M
marsovka
Гостин
Кризата не' гази на секој чекор
Експертите советуваат Владата да формира кризен штаб што секојдневно би собирал податоци, би ги анализирал истите и би нудел можни конкретни решенија и чекори
Се' уште не се гледа излезот од светската економската рецесија
Не постои институција во Македонија што може да излезе со конкретни збирни податоци колку се тешки последиците од глобалната економска криза врз домашната економија.Никој точно не објавува колку е зголемен бројот на невработени, колку се на принуден одмор, а колку се прогласени за технолошки вишок. Експертите советуваат Владата да формира кризен штаб што секојдневно би собирал податоци, би ги анализирал истите и би нудел можни конкретни решенија и чекори.
- Секој втор ден читаме вести за нови 200-300 отпуштања, а Заводот за статистика излегува со податоци дека во јануари има 19.000 вработени повеќе. Индустриското производство паѓа три месеци по ред, паѓа обемот на трговија, се намалуваат девизните резерви, нема странски инвестиции. Ова е сериозна состојба и властите треба сериозно да и' пристапат - вели еден економски аналитичар.Според евиденцијата на Сојузот на синдикатите на Македонија, во последните шест месеци бројот на невработени е зголемен за дури 20.000, а стапката на невработеност скокна од 33 на 40 отсто. Се очекува Заводот за статистика да објави нови податоци за невработеноста по истекот на првиот квартал од годината, односно во април.
ОТКАЗИ
Синдикатот пресметал дека најмногу отпуштања, испратници за принуден одмор и технолошки вишок има во металургијата и во текстилната индустрија. Последниот ваков пример е битолската конфекција „Мокел“, каде што завчера беа испратени дома 350 работници, од кои 160 добија отказ, а другите се пратени на принуден одмор.
Претходно, вработените во скопски „Житолукс“ најавија дека ќе протестираат поради најавените отпуштања на 100 работници. Уште 300 велешки работници се отпуштени од работа поради намалувањето на производството. Од нив, 150 се од модната конфекција „Стоби“, а по 65 од „Скопски легури“ и од „Киро Ќучук“. Повеќе од 600 работници се отпуштени од работа од комбинатот „Силмак“ во Јегуновце. Раководството на фабриката за производство на кумплунзи „Руен ИТ“ од Кочани најави дека 113 вработени ќе прогласи за технолошки вишок како последица од кризата во автомобилската индустрија и намалениот обем на работа. Скоро сите поголеми текстилни и металски комбинати уште кон крајот на 2008 година најавија дека ќе го намалат производството за барем 30 отсто.Покрај големите отпуштања, Македонија се соочува и со намалување на економската активност, помало индустриското производство, намалување на обемот на трговија и на стоковната размена со странство.
ПРОИЗВОДСТВОТО ЗАМИРА
Така, според Заводот за статистика, во јануари обемот на стоковна размена со странство е за една третина помал од размената во јануари 2008 година. Покриеноста на увозот со извоз е само 43 отсто, споредено со 60-процентна покриеност пред една година. Трговскиот дефицит во јануари изнесува околу 200 милиони долари, а минатата година ја завршивме со рекорден дефицит од 2,8 милијарди долари. Уште поголем проблем е тоа што извозот се намалува двојно побрзо од увозот. Така, вкупниот извоз во јануари изнесува 150 милиони долари, што е за 45 отсто помалку од истиот месец лани. Увозот, пак, во јануари изнесува 347 милиони долари, што е за 23 отсто помалку од лани.
Податоците на Заводот за статистика покажуваат континуиран пад на индустриското производство од ноември до јануари. Во ноември и декември падот на индустриското производство официјално изнесуваше по 10 отсто на годишно ниво, додека во јануари индустриското производство се намали за 16,7 отсто.
Во секторот преработувачка индустрија, каде што се вработени над 130.000 лица, постои вкупен пад на производството од скоро 20 отсто на годишно ниво. Најголем пад од 97,6 отсто на годишно ниво има кај рециклажата, од 82 отсто кај преработката на дрво, а производството на основните метали е намалено за 76,6 отсто споредено со јануари 2008 година. Текстилните ткаенини се произведуваат за 33 отсто помалку отколку во истиот период лани, а тутунските производи ги има за 37,5 отсто помалку во споредба со јануари 2008 година.Кризата предизвика и голем шок на девизниот пазар. Така, за заштита на фиксниот курс на денарот само во јануари годинава НБМ потроши 53 милиони евра од резервите за продажба на девизи.
Вкупните девизни резерви во еден момент од 2008 година достигнаа и 1,7 милијарди евра, меѓутоа годината ја завршивме со вкупно 1,4 милијарда, а сега се пониски за нови 53 милиони. Се очекува централната банка и понатаму со сите сили да ја спречува девалвацијата на денарот, што значи ако кризата потрае девизните резерви ќе се стопат. Истовремено, се намалуваат и дознаките од странство, кои се користеа за покривање на дефицитот на тековната сметка. Македонија последниов месец се соочува и со намалување на општото ниво на цените од минимални 0,6 отсто на месечно ниво.
Горан Ризаов
ЛИНК:
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=18658495DD47BF4D90A8C0147AA2503E
Ало влада реагирајте !!!!!