Мартеница/мартинка

  • Креатор на темата Креатор на темата paradigm
  • Време на започнување Време на започнување
Секој 1. март во чест на Баба Марта и доаѓањето на пролетта, се плетат мартинки. Мартинката е врвца со црвена и бела боја исплетена од волна или конец и врзани во јазол. Белата боја ја симболизира чесноста и искреноста, а црвената боја светлоста и љубовта. Мартинките се врзуваат на процветано дрво, на вратата, прозорците, се носат како белегзии, како призезок...
Овој обичај доаѓа со прославувањето на празникот Ксантика со кој Македонците верувале дека се случува - миење на душата, простување на гревовите, доминација на разбудената пролетна светлина над зимската темнина која ја притиска нивната душа.

Според преданието, Ксантија била Божица на цвеќињата кои цветат во градините, полињата и во горите. Во неа бил заљубен Богот Македон. Но, откако злите сили ја претвориле Ксантија во цвет, Богот Македон секоја пролет ја барал својата љубов на сите ливади и полиња, крај сите бистри потоци и реки, во сите цветни градини во својата омилена земја - Македонија. Во чест на оваа необична и несреќна љубов на Богот Македон и Божицата Ксанија, Македонците првиот пролетен месец го нарекле Ксант, а пролетниот празник Ксантика.
Ксантика е едно од најсветлите обичаи во старо-македонските народни обичаи, која со своите волшебни моќи ги обединува душите на Македонците во заедничкото тежнеење за опстанок и подобар живот. Македонците ја слават како празник на пролетта, љубовта, цвеќињата и убавината. Но, за жал, во денешно време ништо не се зборува за овој духовен празник кој во старо време бил синоним за македонскиот идентитет. Македонските војници, Ксантика ја славеле облечени во свечена македонска облека, пееле и играле македонски песни и ора, со што ја истакнувале својата посебност, во однос на војниците, припадници на други народи.
 
Христијанството како единствен симбол на заштита ги смета крстот и молитвата, додека црвената нишка се смета за паганизам и симбол способен да ја разниша вашата вера
 
Бидејчи ете кај е утре...

„...ако некој на својата рака или на својата облека закачи мартинка или бројаница со некаква вера дека тоа, самото по себе, ќе му донесе здравје и среќа, треба да знае дека од тој момент (свесно или несвесно) се откажал од Бог, односно од Православната Вера и Црква, и не може да учествува во нејзините Свети Тајни. “

Да не биде не сум ве потсетил што вели МПЦ-ОА и дека сите ќе бидете сатанисти!
А вие, како сакате... :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom