Како поминаа вашите часови по возење?

  • Креатор на темата Креатор на темата Annabel
  • Време на започнување Време на започнување

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Или сеуште поминуваат?
Какво беше вашето прво искуство со автомобилот :pipi: ? Каков беше вашиот инструктор/ка ? Од прв пат положивте или ви требаа неколку пати :) ( не е ништо страшно и да ви требало ) Некои интересни ситуации при возење или на полигон? Дали ви беа тешки тестовите :nesvest: :) ?

Повелете :smir:
 
Мене секој час ми беше приказна за себе. Инструкторот ми беше лудила. Ко со другар да се возам. :)

Ми пееше, мањачевме низ град дури возевме, мајтапи едно-друго :)

Дефинитивно супер си врвев.
Инаку од прв пат положив. За малце ќе паднев, ама тие шо полагале Битола знаат за дупката на полигон кај паралелната гаража. Damn :pipi:
 
Кола возам од мал ваљда некаде од 5-то одд. ама тогаш не по главни,тогаш учев тргни ова она и часовите ми поминаа онака добро муабет со инструкторот,глеавме женички,немав никако проблем ни на полигон ни на градска се од прва нула негативни:pipi:
 
Хахах, право доживување, вториот час ми рече ај вози до тоа и тоа село (не се сеќавам како се викаше :kesa:) и сеј умрев од страв и без осет кревав до 70км/ч и само ме предупредуваше..Инаку инструкторот беше цар жими се, баш се чувствував опуштено и си зборувавме како цел живот да се познаваме. Му пуштав гласна музика в кола, па ај пауза за цигара..Интересно беше, посебно зашто сите улици во градот беа тогаш ископани и со дупки. :tapp: Тестовите лесни ми беа, а на полигон се сеќавам на третата вежба дека ја утнав работата, а најмалку од таа вежба се плашев. Ама ете тогаш се погоди така :) :)
 
Кога ги земав часовите веќе знаев да возам, и ми беше доста интересно. Се вртеа интересни муабети и така. Положив се из прве, мада бев доста возбудена. Кога полагав градска се изнапрајвме муабети со комисијата, супер поминав.
 
Јас кога возев часови, супер напредував, само кога и да ме носеше инструкторот на ручна, јас секогаш грешев. На полагањето се погоди да има многу затворени патишта, па само одредени беа слободни, и ручната за прв пат ја поминав како шо треба:vozbud::vozbud:
 
Вежбата на полигон за рачна ми беше најтешка, ама на полагање ја направив најдобро, се изненадив од самата себе.:pipi:
Сè положив од прва, ама слушам сега нешто многу биле строги овие од комисија, ретко кој положувал градска од прва.:nesum:
Инструкторот не ми се погоди, досаден ми беше, само мањачаше женски по улица и ми коментираше на мене „види ја оваа, види ја онаа“ ко божем јас да сум машко.:tapp:
 
Со оглед дека директно во тоа време полагав за Ц категорија а пред тоа никад се немав качено во камион и тоа со церада можам да кажам дека доста лесно поминав.Испадна дека камион е полесно да се вози од кола.Не отидов на сите часови немаше потреба да губам време и да плаќам плус така да разработив само пола од часовите.На тестови поминав изненадно добро полагав тест и за Ц и за Б категорија.На полигон најтешко беше на рачна сепак не е кола тоа а се знае дека таму се губи највеќе поени.Ама за среќа поминав таму доста добро без проблеми.Од прва поминав на полигон и нормално на градска немаше проблеми направивме неколку круга и тоа :)
 
одлично. Глупости со инструкторот цело време:pos2:
 
Инструкторот ми е другар, заебанции смеење, кафиња хамбургери, ова она :P часовите не ги истерав до крај пошто ме мрзеше да возам ептен а и ми требаше возачка под итно тоа време.
Тестови паднав за еден бод тоа ми ги еба плановите, на градска и полигон од сите 12 души тој ден мене ми даваа најмали шанси да положам( чак ме убедуваа да не ни идам), ама сва среќа што сум онака звер и положив од прва :)
Сеа имам возачка и господ за муда :))
 
Јас да ви кажам положив пред две години и све онака топ од прва ама еве а заврне снег п***а сум уште :tapp: страв ми е да возам по такво време.
 
Јас да ви кажам положив пред две години и све онака топ од прва ама еве а заврне снег п***а сум уште :tapp: страв ми е да возам по такво време.

Не биди п***а,само не давај “гас“ на снегот и ке немаш проблем. :helou:
Овие денови морав пак да полагам за Е категорија и немаше проблем,тестовите на прва,возењето на прва и сега ке уживам 5 години до наредното полагање?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom