Дали вреди да се биде добар?

Ќе бидеш добар, ќе ти биде чиста душата, ќе ти биде убав живото. Колку толку ке ти се врати она што го правиш. Кое чувство го имаш коа ке знаеш дека си му помогнал на некој барем на момент да биде најсреќниот човек на планетата... СУПЕР!!! СУПЕР!!! СУПЕР!!! Само толку :smir:
 
Можеби ке звучам како некој напатен манијак ама некои околности ме натераа да мислам дека На добрината со зло се враќа. Се надевам дека ке се разубедам во скоро време. И јас сум среќен кога ке направам некоја добрина и јас не сум повредил никого а сум се нашол во обратната ситуација.
 
За други не можам да кажам ама за мене вреди. Затоа што ја знам разликата и сум осетил на своја кожа :icon_lol:.
 
Потсете се на воведниот дел на хуманитарниот концерт во чест на Тоше, имаше убави мисли, па видете дали вреди.
Убаво е да се биде, ама :S
 
Во последно време некои настани околу мене донесоа да го сменам мислењето дека не баш најдобро да си добар зашто сепак до некаде важи дека добриот и будалиот се братучеди. На моја кожа осетив како се враќа добрината.
 
вреди да си добар, за својата сопствена психа (барем за мене, бидејќи после тоа се чуствувам добро). но никогаш не е добро постојано да се биде добар. и лошото си има своја предност.
 
Дали вреди да се биде добар, кога и покрај се, животот еден ден ќе ти сврти грб, во оној момент кога најмногу ќе ти треба?

Животот во еден свет, како овој, исполнет со болка, тага, незадоволство и тешкотии ме тера да се подзамислам, дали има причина за да бидеме човечни. И секогаш ми останува само еден одговор... Заборави на себе, помисли малку и на другите, и ќе дознаеш која е потребата да бидеш добар...
Се согласувам со повеќето... да вреди да се биде добар човек, ако поради ништо друго, барем за себе. А дека животот и во тој случај ќе ти сврти грб - ќе ти, но ако си добар, ќе имаш барем едно рамо на кое ќе можеш да се исплачеш.
Има причина да бидеме човечни, затоа што тоа и сме. И кога би заборавиле на момент на себе, само за да помислиме на кратко на другите, повторно ќе сфатиме дека треба и мора да сме добри. Во тоа кратко размислување ќе се насмевнеме длабоко во нас ако знаеме дека никој поради нас не плаче, не пати, не не` колне и сл. Не мора сите да не сакаат и да ни враќаат со добро... доволно е и тоа да знаеме дека никого, барем намерно не сме повредиле.

Зошто да се биде добар? Најголемото и најбитното прашање на денешницата. Прашање на кое речиси никој не може да даде одговор. Затоа младината денес го одбира лошиот пат, што е сосем погрешно. Но да се биде добар, тоа е нешто магично. Нешто од кое што нема ништо побитно. Иако никој не го почитува тоа, вреди да се биде добар, прво за самиот себеси, после за другите.
Младината го одбира лошиот пат затоа што не го знае одговорот на ова прашање? Тогаш, кој е одговорот на: "Зошто да се биде лош"?

Вреди да се биде добар! Ама во посраниов свет, и да не сакаш мораш да му наштетиш на некој - кога тогаш. На туѓа несреќа не се гради среќа, ама кај нас некако оа не може и да сакаш
Како тоа се прават работи кои не се сакаат? Можеби тоа се случува кај животните, ама нели за нас луѓето зборуваме?
И, каде е тоа кај нас, кај што мора да се гради своја среќа врз туѓа несреќа?
Малку претешки дефиниции од памет, кои ич не ми држат вода.

Потсете се на воведниот дел на хуманитарниот концерт во чест на Тоше, имаше убави мисли, па видете дали вреди.
Убаво е да се биде, ама :S
Не се сеќавам на воведниот дел од хуманитарионт концерт, но претпоставувам на што мислиш. Значи, сакаш да кажеш дека е убаво да се биде добар, но бидејќи (не знам зошто) не вреди не ни треба?
 
imame denes mnogu primeri za luge od cija 'dobrina' patime....ne bi sakal da bidam eden od niv...
a i na kraj kraevi ne baram vrednost vo dobrinata...tuku PRINCIP koj treba da ne vodi niz zivotot:toe:
 
Да се надоврзам во арката :), кога им помагаме на другите се оштетуваме себеси, ако не им помагаме ги оштетуваме. Игнорирањето на оваа дилема е погубно за душата, ослободувањето од неа е синоним за вечен живот. :)
 
Без разлика на се, едноставно неможам да бидам лош. Колку и да ми згрешил некој, доколку ми побара помош, а јас сум во можност да помогнам, би му помогнал. Незнам, тоа е мојата филозофија на животот.
 
Моралниот критериум е крајно субјективен , без разлика дали субјектот е поединец или група луѓе. Кој ќе ми каже што е добро а што е лошо? Добро за кого? Добар војник е оној кој убива луѓе по наредба на надредениот , добар граѓанин не убива...
Според мене сето тоа е живо ср*ање, пошто е крајно релативно. Во зависност од околностите , се менува вредноста на Добро , и на Лошо.
 
Тоа што сме добри најпрво нас не исполнува и ние ќе бидеме среќни кога нешто добро сме направиле,па користа од тоа да бидеш добар е убава.Кога на некого му треба помош зошто да не му помогнеме?Ако нашиот живот не се променува после тоа или сл. би требало да му помогнеме.Еве еден обичен пример за во училиштава на пр:бунење за оценки.Помогни,некој нека добие подобра оценка,дај му да препиш од тестот,поткажи му на испрашување...што губиш?Ништо,ти ако знаеш и да му помогнеш и не пак ќе имаш висока оценка.А со самото помагање ти се исполува душата,стануваш човек...бидејќи тоа е една значајна особина на човечноста.Требада бидеме добри,да помагаме(секако кога можеме и колку можеме)бидејќи на крај може и нас некогаш да ни биде потребна помош,па во тој случај добрината кај другите ќе треба да дојде до израз,а ако ние не сме постапувале добро,ништо од тоа нема да видиме:helou:
 
Убави се сите тие бајки и приказни како светот е розов и сите сме добри,ама во реалниот живот ништо не е така.
Убаво е да се биде добар,донекаде можеби и вреди,ама нема повратна реакција.Која лична сатисфакција и глупости ќе ги добијам кога ќе гледам на мравка да не згазам,а животот само ќе ми ја плесне добрината во лице и ќе ми фрли една цинична насмевка земајќи ми се?
Точно е дека не треба ни да се гради среќа на туѓа несреќа,ама не треба и на мравка да не се гази.
Убаво би било кога би можеле сите да бидеме добри,дарежливи,несебични,ама само у случај на колективна добрина без никакви исклучоци која во случајов е хипотетичка.Во реалноста,секогаш полошиот,порасипаниот си го зема поголемиот дел,а другите остануваат со прстот во уста затоа што “се добри“ и “ќе простат“.
Добрината и правдината одамна се заборавени,не вреди да бидеш добар.Кој се двои од толпата го извлекува подебелиот крај.
 
Епа проблемот е што повеќето вака размислуваат. Туку може да го појасниш поимот "мравка"?
 
Епа проблемот е што повеќето вака размислуваат. Туку може да го појасниш поимот "мравка"?

Би го поистоветила поимот мравка со човек,ама во тој случај само би си била контрадикција на самата себе
Точно е дека не треба ни да се гради среќа на туѓа несреќа,ама не треба и на мравка да не се гази.
така да,во преносно значење е.
Не гази на никого,ама ако некогаш е потребно,стапни барем на некој прст :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom