Кризата го урива тимскиот дух во Европа
Се заканува ли нова поделба меѓу „стара“ и „нова“ Европа по одбивањето на барањето за посебен пакет-мерки за Источна Европа? Германскиот печат денеска се осврнува на последиците од вонредниот самит на ЕУ во Прага.
Весникот „Тагесшпигел“ донесува статија под наслов „Нека се спасува кој може“, во која посебно внимание му посветува на впечатокот дека богатата стара Европа ги остава на цедило новите демократии од Источна Европа.
„Шефовите на држави и влади од Источна Европа имаат свои аргументи што се потпираат врз бројки. Така, полската валута - злотата, бележи загуби од 30 отсто од почетокот на светската финансиска криза. Летонија се наоѓа на прагот на банкрот, а и Унгарија не знае како да ги враќа долговите. И Украина, најголема и внатрешнополитички најнестабилна земја во Европа, е на патот кон државен банкрот.
Но, сите овие бројки раскажуваат само половина од вистината. Не е само Источна Европа во криза туку светскиот финансиски систем. Оној кој деновиве гради нови ѕидови во Европа не е Германија, туку Унгарија, која не ги исполни задачите во намалувањето на државниот долг и сега сака да си ја санира состојбата врз плеќите на успешните земји од регионот, како што се Словачка, Полска и Чешка. Нова железна завеса навлекуваат оние земји што му подлегнуваат на искушението на протекционизмот, како францускиот претседател Никола Саркози. Тој сака да ја санира француската автомобилска индустрија на сметка на фабриките на француските фирми во Источна Европа. Тие, пак, возвраќаат со посебни мерки.
Затоа треба фактички да и' се упатат пофалби на германската канцеларка Ангела Меркел, која заедно со полскиот премиер Доналд Туск и со други сојузници од исток и запад на Унијата успеа да скова оска на разумот против протекционистите“, нагласува весникот „Тагесшпигел“ што излегува во Берлин.
И „Келнер штатанцајгер“ се осврнува на дисхармонијата во ЕУ, па коментира:
„Во тимот на чешкиот премиер Мирек Тополанек, како актуелен претседавач и со тоа тренер на тимот на ЕУ, има големи проблеми. Некои од играчите се чини го губат тимскиот дух и почнуваат сами да дриблаат - цели 16 години по создавањето на европскиот внатрешен пазар. Поради тешката финансиска и економска криза, која им наметнува тешки товари за спасување на домашните банки и концерни, некои од шефовите на држави и влади се во искушение да почнат да калкулираат на ситно. Затоа беше важно тоа што Тополанек ги покани колегите од земјите-членки на вонреден самит, иако наскоро кон средината на март ќе се одржи и редовниот самит на Унијата. Состојбата во европското семејство моментно е толку катастрофална што за почит е веќе потврдата од сите членки дека ќе се придржуваат кон заедничката координирана стратегија... Веќе фактот што земјите од Средна и Источна Европа се сретнаа на само пред самитот во Прага е повод за загриженост. Секако, со заедничката декларација на самитот не е надминато сеништето на протекционизмот, што повторно кружи над Европа. Бидејќи никој не може да каже што уште ќе донесе кризата“, се вели во статијата на „Келнер штатанцајгер“. (Дојче веле)
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=8CB7DDF57D258A42BC4196549A40E9D2