Рубикова коцка

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Архитектот и вајар 64-годишниот Ерне Рубик, кој е иноватор на познатата Рубикова коцка, наскоро ќе ја претстави својата нова играчка „Рубик 360“.

Унгарскиот пронаоѓач се надева дека новата играчка ќе го повтори успехот на коцката која пред речиси три децении ги преплави пазарите и се уште е една од најпродаваните играчки на светот.

„Рубик 360“, која ја чинат шест шарени топки „заробени“ во три проѕирни пластични сфери, ќе биде премиерно претставена на саемот за индустрија на играчки, кои ќе се одржи на 5 февруари во Германија, пишува лондонски „Телеграф“.

Како и Рубикова коцка, и нова мозгалка претставува играчка со фрустрирачки предизвик - задача која едноставно се сфаќа, но многу тешко може да се реши. Играчот мора да постави шарени топки во деловите кои си одговараат провлекувајќи ги од внатрешноста во надворешната сфера низ меѓусферата која има само два отвора.

Рубиковата коцка, составена од 26 помали пластични коцки кои се вртат околу средината на јадрото, постигна многу брз успех кога се појави во 1980 година. Од тогаш се продадени повеќе од 350 милиони примероци низ целиот свет.

Познатата коцка за која нејзиниот изумител вели дека ја замислил пред се како уметничко дело, а не како играчка, доби место и во постојаната поставка на Музејот на модерна уметност во Њујорк.

Од 1980 година, Рубик, кој живее повлечено и никогаш не дава интервјуа, лансира неколку играчки и игри, но никогаш не го повтори успехот на „коцката“.
rubiks360.jpg
 
Колку пати сум пробувал ама неуспешно. :( На тренинг безбол имаме еден кинез, јапонец шо го знам шо е му дадоа рубикова коцка за помалце од 5 минути ја реши. Ко да глеаш убрзана снимка.
 
Лично познавам човек кој ја решаваше Рубиковата коцка за околу 5 мин.Слушнав дека имало на интернет некој клип кој го кажувал начинот нарешабање.Ако знае некој нека даде линк.
 
Имам дома. Не како оние пластичните, донесена ми е од Австралија. Инаку сум пробувал со денови на неа, ама џабе. Ќе седнев и за 2-3 минути ќе ја акнев од ѕид. :))
 
Ааа немам јас живци за ова бе! Кога бев мала имав една и никако неможев да ја составам, а цело лето пробував и на крај ја џитнав од втори:pipi:
 
иначе јас барам коцка ама со лагери за боље лизгање (со една рака моеш да ја местиш дури) ...да постојат и такви :)

Дури 5 мин ми требаат да ја наместам со една рака ... али со вежбање и тоа се совладува .... али факов фрик за 20 секунди .... алал нека му е
 
има потези ... како и да е измешана коцката ... се мести ..
2пати лево, 2пати десно, еднаш горните надоле, итн итн ... во едно 20тина+ потези се мести ..
 
имам рубикова и рекорд ми е два дела... поише не знам а и ме фаќа нервоза
 
Каде може да се купи во скопје?


и квалитетна да биде, по можност оригинал.

купувам и на старо :) цена по ваш избор

Да ја порачам од интернет колку се плаќа царина?
 
Јас успеав да ги сложам правилно коцкичките во боја на рубиковата коцка и тоа двапати :helou:
 
И јас барам оригинал да купам али нигде нема... Ако има некој нека кажува од кај му е :)
Иначе личен рекорд: 39.9 секунди ( сите 6 страни, не 1 :) )
 
За сите што барате оригинална рубикова коцка, имате на иБеј(околу 10 евреи е)...имаше еден дечко шо порачуваше работи од иБеј и стигаа на ваша адреса, мислам дека Joey му беше профилот :smir:

П.С.-Порачав јас од Будимпешта еден другар треба да ми ја донесе за 10тина дена па ќе се нафатам да ја наместам :je:
 
само една боја мозам да склопам:)
 
Ja praam za < od 3 minuti. Ali speedcubing sum probal i nikako ne mi ide....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom