ВМРО-ДПМНЕ: Актерот Петар Арсовски го клеветел Ристо Шишков

Статус
Затворена за нови мислења.
Нее потребна лустрација.Потребно е само да се појде во СДСМ и таму ќе ги најдат сите кодоши.
 
Нее потребна лустрација.Потребно е само да се појде во СДСМ и таму ќе ги најдат сите кодоши.
Тоа се комуњарски манири... Нема процес, нема судење, нема ништо... Со прст се покажувало кој е виновникот...
Да не испадне на крај дека од едноумие преминуваме во безумие!
 
Тоа се комуњарски манири... Нема процес, нема судење, нема ништо... Со прст се покажувало кој е виновникот...
Да не испадне на крај дека од едноумие преминуваме во безумие!
Трн со трн се вади, комуњари на комуњарски начин. Ама сепак има скрупули владата и чесно ќе ги собори сите вакви.
 
Тоа се комуњарски манири... Нема процес, нема судење, нема ништо... Со прст се покажувало кој е виновникот...
Да не испадне на крај дека од едноумие преминуваме во безумие!

Со едноумието се карактеризира СЕДЕСЕ.Кога се тие на власт не се заинтересирани да прашаат никого дали треба ова или она.Кур ги боли сменуваат се што ќе им се каже и око не им трепнува .Е тоа е едноумие.А СЕДЕСЕ и ВМРО заедно тие БЕЗУМИЕ.
 
Тежок ќе биде патот на вистината. Искрено Петар Арсовски го ценам како актер, но ако навистина се докаже дека има вистина во ова тврдење јас само ќе жалам што тој својот квалитет наивно или намерно го продал и уништил една значајна личност од македонската актерска бранша. Би сакал вистина во овој случај колку и да биде болна или пак вистина ако е само шпекулација.Мора веќе еднаш да почне лустрацијата за да не одолговлекуваме нешто што многу не кочи во развојот на нашава земја.
 
Мислам, ако е ова вистина... Штета, а баш сум (то ест бев) на мислење дека е штета што талент како Петар Арсовски не се родил на друго место, сигурно ќе станеше звезда. А он да ти бил најобична курва кодошка. :nenene: Жално што господ не му дарил онолку доблест и човечко достоинство колку што му дал талент :toe:
 
Тежок ќе биде патот на вистината. Искрено Петар Арсовски го ценам како актер, но ако навистина се докаже дека има вистина во ова тврдење јас само ќе жалам што тој својот квалитет наивно или намерно го продал и уништил една значајна личност од македонската актерска бранша. Би сакал вистина во овој случај колку и да биде болна или пак вистина ако е само шпекулација.Мора веќе еднаш да почне лустрацијата за да не одолговлекуваме нешто што многу не кочи во развојот на нашава земја.

Има вистина ами нема?Тоа го има и кај глумците.И тие не бираат средства во нивниот ривалитет.Мора да се сеќаваш на препирката помеѓу Велимир Бата Живоиновиќ и Борис Дворник.Ете тоа тие.А сум слушал дека покојниот Дарко Дамевски му ја имал скршено вилицата на Живоиновиќ поради политика(Националистички испад и омаловажување).Па зошто и Арсовски би бил имун на тоа.Но и да почне таа лустрација ништо нема да се открие.СЕДЕСЕ долго беа на власт а да не се сетат на тоа.Па тие до вчера водеа досиеа.
 
Гледано од наша дистанца препирка помеѓу сега веќе покојниот Борис Дворник и Бата Живоиновиќ можам да ја сфатам, бидејќи во екот на војната тие се препукуваа како припадници на различни националности бранејќи ги секој своите народи. Ова нашево е нешто што ги надминува сите граници на здрав разум. Кодошење на ближниот свој колега, нешто што не е така едноставно. Се работи за уништување на живот, а не обична службена караница. Сум тие јавно да се караат и полемизираат, но на таков начин да се кодошат не разбирам за што и да се работи.
 
А бе, без доказ го обвинивте и осудивте чојко. чекајте, нека го лустрираат,а ако кодошел, ќе го лустерираме (обесиме на лустер).

Стрелчо - Безумие, не едноумие имаме. Одамна.

П.С. Сите се невини додека нивната вина не се докаже.
 
А која вистина кај нас се докажала?Кај нас секогаш операцијата е успешна но пациентот е мртов.И јас молам бога никогаш да не почне лустрација оти ќе биде бетер од кампања пред избори.Секогаш едните ќе обвинуваат другите ќе велат дека тоа е збирање на пол. поени.По мене:сите се криви и неверувам дека нивната вина ќе се докаже.Впрочем демантот експресно стигна и тоа од тој што нетребаше да стигне:СДСМ.
 
Тоа се комуњарски манири... Нема процес, нема судење, нема ништо... Со прст се покажувало кој е виновникот...
Да не испадне на крај дека од едноумие преминуваме во безумие!

Mozebi crvenite kmeri imenuvani momentno kako SDSM mislat deka dosieto na Risto Shishkov ne postoi:

Кој го кодошел Ристо Шишков?

Животниот пат и полициската обработка на, според многу релевантни мислења, најголемиот македонски актер на минатиот век, Ристо Шишков, е посебна “специфика” во историјата на македонското кодошење. Неговото “двотомно” досие изобилува со анализи, опсервации, навреди, изјави, достави, следења и прислушувања. Огромен тим оперативци од ДБК и кодоши, платени и патриотски, учествувале во таа финализација на човечка гадост. Шишков оперативно е заведен како Предмет за оперативна обработка (ПОО) под псевдонимот “Табакера” во 1975 г. ,а како “Табакера 2” во 1980 г. Тој е дерегистриран во 1986 г., осум денови по неговата смрт

Пишува: Братислав ТАШКОВСКИ

Бројот 6002 од богатата полициска библиотека на личните досиеја на македонските граѓани му припаѓа на големиот актер Ристо Шишков. Во овој грозен кодошки “материјал” полициската репресија и кодошките амбиции се испреплетени како во фантастичен шпионски трилер. Главниот протагонист е актерот Шишков, полициски обработуван како ПОО “Табакера” и ПОО “Табакера 2”, а споредните улоги и статистите ги заземаат многу негови колеги, актери, режисери, писатели, обични сценски работници, оперски пејачи и “загрижени” граѓани.
Веќе рековме, двотомното кодошко сочинение е проектирано и пополнувано како кон “државен непријател од највисок ранг”. Досието е водено по линија на “македонски национализам и шовинизам”. Против Шишков се преземани сите видови оперативни мерки, од примена на мерката “контрола на преписката и другите поштенски пратки”, па до “прислушување на телефонските линии” и, се разбира, “следење, документирање и фотографирање” на сите неговите контакти. За сите овие оперативни мерки педантно се отворени налози со знаење на тогашните највисоки полициски авторитети.

ИЗВОР “ПОЛОГ”
Досието изобилува со непрегледни “синопсиси” од телефонските разговори во кои се дискредитираат семејството, пријателите и домот на Шишков. Темелните известувања за контактите и движењата на Шишков остварени во времето на обработката се исклучително педантни. Се одело дотаму што се објаснувало во која кафеана кој келнер го служел и што пиел.
Најтемелен пополнувач на досието на Шишков од тоа време е изворот “Полог”. Тој е највнимателниот совесен граѓанин кој го сардисал Шишков по сите линии, посебно во времето на снимањето на филмот “Води” и националистичкиот испад на Шишков за време на снимањето. За овој инцидент се напишани и десетици - од кодошка рака лично - изјави во кои темелно се денунцира дејствувањето на актерот. Имињата кои се јавуваат како потписници, “под целосна и материјална одговорност”, се најголемиот срам на македонскиот театар, режисерство и писателство. Се надеваме дека некогаш, ако се донесе законот за лустрација, тие имиња и јавно ќе бидат обелоденети. Тие кои сè уште се живи најверојатно ќе имаат можност да се преиспитаат и да се засрамат. И да се запрашаат зошто во јавноста денес изигруваат “демократи” како хроничари на Шишков. Па дури и се појавуваат на театарскиот фестивал “Денови на Ристо Шишков” во Струмица.
Навистина, прашање е на голема морална дигресија, како денес, некои луѓе кои се јавуваат како главни пополнувачи на досието на Шишков, наведени како извори, врски и информатори, во Барањето за следење и контрола од 30. 10.1980 г., под број 20/2946, сè уште се прогласуваат како поддржувачи на делото на Шишков. Легендарните кодошки имиња од тој период покрај “Полог” се: “Радика”, “Бисер”, Кафе”, “Виктор”, “Рашомон, “Идризово”, “Конев”, “Славјан”, “Боро од операта”,” Анонимец”, “Вртев”, “Камера”, “Професор”, “Бујанова”, “Центар”, “Историчар”, “Драматург”, “Вандо”, “Петко”…
Псевдонимите ПОО “Табакера” и ПОО “Табакера 2” се полициска инспирација од антолгиската изведба на Шишков на ликот на Гоце Делчев во истоимениот филм “Табакерата”. Шишков за првпат е дерегистриран како предмет на оперативна обработка на 25. 12. 1978 г., но на 25. 1. 1980 г. тој повторно е заведен во оперативна обработка како ПОО “ Табакера 2”.
Веќе ги спомнавме “кастингот” на шпионските улоги и моралната димензија на “актуелните” кодоши на Ристо Шишков. Тие, во 90 проценти, се луѓе од неговото најблиско професионално опкружување, со кои работел, се дружел, пиел по кафеаните и секако им верувал. Некои одамна се на “исповед” пред свети Петар. Но, поголемиот дел се тука и натаму се во филмот “Недопирливост”. Биле директори, писатели, академици, филмски и театарски режисери и актери, млади и стари. Го кодошеле Шишков за национализам и пред полицијата предлагале “педагошки” мерки и јавни осуди. Благодарејќи на нив, Шишков е и осуден на казна затвор од два месеца во 1980 г. Според нив, тој бил опасност за тогашниот југословенски систем на вредности.
Денес ги фатила тешка амнезија. Молчат и чекаат во Републикава никако да не се донесе законот за лустрација. Тоа може и да се случи, но оптимистичката варијанта (за нас, како јавност) е да се донесе и кодошите да бидат јавно ставени на столбот на срамот. Многумина сакаат да чујат - како тогаш ќе ја оправдаат својата кодошка агресија кон нивниот колега?

АКЦИЈА “ЕЛЕКТРОН”
“Електрон” е последната полициска оперативна мерка преземена против Ристо Шишков. Таа е евидентирана како 091/433 од 25.06.1986 г., а се однесува на дефинитивното дерегистрирање на Ристо Шишков од полициската обработка. Тоа се случува по неговата смрт на 17.06.1986 година. Значи, цели осум денови по смртта, Шишков бил во “оперативна обработка”.Во Предлогот за дерегистрација, по информацијата дека ПОО “Табакера 2” починал на скопските клиники, се дава и ображложение за неговата регистрација, па се вели: “...Заради неговата непријателска дејност, од позиции на македонски национализам, во 1972 година од страна на РСВР на Социјалистичка Република Македонија, формирано е лично досие под број 6002 за лицето Ристо Шишков. Подоцна, во два наврата, тој е заведуван во ПОО. Во 1975 како “Табакера” под број 6407 и во 1980 година како “Табакера 2” под број 6596...”
 
Нека излезит да демантират кодошот.:toe:

- Не бев сведок во судски процес, туку како и другите актери од истиот филм во кој игравме, пред истражни органи дадов изјава поврзана со Ристо Шишков. Мојата изјава одеше во прилог на мојот колега Ристо. Ова се грозни конструкции и лаги од страна на ВМРО-ДПМНЕ. По 30 години од тој случај, просто не ми се верува дека ВМРО-ДПМНЕ можеше до таму да оди, изјави Арсовски.

Актерот Петар Арсовски вели дека за изнесените конструкции ќе поднесе тужба против Шамбевски.
 
за изнесеното од двете страни оставам на судот и времето,,,
проблемот е кај нас што веке Арсовски е жигосан... и да докаже дека не е крив......... штетата е направена,,,,,,,,,
или пак само тоа е и целта,

а секој како си садел така нека си жнее

Тоа ќе да е целта.

"Кој прв почна, маме му ебем?"

Кој, о кој?

И по Тито, Бранко!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom