ВО ШТО верувате?

Верувам во позитивна карма, верувам во бог, верувам во тоа дека работите не се секогаш исти како што изгледаат.
 
Не можам дури ни да речам дека 'верувам', бидејќи е прашање на факти, а не на вера, но, верувам во природни закони.
 
Не дека цврсто верувам, но сметам дека кај луѓето највеќе влијае кармата, односно принципот "дај за да земеш". Мислам дека принципот на земање и давање во секоја смисла од животот ги прави луѓето она што се. Со самото тоа што правиме добри или лоши работи таков впечаток оставаме во општеството.
Ако си нормален човек и се дружиш со луѓе слични на тебе, таква енергија и ќе привлекуваш и обратно, бидејќи со какви луѓе остваруваш контакт постојано, на тов пат ќе те навлече животот.
 
Верувам дека ако си релаксиран и размислуваш рационално т.е. со правилото дека акцијата не е секогаш најдобро решение т.е. дека проблемите најчесто ако чекаш само ќе се појави решение, се ќе излезе на добро. Верувавам дека на најголем дел од работите не треба многу да се замараш и да внесуваш емоции и преокупаци со мислите...само ладно и возии се и супер ќе ти биде. Нема апсолутни правила, нема правда и ќе се заебеш ако го бараш и првото и второто.
 
Верувам дека за секој проблем има решение, верувам во себе дека еден ден ќе успеам во животот.
 
Јас си измислив 10 активност што ќе ги правам од кои имам корист и нешто создавам. И ги вртам или си бирам што ќе ми текне во моментот. Сум намалил прокрастинација на окулу 10% од буднотот време веќе едно 6 месеци. И сум среќен.
 
Верувам во љубов. Со љубов е се полесно и почудесно. Љубовта соединува и ослободува. Љубовта е најголемата сила.
 
Иако одам на црква и све остало.. неможам да кажам дека верувам во светците и прикаските кои ги проповеда црквата/или било која религија . Сите се исти според мене односно со иста цел створени, ниедна не е "вистинската" . Накај атеист настранувам ...

Anything you don't understand, Mr. Rankin, you attribute to God. God for you is where you sweep away all the mysteries of the world, all the challenges to our intelligence. You simply turn your mind off and say God did it. [Dr. Arroway in Carl Sagan's Contact (New York: Pocket Books, 1985), p. 166.]
 
Како инжинерен кадар, со повисоко ниво на математички и логички апарат, верувам дека има бог и тој е еден за сите.
За религиите сум со резерва, има човечки фактор и случајно или со замисла може променат дел од "светите книги", може и некој хоштаплери да измислат од нулата некоја идеологија. Објективно погледнато сите религии се негираат една со друга, во најдобриот случај само една од сите религии, вклучително и атеизмот е правилна или ниту една, уште не сме дошле на тоа ниво на развој.
Како точно точно оперира универзумот, вишата сила-бог, се доверувам на новата филозофија-идеологија КОБ-ДОТУ. Еден голем научен колектив ги анализира повеќето религии, ги споредува огромните број сличности меѓу нив, зашто и како може да ги има, зашто има и разлики меѓу нив, соодветно дават своја теорија.
Незнам дали е дозволено во оваа тема да ставам видео, да не земе админот да го смета за религиозна пропаганда, ќе пробам. Ја ставам култовата лекција на Виктор Ефимов за ФСБ Русија од 2001, на интересен начин им дава знаење по КОБ за бог, на идните тајни агенти на Руската федерација.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom