Социјална компарација - задолжителна!

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
Ајде пак за темата што ја поставуваш на почетокот, навистина е интересна.



Малку чудно е, нели, зошто токму кај нас, а не во Грција или Бугарија “соросоидите“ се недопирливи. И тоа токму сега, кога сета власт е во рацете на македонските патриоти, а југословенскиот дегенеризам е пцовисан и веќе смрди, а сепак испаѓа дека една мала поразена маргинална група е многу посилна одошто навистина е, и успева да блокира многу нешта.

Чудно е како државата, ем раководена од патриоти, ем ги има сите средства на располагање, и пак не се ни обидува да ги сопре, туку најмногу што може да стори во борбата против соросовци се коментарите од Латас.

А начини има, и тоа доста ефективни. За пример да го спомнам кумановчанецот Јордан Петровски, симпатизер и финансиер на ДПМНЕ кој од тие причини беше предмет на обработка на службата за безбедност во деведесеттите години. На сосема невидлив начин за јавноста, бизнисот му беше уништен, човекот беше компромитиран и принуден да бара политички азил во Канада.

Некои денес се бунат за нереализираната лустрација, но, во суштина, дали се битни загарите или ловџиите? Истите специјалисти за обработка на “македонскиот национализам“ можат истите мерки со кои го натераа Јордан во емиграција да ги преземаат и применат и врз македонските непријатели - доколку такво нешто им биде наредено “одозгора“, разбира се. Полициските загари не работат по сопствена иницијатива, туку по налог и задача. Министерот, премиерот и претседателот имаат овластување да даваат налози и да бараат конкретни податоци и акции од службата која служи за одбрана на државата што ја раководат.

И сега, барам одговор на едно просто прашање. Во што е проблемот, што е тешкотијата на денешните разумнокомпромисни суперпатриоти, па да не можат да искодираат едноставна инструкција во машинеријата што им стои на располагање:

close file JordanPetrovski
delete folder JordanPetrovski
open new folder
project name: GreekGremlin
suspect name: AmintasGeropulos
objective: complete removal from public life

Понатаму, машинеријата си ја знае работата. Тие се искусни професионалци со богато искуство. Многу бргу ќе му ги испитаат на Геропулос сите слаби точки и сите врски, и ќе знаат каде да притиснат за да се скине некој каиш и да прегорат вентилите, кои канали за врска да ги повикаат на “оперативен разговор“, како да му наместат исплата за извршената работа директно во грчката амбасада, медиумско покритие за настанот, итн.

Уште еднаш да го повторам прашањето: зошто сега, кога ја имате сета власт во рацете, не го вршите она за кое ви е дадена власта, зошто не ги распарчите милчиновци да не можат никогаш повторно да се состават самите, туку плачете како пичиња и измислувате приказни за југословенски вампири и духови кои божем ви ги држат рацете врзани?


Лошо си разбрал друже,проблемот е што не скенираат сите одстрана,нешто такво да направи полицијата веднаш ке биде ударна вест по Грчките и светските медиуми,и Грците многу вешто ке можат тоа да го искористат(Како што ја искористија сликата со Груевски со картата на цела Македонија во Букурешт).Патем изгледа тоа и го сакаат Соросоидите,да имаат потоа со што да се жалат во Европа
 
Добар пример.

Се работи за double standards, кај нас таа парада ќе беше оцрнета и прикажана како фашистичка, излоаторска и букефалистичка .
Европа ќе трубеше на сите страни, ние ќе се срамевме, СДСМ ќе ложеше оган во фабриките.

Кај нив е тоа нормално.
Нормално е и тенковите да прават вежби во нивите на етничките Македонци.

Ne se raboti za "double standards", se raboti za nachinot kako nie gi prikazuvame i se odnesuvame kon sluchuvanjata, EU vrz toa sudi.
Ili po onaa nashata: "dodeka deteto ne zaplache, ne go zimaat vrace".
Kaj nas za plachenje, placheme ama "verifikuvanite" preveduvachi toj plach na EU losho im go "preveduvaat"....
Dali uchime kako treba da se plache......



Работата на Ерван Фуере, претставникот на ЕУ во Македонија, ќе биде на проверка кај Џулија Пасквинели, народната правобранителка на Унијата, каде што деновиве кумановецот Јордан Петровски, политички азилант во Канада, испрати докази за тоа. Петровски се жали на молкот на Фуере на неговата иницијатива за проверка на вистинитоста на изјавата на тогаш претседателскиот кандидат Љубомир Фрчкоски за тоа дека не бил соработник на државните безбедносни служби.....

......Пасквинели, пак, од друга страна се прогласила за ненадлежна за неговите маки во Македонија, но кога дознала за однесувањето на Фуере, му препорачала на Петровски веднаш да и ги достави сите докази. Пасквинели во одговорот до Петровски вели дека ќе покрене истрага ако доказите го потврдуваат однесувањето на Фуере....

http://www.novamakedonija.com.mk/De...=2&fCat=1&top=1&EditionID=399&ArticleID=25081
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom