Се моткам по журки
Шифра: Џоинт.
Купувам црна боја за чевли број 43.
Шифра: Отма!
Поволно продавам мотика. Скоро нова, поминати само 10 ари.
Менувам дебел татко, за татко со дебел џеб.
Шифра: студент
Менувам дечко со мотор, за дечко со кола.
Шифра: Зимата е блиску.
Продавам... уствари, не продавам.
Шифра: Неодлучен.
Продавам крава:црна, металик боја, електично преживување, спуштено виме, спортска опашка и алуминиумски копита.
Менувам собна ламба за двособна.
Барајте пари од мене. Не очекувам да ми ги вратите.
Шифра: Песимиста.
Се бара човек за продажба на кикири на парче.
Шифра: Нервозен.
Поволно! Примам мито.
Шифра: Судија.
Продавам половен комјутер.
Шифра: Нов хакер.
Ако некој сака да ги остави цигарите и алкохолот, нека ги остави кај мене.
Шифра: Здрав живот.