрид го продаваме во светот ни приближно не е со она што туристите можат да го видат овде . „Со еден збор може да се каже дека ние лутаме во туризмот немаме правец каде се движи нашиот туризам во Охрид.“
„Јас сметам дека на Охрид му фали анимација, премногу е мртво во зимскиот период.“ За граѓаните со кои разговаравме болна точка за Охрид е инфраструктурата. Ако сликата во центарот е една периферијата на градот е тотално запоставена, велат охриѓани. „Се копа преку асфалтот па не се завршуваат работите и се оставаат така дупки“.
„Нас ни фали во Охрид да дојдат Германци да се направат плажите и да се направи вистинско туристичко место“. „Во Грашница и во Воска не е направено, од турско е така оставено.Реката смрди, а туристички град сме.“
Коефициенти
Низ обложувалниците во градот деновиве се фрла и по некоја пара. Се типува на кандидатите. Излегува дека надежите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Кирил Трендафилов-Нанче и Петрески се пата-пата. Коефициентот за нив е ист, односно 1,8. За другите кандидати коефициентот се движи од 10 па до 50. Од почетокот на кампањата повеке од 3000 охригани се обложиле за својот фаворит.
Извор: BBCMacedonian.com
-------------------------------------------------------------------------------------------
Што мислите, кои се најважните работи кои му фалат на Охрид? Кои работи се недовршени, кои воопшто не се почнати, што ви недостасува во Охрид?
Според мене, најважниот приоритет за еден модерен туристички град е инфраструктурната мрежа и поврзаноста на градот со останатиот дел од Македонија. Постојната инфраструктура (посебно патниот правец Охрид-Св. Наум) е на катастрофално ниво.
Град кој сака да се развива и да придобива туристи од целиот свет треба првин тоа да им го овозможи преку градење на современ (авто)пат (проектот стар веќе 30 години), преку поправка на стариот пат од св. Стефан до св. Наум кој има безброј дупки, особено потегот кај нас. Лагадин кој летно време претставува црна точка и место каде што се случуваат многубројни несреќи.
Уредувањето на плажите ни е на незавидно ниво. Оние плажи кои се дадени под концесии се колку-толку уредени, меѓутоа останатите се претворени во депонии за отпад и паркиралишта. Нема доволно канти за отпадоци, тоалети, простор за рекреација и спортски активности и сл.
Oва се само мал дел од работите кои му фалат на Охрид за поагресивна туристичка промоција, за можност да привлече повеќе туристи.
Ветувањата на кандидатите за градоначалник се амбициозни и оптимистички, меѓутоа прашање е колку тие се остварливи на дело. Дали духовниот центар на Македонија и срцето на словенската писменост на Балканот ќе добие нешто од предизборните ветувања?