Бесплатно здравство?

  • Креатор на темата Креатор на темата concrete
  • Време на започнување Време на започнување

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Веб-сајт
www.luft46.com
Министерот за здравство раскажува за бесплатно здравство за сите??? Што е работава????, уште една Гwујо превара или укинување на и онака никаквото НАРОДНО здравство, бидејќи не е јасно КОЈ ЌЕ ГО ФИНАНСИРА ова " за сите здравство" ???
Од друга страна, тоа што го нема ..нема потреба ни да се финансира...илузиите се скоро бесплатни :)

Или можеби веќе ВЛЕГУВАМЕ ВО КОМУНИЗАМ...на мала врата???

Се надевам барем дека "капиталистичките" здравствени институции, ќе продолжат да функционираат за оној НАРОД кој има пари???

Кога секој граѓанин ќе има електронска здравствена картичка и кога на другата страна ќе постои систем кој може да го прифати и да му пружи НАВРЕМЕНА И СООДВЕТНА здравствена помош........тогаш можеме да зборуваме за потполна ,или скоро потполна опфатеност на народ со здравствен систем......вака??? само ПРЕДИЗБОРНА..ЛАЖГА..:)...бидејќи реалното остварување на ваквото " право" , ако е како проектот ЦЕЛА ПЛАТА има да биде комедија невидена.....
................дај Боже да грешам.......зошто болен ни е народот.....
 
Нешто начув за ова....
Бесплатно..но до кој степен?
Само преглед кај општ лекар или нешто повеќе и колку е тоа повеќе?

Само со овој закон ќе има една нус појава..... драстично ќе се намали бројот на евиндентираните невработени во она биро што го викаат по народски Биро за вработување, сега веќе огромниот број од невработените не ќе чувствуваат потреба да се пријавуваат таму и да висат по ходници бидејки единствена причина за пријавувањето беше правото на здраствено осигурување.
 
Вообичаено кога отвараш тема со некој повод, го даваш поводот. Ај јас овој пат ќе го направам тоа за тебе.
Неосигурените ќе имаат право на лекување на товар на државата. Основниот пакет ќе може да го користат невработените кои немаат имот и не се евидентирани во Агенцијата за вработување.

Исто и лицата над 64 години кои не примаат пензија, како како и оние кои боледуваа од специфични заразни заболувања.

Десетици илјади граѓани кои по ниту еден основ не можеа да се лекуваат со сини картони, отсега за нив ќе се плаќа од државниот буџет.

„Со оваа мерка ќе се подобри универзалната достапност при користење на здравствената заштита, со вклучување на лицата без постојано место на живеење, стари лица, бездомници и други ранливи групи“, рече Никола Груевски, претседател на Влада.

Со овие измени на Законот за здравствена заштита, овие лица ќе имаат право на матичен лекар и рецепт, како и на лекување во странство.

„Ги добиваат услугите и на тие коишто се вработени и плаќаат здравствено осигурување“, вели Груевски.

Досега овие ранливи групи лекувањето си го плаќаа приватно. Немаат право на сини картони. Единствено бесплатна им беше итната медицинска помош.
Извор

Инаку отсекогаш гледав со симпатии према "бесплатно здравство лесно достапно за секого" па затоа и ова е еден од ретките закони на оваа власт кој го поддржувам целосно.
Ова секако за мене е подобра инвестиција од 20 милиони евра во археолошки ископувања, 8 милиони во шмизли и мачки и 5 илјади евра од бајрак. Нема компромис со здраво население.
 
Министерот за здравство раскажува за бесплатно здравство за сите??? Што е работава????, уште една Гwујо превара или укинување на и онака никаквото НАРОДНО здравство, бидејќи не е јасно КОЈ ЌЕ ГО ФИНАНСИРА ова " за сите здравство" ???
Од друга страна, тоа што го нема ..нема потреба ни да се финансира...илузиите се скоро бесплатни :)

Или можеби веќе ВЛЕГУВАМЕ ВО КОМУНИЗАМ...на мала врата???

Се надевам барем дека "капиталистичките" здравствени институции, ќе продолжат да функционираат за оној НАРОД кој има пари???

Кога секој граѓанин ќе има електронска здравствена картичка и кога на другата страна ќе постои систем кој може да го прифати и да му пружи НАВРЕМЕНА И СООДВЕТНА здравствена помош........тогаш можеме да зборуваме за потполна ,или скоро потполна опфатеност на народ со здравствен систем......вака??? само ПРЕДИЗБОРНА..ЛАЖГА..:)...бидејќи реалното остварување на ваквото " право" , ако е како проектот ЦЕЛА ПЛАТА има да биде комедија невидена.....
................дај Боже да грешам.......зошто болен ни е народот.....

оти не речеш браво за потегот?
да се надеваме дека ќе се оствари?
кој не сака бесплатно здравство?
уште една Гwyјо превара!?!?! лол ... кои се другиве превари на твојава листа? ... или да те стаам на мојата листа на амеби ...

... зошто алудираш веднаш на перење пари? уште на самиот старт песимизам, поделба на мислења, раздор ... самите не си дозволуваме да ни се десат подобри работи ...

од мене подршка за потегот ... да се надеваме на бесплатно здравство ...

барем до денеска ветувањата си ги исполнија
за разлика од некои кои немаат ни што да ветат/излажат/изманипулираат
 
Нешто начув за ова....
Бесплатно..но до кој степен?
Само преглед кај општ лекар или нешто повеќе и колку е тоа повеќе?

Само со овој закон ќе има една нус појава..... драстично ќе се намали бројот на евиндентираните невработени во она биро што го викаат по народски Биро за вработување, сега веќе огромниот број од невработените не ќе чувствуваат потреба да се пријавуваат таму и да висат по ходници бидејки единствена причина за пријавувањето беше правото на здраствено осигурување.

Добар потег на владава доколку навистина се оствари,вака ќе нема потреба од агенции и бироа за вработување,па можеби ќе ја намалиме администрацијата која само непотребно заверуваше картони и даваше потврди за здравствено осигурување.:toe:
 
Само уште еден начин за....
перење пари, на велико и тоа овој пат.
 
Ја поздравувам одлуката на владата, меѓутоа една мала забелешка, зошто носат вакви одлуки во предизборието? Сега не е баш најдобар момент за носење вакви одлуки, со оглед на предизборната кампања која штотуку треба да започне и овие одлуки можат да се прокоментираат само како добивање политички (предизборни) поени кај народот.
 
Нажалост законов ќе помине слично на оној со стечајците,од кого се офајдија само 10% од оние на кој навистина требаше да им послужи таквиот закон,и на кој им беше ветено дека малку ќе им ги реши проблемите.:toe:
 
Таков закон е неможен !
Просто и директно разберете:
Македонија е немоќна како држава да понуди 100% бесплатно здравство за своите граѓани.
Се работи само за најпростиот модул според кои што партиски веледрогерии би ја добиле контролата над набавките од страна на Фондот за Здравство. :)

п.с. Искрено... смешно е колку се неписмени. :tapp: :nesvest::kesa:
 
Со овие измени на Законот за здравствена заштита, овие лица ќе имаат право на матичен лекар и рецепт, како и на лекување во странство.

Ништо спектакуларно и скапо...значи само прием кај скретничар (...упс...лекар од општа праса)...колку за земање упат за понатака каде се се плаќа или земање рецепт со кој во аптека ќе си ги платиш лековите.
А за лекување во странство?????? ..Па досега и за редовно осигурените тоа беше мисловна именка... колку пати во месецот донираме по мобилен за такви случаи?
 
Кога секој граѓанин ќе има електронска здравствена картичка и кога на другата страна ќе постои систем кој може да го прифати и да му пружи НАВРЕМЕНА И СООДВЕТНА здравствена помош........тогаш можеме да зборуваме за потполна ,или скоро потполна опфатеност на народ со здравствен систем......вака??? само ПРЕДИЗБОРНА..ЛАЖГА..:)...бидејќи реалното остварување на ваквото " право" , ако е како проектот ЦЕЛА ПЛАТА има да биде комедија невидена.....
................дај Боже да грешам.......зошто болен ни е народот.....

ЕЕеееее електронските картички за здравствено осигурување..... седеа некогаш таму далечната 2006 во програмата од 100 чекори на Н: Г: ама никаде ги нема, ги заборавил заедно со новните придобивкки кои јасно е дека во моментов не му одговараат бидејќи нели ако се воведат ќе се намали бројот на администрација потребна за контрола и одржување на здравственото осигурување.

Инаку се тоа убаво звучи бесплатна примарна здравствена заштита АМА проблемот е во тоа што економски сме не способни да го одржуваме тоа, нормално ако не решат овие од власта да за сметка на тоа што сите пациенти ќе добијат бесплатна примарна здравствена заштита докоторите ќе терба да даваат пари од свој џеби и да живеат на вода леб и сол за да може власта да се фали како успеале со толку слаба економија да воспоставата бесплатна примарна здравствена заштита за сите.
 
Браво браво....ме радвит потегов на владава!

Тоа е тоа што јас го тупам дека е потребно , на мала врата да примениме дел социјалистички , колективистички итн. комунистички потези!

Браво за нашата влада ако е ова точно !

Ај белким ке доживејам за брзо и високото образование да доживеет слична судбина...!!
 
ЕЕеееее електронските картички за здравствено осигурување..... седеа некогаш таму далечната 2006 во програмата од 100 чекори на Н: Г: ама никаде ги нема, ги заборавил заедно со новните придобивкки кои јасно е дека во моментов не му одговараат бидејќи нели ако се воведат ќе се намали бројот на администрација потребна за контрола и одржување на здравственото осигурување.

За картичките ко да начув нешто пред некој ден... До крајот на годината или така нешто.:toe:
А ова за бесплатно здравство ќе важи само за една година?
 
Браво браво....ме радвит потегов на владава!

Тоа е тоа што јас го тупам дека е потребно , на мала врата да примениме дел социјалистички , колективистички итн. комунистички потези!

Браво за нашата влада ако е ова точно !

Ај белким ке доживејам за брзо и високото образование да доживеет слична судбина...!!

Што вреди ако високото образование ни добие сличен пакет кога никој не ни го признава,освен самиот факултет што ти ја дал или продал дипломата.:toe:
 
Оти така велиш бре АБЦ ,како никој не го признава..во странство го признаваат и без партиска книшка како дополнение на “бекграундот“... :) :) :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom