Односот на Тито кон Македонија и Македонците зависел од неговиот интерес, односно од политичката и друг вид добивка која би можел да ја искористи. Броз, според официјалната биографија, е од мешан хрватско-словенечки брак. Неговите интереси почесто се насочени кон овие тогашни ју. републики (многу се залагал да речеме за споровите околу Трст и неговата околина, многу повеќе отколку за Пиринскиот и егејскиот дел од Македонија) и се разбира, кон најголемата од нив, Србија. За другите имал помалу време - често информациите за нив ги добивал од втора рака, од негови избрани луѓе, на кои и им ја препуштал работата таму. Значи, Тито игра двојна игра со Македонија, во зависност од историскиот момент и од тоа колку е удобна во тој миг неговата столица, статус и сл.
Она што е најбитно за нас, она што мора да се запамети е тоа дека во Македонија за слободата се изборивме сами. Не дојдоа овде српски и др. партизани да се борат, туку нашите гинеа на Срем, ниту пак дојде да ни помага Црвената армија како што беше случајот во Србија.
Во текот на 1944 -та имало околу 100.000 вооружени Македонци.
Е сега, како и во сите комунистички режими, и Тито сакал по секоја цена да си остане на власт. Голи оток, Блајбург и повеќе др. воспитно-превоспитно-забавни установи и локации биле само еден вид од мерките кои ги презел за да ја осигура својата позиција. Се потпирал на потполно послушни и бескрајно верни исполнители на неговите замисли. Во Македонија имал неколку такви - Колишевски, кој од нигде-никаде, т.е. од Крагуевачката партиска организација дошол да биде прв човек на ПК на КП на Македонија (дошол во 1941 година, не знаејќи многу македонски и не познавајќи речиси никого од земјава-бил сирак, посвоен, мислам, во српска фамилија; истиот е упасен кон крајот на истата година и однесен во бугарски затвор од кој излегол по капитулацијата на Бугарија, како народен херој :kesa

Очигледно критериумите за херојство, со оглед на тоа што Лазо, за разлика од своите, помалку хиерархиски важни соборци, на волшебен начин преживел, не биле посебно високи.
Тито и Ранковиќ, најголема доверба кога се работи за македонски прашања имале во Колишевски, кој убаво го искористил тоа. Во требењето на македонските патриоти и интелектуалци неговата улога е речиси исто толку важна како оние на Броз и ранковиќ, ако не и поважна.
Обично тој бил дежурната тужибаба. Си имал и тој верни другари, како Страхил Гигов, Цветко Узуновски-Абас, Видое Смилевски Бато, па и Дуганова, Чемерски, Беловски, и други поистакнати политичари од овој период.
Да се вратиме на Тито. Нему му било најважно да ги има работите под контрола, по секоја цена. Во комунистичките држави, а и не само во нив, тоа подразбирало воспоставување на апсолитна колективна послушност и слепо исполнување наредби. За оние што мислеле поинаку, обично имало два начина на пресметка (јавна морална, политичка и човечка дисквалификација, затвор и робија или смртна казна - Ченто, Брашнаров, Шатев, Пирузе и др. или пак праќање на неколку децениска работа во Белград - пр. стариот Влахов таму го поминал остатокот од животот, како и неговиот син Густав, а и Киро Глигоров до доцните 80-ти работел во сојузната партиска и државна власт (за неинформираните во врска со Глигоров - интересно би било да проверат кој бил тој до 1945 година и за што се залагал, а што направиле од него тие силни години поминати во Белград). Во подоцнежниот, условно речено подемократски период, Тито имал и друга тактика со политичките неистомисленици - наместо затвор - јавно оцрнување, разрешување од партиски и државни функции и тотална политичка изолација - меѓу другите, тоа го снашло и Крсте Црвенковски, можеби најзначајната позитивна политичка фигура во Македонија во 60-те години од 20. век.
Освен од сопствените проценки, за ваквите чистки го советувале Колишевски и емисарот на Тито за МК, С. Вукмановиќ - Темпо.
Тешко е да се оценува тоа време и улогата на Тито во однос на Македонија, од една страна има многу гадости, предавства, подли убиства и политички пресметки. Од друга, првпат после многу години на дел од Македонија имало каква-таква држава, во која се пишувало, читало и учело на македонски јазик и во која бил остварен значителен економски напредок, ако се земе предвид како било пред тоа. Се уште е рано за целосно расветлување. За разлика од другите комунистички водачи, својата диктатура Броз знаел убаво да ја прикрие, да балансира со светските воено-политички блокови и навистина да манипулира со масите, да дава со едната рака и да зема со другата. Значи се работи за еден мошне специфичен историски лик, т.н. „свилен“ диктатор, по нешто сличен на Август и Соломон, секако, многу помалку успешен од нив, (оти Август е помалку познат по крвавите чиски до кои дошол на власт, а повеќе по периодот по тоа, познат по долгото успешно владееење, кога ситен егови противници биле под земја, а „ждржавата на „премудриот“ Соломон исто како и СФРЈ не живеела многу долго по него) кој имал влијание во светската политика далеку поголемо отколку што беше значењето на Југославија. На неговиот погреб имало повеќе државни делегации, отколку на погребот на Кенеди, или на Черчил, Де Гол, Сталин или Мао. Само погребот на Јован Павле II имал повеќе странски делегации. За крај, да го потврдам она што сакав да го кажам - интересот на Тито за Македонија главно бил површен, недоволен, препуштен на вториот партиски и државен ешалон, а неговото значење за Македонија е преценето од многумина.