Пу,Пу не важи...
И после пола година од првата "радосна вест" (5.060 ден :je: ), дудлачот неуспеа да се "договори" со работодавачите.
----------
Вест бр.1
25 април 2006
СИНДИКАЛЦИТЕ И РАБОТОДАВЦИТЕ ВЕТУВААТ
Минималната плата во стопанството, критериумите по кои работниците ќе се прогласуваат за технолошки вишок и надоместокот за принуден одмор се спорните детали, што Синдикатот и Организацијата на работодавачите треба да ги усогласат најдоцна за еден месец, по што се очекува да се потпише општиот колективен договор во стопанството.
Работодавачите прифатиле минималната плата да биде 5.060 денари, но тоа да не важи за текстилните фирми :lud:, бидејќи во оваа дејност се соочувале со нелојалната конкуренција од Кина и Индонезија.
"Многу блиску сме до усогласување на текстот за општиот колективен договор"
, рече Димитар Стојановски, претседател на Организацијата на работодавачите на Македонија на вчерашната средба во Стопанската Комора. Тој вели дека неприфатливо е надоместокот за принуден одмор да изнесува 70 проценти од платата и предлагаат тој износ да биде 50 проценти. Организацијата на работодавачите предложи новогодишниот надоместок да се уреди со посебните колективни договори.
Комората, Синдикатот и Организацијата на работодавачите ќе побараат Владата да почне активности за промена на системот за пресметка на даноците, придонесите и надоместоците, според кој платите треба да се одредуваат во бруто-износ.
Вест бр.2
15 Јуни 2006
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]ССМ и Организацијата на работодавачи најавија соработка
Потпишан Општиот колективен договор за стопанството
Сојузот на синдикатите на Македонија и Организацијата на работодавачи вчера го потпишаа Отштиот колективен договор за стопанството.
Договорот предвидува најниската плата да се утврдува со колективните договори на дејностите, а работодавачите и Синдикатот се откажаа од категоријата минимална плата за целото стопанство за која преговараа во изминатиот период:bip: .
Co колективните договори на ниво на гранка ќе се утврдува и нивото на регресот за годишен одмор, како и новогодишниот надоместок и критериумите за прогласување на работниците за технолошки вишок.
Според Општиот колективен договор за стопанството, платата на работникот се состои од основна плата, дел од платата за работна успешност и додатоци. Дадена е можност и за утврдување на дел од платата по основ на деловна успешност наработодавачот.
Општиот колективен договор воедно предвидува надоместок на плата од 60 проценти од основната плата на работникот за време на штрајк, но до пет работни дена, како и надоместок за исхрана во износ од најмалку 20 проценти од просечната плата во државата.
Co потпишувањето на овој Општ колективен договор најави Муратовски, се отвора процесот на усогласување на колективните договори по дејности. "Некои од нив се потпишани, некои се во фаза на донесување. Согласноопштите принципи, очекуваме во нив да се утврдат правата на работниците на повисоко ниво", посочи Муратовски нагласувајќи дека посебно тешка борба ќе се води со усогласувањето и донесувањето на колективните договори таму каде што ги нема на ниво на работодавачи. Во име на Организацијата на работодавачите Стојановски оцени дека
работодавачите свесно :lud: влегуваат во давање поголеми права на работниците од можностите посебно во некои гранки или дејности.
[/FONT]