Дали цртаните влијаат лошо кај децата?

Аниме влијае лошо на деца испод 15 години :)
 
Том сите цртани го мава Џери со тавче трчајќи по цел стан. И ја тоа како мал го научив па сеа баба ми ја бркам со тавчето.
 
Во денешно време цртаниве(ако можам така да ги наречам) ... премногу се упропастени .... има премногу насилство ... злоба ... тепачки ... ова-она ... имам братучед има 2 ипол годинки .. и ги следи сеа овие ренџериве .. бла бла ... и ми доаѓа со блуза од нив и ми вика ... даде даде јас сум овој (и покажува на сликата на блузата) ... јас сум ЛОШИОТ ... или пак ке дојде и ке ме изнатепа ... за да ми покажел шо научил од цртаниот ... и ке почне ајааа ... хууу ... и не знам какви други извици да испушта ...

ова не се цртани ... цртан се знае што е .. пепелашка, снежана, ушко долгоушко .... и таквте :smir:
 
Прво нека прекинат да ги даваат Телетабиси, пошо ако од тие цртани не забегаат, нема од кои други!

точно телетабиси=геј

том и џери не влијаат лошо ама покемони триста моки карти...мислам влеваат децата во филм
 
Да да се сложувам дека цртаниве лошо влијаат врз децава...затоа пак слушнав дека во Велика Британија и на др. места се забранети цртаниве...
 
Јас од Cartoon Network научив да зборам англиски(и тоа буквално)... Како мал кога ставивме кабловска дома секој ден гледав по 5-6-7 саати цртани ... и шо ми е сега? Ништо... На моето дете (ако би го имал) би му дал да гледа цртани ... Дури и јас би седнал со него.
 
Абе сеа зависи кој цртани..
Картун Нетворк и оние стари легендарни цртани што нема да изумрат никад бар ја мислам не влијаат лошо.. Ја со КН и со Лајн Кингови и такви чуда иам пораснато..
Денешниве Дигимони, Покемони се катастрофа.. Ко што беше спомнато и Геј Телетабисите во ист пакет додуша тие се и полоши.
И нормално има цртани за возрасни ко Симпсонови, Саут Парк, Салад Фингерс што несмеат па последно да е на дете да се пуштат ќе го забегате детето..
Јас не дека не сум дете али сум поголемо па ги сакам тие цртани.
Едит - Додуша без никаков проб можам да ги глеам и тие што погоре ги набројав дека ги имам гледано ко мала. Не се идиотски и не те затупуваат.. Овие сеа што ги праат ко сфе ментални деца да се раѓаат се. Па ај да сватат. Може нема да ги сфатат сега исто и за 5 години ама нема да изумрат тие цртани па еве сите што ги иаме глеано некад добри сме шо ни фали.
А додуша сеа и КН не е тоа што беше има ептен глупи цртани исто.. Али има и добри и таму и на Бумеранг само што се помалце. Кај е оној со Кенгурите што играат баскет да видат децата што е цртаааан :))
 
Јас уште си гледам цртани по цел ден, ама од типот на Том И Џери, Скуби Ду , Каменко... Мисламд ека тие цртани се многу добри и немат некое лошо влијание, но цртаните од типот на Покемон, Бен Тен и други глупости не се добри.
 
Цртаните имаат минимален удел во ,,тепачката кариера" на децата. Повеќето цртани се створени со спротивни и спротиставени ликови за да на крајот победи ,,доброто". Тоа е она кое мене ми има останато во сеќавање од цртаните кои како мала ги гледав. Да започнам од Том и Џери, сметам дека овој цртан иако полн со насилство, сепак е далеку посимпатичен од Покемон, Дигимон и останатите јапонско-пруски технологиски ,,обуки за војна". Се менуваат времињата... Компјутерските игри стануваат пасија, а и тие се полни со непотребни насилни елементи. Зависи до детето. Ако премногу се опседне, може да му премине и во реалноста тоа насилно однесување. Не познавам такви случаеви.
 
Ова произлегува од неодговорни родители кои кривицата за непосветеноста на децата ја замачкуваат со телевизијата и цртаните, кое не држи вода!
 
Им донесе мажот ми на децава едно CD со цртани филмови и им го пустив да си гледаат и притоа многу се изненадив.Имаше една сцена во која еден старец ја уценуваше една млада девојка да му ги покаже градите...Во друга епизода момче ја ѕирка девојката додека се бања и си брои една града,две гради...Не можев да поверувам деко можат да постојат цртани филмови со таква содржина...Инаку драгон бол се викаше цртаниот и мислам дека пред некое време и на А1 одеше...Така да, родители бидете внимателни!
 
Да,мислам дека цртаните лошо влијаат на децата.
 
Кога ги даваа на А1 телетабисите овде кај мене во градот имаше еден интересен случај со две мали деца. Децата си играле дека се телетабиси и едното рипнало во отворена шахта, имитирајќи дека влегува во домот на телетабисите. Цртаните кои ги даваат на познатите Бумеранг и Картон Нетуорк моментално не се за да ги гледаат мали деца, бидејќи во нив има насилство, глупирање и.т.н. Ги нема веќе долгометражните нормални цртани како Кучето Балто, Снежана и седумте џуџиња, Кралот лав и.т.н. Денешниве цртани се многу изопачени. Но, освен цртаните треба да се обрне внимание и на филмовите, посебно хорорите. Влијаат на човечката психа многу, колку и да е возрасен човекот му влијае и тоа многу лошо. Според мене треба да се забранат.
 
А бе се влијае врз човекот и цртани филмови и сериски филмови. Еднаш одам да испаѓам еве ги маливе деца почнуваат да се тепат јас сум наруто нинџа јас сум најсилен...не јас сум наруто јас сум посилен. Каде беа оние цртани филмови шо ги даваа Том и Џери, Душко долгоушко...Али овие новите цртани стварно се за никаде

оф топик - исто и филмовите влијаат врз човекот. Ограбување на банки ова она и после на екскурзија на саем на книгата испаѓаш од афтобус и еве ти полиции хеликоптери, амбуланти и триста чуда...Океј е да изгледаш комедија...Гледајте филмови но немојте да влегувате во нив :toe: И јас мислам дека требе да се забранат или да се даде некое родителско право...
 
Не влијаат лошо ако им се објасни добро што е што. Еве баш сега го симнувам Самурај Џек и братучед ми кој што има 6 години ме праша што е тоа. Му одговорив цртан филм и дека ќе му дадам да го гледа ама претходно ќе му објаснам што е што :toe:.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom