Минимална плата во сите гранки - 5.060 ДЕНАРИ

  • Креатор на темата Креатор на темата Gorco
  • Време на започнување Време на започнување

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Минималната плата во сите дејности да изнесува 5.060 денари и да нема исплаќање под овој износ, е начелниот договор што го постигнаа на вчерашните преговори Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ :dudlac: ) и Организацијата на работодавачи (ОР), кои го усогласуваат текстот на општиот колективен договор за стопанството со новиот Закон за работни односи. Ако износот од 5.060 денари влезе во општиот колективен договор за стопанството, тоа значи дека по петти февруари, до кога треба да биде потпишан договорот, во државава нема да има работник со плата под овој износ. Најниска плата во износ од 5.060 денари веќе се исплаќа во нестопанскиите дејности, додека во стопанството се случуваше да се исплаќаат плати и во износ од 3.000 и 4.000 денари :lud: . Според договорот меѓу ССМ и ОР, најниската плата во стопанството ќе се утврди со колективни договори на ниво на гранки, но нејзиниот износ секогаш ќе биде повисок од минималната плата.
Синдикатот и работодавачите се уште не постигнале договор за критериумите за прогласување технолошки вишок и штрајкот, за надоместоците за храна и пат, и да се воведе исплата на 13-та или новогодишна плата.
 
И, што точно те чуди во оваа вест? Бројките се тие.
 
Да ти се намочам во "платата". Голем "успех" за ССМ, ебате синдикалниот фејкеризам ебате!
 
Мистичен напиша:
Да ти се намочам во "платата". Голем "успех" за ССМ, ебате синдикалниот фејкеризам ебате!
У таква состојба сме Мистик.
Според мене, ова е океј работа.
На пример, нема веќе некој да зема под минималната плата, што значи дека колку толку почнува да се брани работникот.
Со тек на време и со повеќе свест, уште повеќе ќе се има, ваљда.
 
Мене ми е поеќе како "кај и да се свртиш, г'зот ти е отпозади", а на Муратовски вратот дебел.
 
Мистичен напиша:
Мене ми е поеќе како "кај и да се свртиш, г'зот ти е отпозади", а на Муратовски вратот дебел.
Хехе, стопанството треба да прекине да се занимава со индивидуи.
Се додека 99,9 проценти од населението се со полн стомак, Муратовски може и узбуна низ Центар да прави, негова работа.
 
StormAngel напиша:
Хехе, стопанството треба да прекине да се занимава со индивидуи.
Се додека 99,9 проценти од населението се со полн стомак, Муратовски може и узбуна низ Центар да прави, негова работа.
Јесте, ама ако населението (тоа работноспособното) го избрало Муратовски како нивен синдикален лидер, а стомаците не им се баш полни, додека овој испушта издувни гасови од прејадување, епа...! :-)

Сакав да кажам уствари дека Муратовски не е ништо повеќе од еден дудлач.
 
Се додека народот го сфаќа синдикатот како„она шо дава К-15 и свински полутки„ке имаме дудлачи и лица како Муратовски да бидат претставници на синдикат.Синдикатот треба да се бори за правата на работниците и нивно унапредување,па така и за правото на плата.
Ебати борбата шо е ова....
 
На гладен пес и ковче да му пуштиш задоволно е.
 
MSV(support) напиша:
На гладен пес и ковче да му пуштиш задоволно е.

Многу гладен пес сака да има и нешо месо останато по коската.Само коска не му е доволна.
 
замисли плата 5060 ден месечно


месечни давачки на државата

струја----1500-2000 денари
Телефон--1000-1800 денари
вода--500----700 денари
парно-----незнам колку е кој знае нека пишува
еми нели сме луге да јадеме нешо бе шо ни останува за јадење
а камоли да си купиш некоја гардероба нешо
абе закон држава зимам месечно 5060 денари а трошам 15600 денари и 50 евра стаам на страна секој месец
 
PetarK напиша:
И, што точно те чуди во оваа вест? Бројките се тие.
Треба ли нешто да ме чуди за да постирам некоја вест?

Уствари, чудни ми се оние 60 денари. Најверојатно имало голема борба за да се добијат...
 
strumics напиша:
Многу гладен пес сака да има и нешо месо останато по коската.Само коска не му е доволна.
Онда нека престане со лаење, и да излезе да касне некого.
 
глупости на кубен...додека не сватат овие горе дека нема да направат развиена економија во државава се додека платите на работниците не се зголемат ништо не прават..само фотељите им се многу важен фактор се друго нее...па вака ако минимална плата биде пр. 10000 ден. а и тоа е малку ама ајде ке пројде некако...на лугето ке им останат пари за да купат нешто така да парата ке се врти и ке профитираат и фирмите, а не само за месечни сметки да не им остане ништо на лугето, а фирмите да кукаат нема работа...е ке нема како сакаат да има кога тие самите ги плакаат работниците минимално...но секој како единка неможе ништо да направи, а и фирмите не се криви за тоа се додека можат ке користат што ке плака работник повеке ке го плака на минимална плата одредена од државава...треба да се превземат сериозни мерки ако сакаме да достигнеме некој стандард на живеење не само празна слама да се млати пред избори... катастрофално е што само за свој џеб се гледа...народот ке му дадеме онака колку да преживеее и многу ке му дојде...ете така гледаат овие копуциве...:star: уффф несакам да пишувам на вакви теми се нервирам, а што убаво ми почна денот...
 
MSV(support) напиша:
Онда нека престане со лаење, и да излезе да касне некого.

E do tolku ne se gladni, a baska ne se kucinja tuku XXL-ovci :):):)!!!
Tie sto se maskirale vo kucinja i setaat po raskrsnici razbrale deka treba samo da se lae..koga bila lekcijata za kasanje bile izbegani od cas :):)!!
Da pravat muzika :):)!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom