Најдобрата Македонска книга, прекрасен начин на пишување темата уште по прекрасна, на лесен едноставен и интересен начин објаснети настаните, трогателна е но ја прикажува реалноста
Не ја прочитав, ја читав рецензијата и критиката. Ја слушав како ми ја раскажуваат. Читнав некои си 20 страни. И не можам да мудрувам. Али ипак ми останаа некои слики у глаа. И си се избедирав зашо ми е тужно.
Штотуку завршив со читањето, за во петок ни е за обработка. Искрено, не знам што да кажам за книгата. Имаше делови кога не можев да престанам да ја читам, ама исто така и делови каде што буквално заспивав над страниците. Стилот на Петре М. Андреевски не е баш најпрецизен, и знае да забега од една тема на друга без предходно предупредување, што мене лично ми смета кај писателите воопшто. Сакам прецизност, тоа е се. Инаку, книгата во никој случај не ме остави рамнодушен. Трогателната приказна на Велика и умирањето на нејзините пет деца, едно по друго - можев само да ја замислам нејзината болка и опустошеноста на нејзината душа. Имаше моменти кога не знаев дали да плачам или да се смеам: да се бркаат пилци по шумата за да им се плука во клунот, со цел да ја однесат болеста подалеку од селото, додека луѓето зад нив лежат и буквално умираат? Или да се палат кучиња премачкани со катран за да се усмрди селото и болеста да си отиде? Само покажува колку бил прост македонскиот народ и какви се работи не правел! Во секој случај, едно од најдобрите македонски дела, не можам да кажам не. Поздрави
Пиреј ми е една од поомилените книги. Ја читав пред една година, ми беше многу интересна и си ја прочитав за 2 дена На некои делови си поплакував...али како и да е, книгата е македонско ремек дело:smir:
Ремек дело во македонската литература па има веке 13-14 години поминато како ја имам читано и секојпат кога ке се присетам на дејствието ми навираат солзи...
Здраво ми треба мала помош околу романот Пиреј.
Проф. ми даде задача да ги напишеме обичаите и верувањата во романот и кој ги кажува.
Ќе ве замолам за помош.
Благодарам однапред.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.