Бесплатно здравство?

  • Креатор на темата Креатор на темата concrete
  • Време на започнување Време на започнување
Вообичаено кога отвараш тема со некој повод, го даваш поводот. Ај јас овој пат ќе го направам тоа за тебе.

Неосигурените ќе имаат право на лекување на товар на државата. Основниот пакет ќе може да го користат невработените кои немаат имот и не се евидентирани во Агенцијата за вработување.

Исто и лицата над 64 години кои не примаат пензија, како како и оние кои боледуваа од специфични заразни заболувања.

Десетици илјади граѓани кои по ниту еден основ не можеа да се лекуваат со сини картони, отсега за нив ќе се плаќа од државниот буџет.

„Со оваа мерка ќе се подобри универзалната достапност при користење на здравствената заштита, со вклучување на лицата без постојано место на живеење, стари лица, бездомници и други ранливи групи“, рече Никола Груевски, претседател на Влада.

Со овие измени на Законот за здравствена заштита, овие лица ќе имаат право на матичен лекар и рецепт, како и на лекување во странство.

„Ги добиваат услугите и на тие коишто се вработени и плаќаат здравствено осигурување“, вели Груевски.

Досега овие ранливи групи лекувањето си го плаќаа приватно. Немаат право на сини картони. Единствено бесплатна им беше итната медицинска помош.

Извор

Инаку отсекогаш гледав со симпатии према "бесплатно здравство лесно достапно за секого" па затоа и ова е еден од ретките закони на оваа власт кој го поддржувам целосно.
Ова секако за мене е подобра инвестиција од 20 милиони евра во археолошки ископувања, 8 милиони во шмизли и мачки и 5 илјади евра од бајрак. Нема компромис со здраво население.

Тотална подршка и од мене јас сум дури и за воведување за системот како во Франција со целосно олеснување на сите грагани од трошоците во здравството!
 
темава е стара колку месец дена ?

каде се бесплатните прегледи и пакет услуги?
 
Што е тоа основен пакет, знае ли некој...????
Како ќе се ЛЕГИТИМИРААТ тоа бесплатните осигуреници???
БЕСПЛАТНО ЗДРАВСТВО е многу скапа работа, недостапна и во МНОГУ БОГАТИ КАПИТАЛИСТИЧКИ земји, најмногу заради ОГРОМНО НАДУЕНИТЕ пазарни цени на услугите, кои го користат единствениот ВИСТИНСКИ МОНОПОЛ, за кој секој ќе го даде и последната пара...или ќе си умре, ако ги нема...
Бизнисот со дрога....може вода да му носи.. :)
А изјавата на министерот: еве сега сите ќе имаат достап до лечење, па ако треба и во странство......ја надминува вообичаената пракса на ГWУЈО ПРЕВАРА, во лажење на глупи овци... :)

Сепак мислам дека здравјето на народот не е заебанција, а овие се заебаваат.....
 
сеа пројдоа изборите каде се моите бесплатни прегледи ?
 
Па сега уште ке воведуваат е-картички,демек по Хрватски систем. Како прво сите лекари треба да имаат читаци за тие картички,потоа сите ПС да се поврзани мегу себе,ПЗУ,ФЗОМ и аптеките. Од пред 2 години коа сите ординации станаа приватни,сите лекари беа должни да набават компјутери. Владата направи голема проневера-перење пари преку тендерот за ЕКГ. Кинески кои на нет да побарате вредат најмногу 150 евра и лаптоп HAASE кој вреди 100 евра, а лекарите платија 1000 евра. Од рефундација нема ни Ф. Еее Македонче џабе се надеваш нема ништо бесплатно во нашата мила Македонија.........
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom