Славјански
Антички Словен
- Член од
- 2 мај 2008
- Мислења
- 5.644
- Поени од реакции
- 1.346
ВМРО-ДПМНЕ: Актерот Петар Арсовски го клеветел Ристо Шишков
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ тврди дека има основани сомненија оти носителот на листата на СДСМ за градот Скопје, актерот Петар Арсовски, во 1979 година директно учествува во конструкцијата на обвиненито против својот колега Ристо Шишков, основоположникот на македонскиот филм и театар
Поради тоа ВМРО-ДПМНЕ бара Комисијата за утврдување на фактите согласно Законот за лустрација да утврди која била улогата на Петар Арсовски во сведочењето пред судот за случајот Шишков, информира на денешната прес конференција Оливер Шамбевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Според документите со кои располага ВМРО-ДПМНЕ, како што наведе Шамбевски, актерот Арсовски го клеветел Шишков дека го напаѓал тогашниот комунистички режим и неговата политичка персонификација Јосип Броз Тито.
- Во сведочењето пред Судот Арсовски го клевети својот колега дека изјавил оти го мрази другарот Тито и дека во прилог на тоа се заколнал и во своето дете. За овој вербален деликт Шишков е осуден и затворен од властите, а неговата кариера целосно уништена, рече Шамбевски, и додаде дека тој случај претставува највпечатлив пример како биле уништувани судбини на десетици граѓани на Македонија заради тесни кариеристички или политички мотиви на мала група соработнци на комунистичкиот режим. Шамбевски ја повика Комисијата за утврдување на фактите во врска со Законот за лустрација, најбрзо што може да постапи по изјавите за несоработка со тајните служби на сите кандидати за претседател, градоначалници и советници на претстојните избори.
- Тоа е единствениот начин да ја зацврстиме македонската демократија и владеење на правото, истакна пратеникот Шамбевски.
Извор: http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=21344
Се надевам дека веќе еднаш ќе почне лустрацијата дека системот ќе го исчистиме од кодошите, кои работеа против чесните луѓе, патриоти, против интересите на Македонците.