Најдобра радио станица во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Зависен сум од...?


  • Вкупно гласачи
    119

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.308
Поени од реакции
34.702
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Најслушана, најдобра програма, најдобра музика, најдобри водители... Од кое радио сте зависни и на која станица е најчесто позициониран вашиот тјунер? Станициве ги менувам на 2-3 недели. Слушам една, па откако ќе ми здосади - се префрлам на друга. Најчесто Сити слушав, но затоа што се случува да се презаситам со некои хитови, менував повремено канал - па после некое време пак се враќав на иста фрекфенција.

Јас од пред месец дена сум закотвен на Метрополис и ќе го дадам мојот глас за оваа станица. Нон-стоп ми свири во позадина, и на работа и дома. Освен Метрополис, ми се допаѓа програмата на Сити и 103-ка (океј, тука не можам да го поднесам само Зоки Бејбе). Сити радио имаа одлична програма за празнициве, кога немаше апсолутно ниедна промашена песна.

Отварам анкета, на која може да гласате за најдобрите радија. Може да изберете од 1 до 3 радија од листата. Да видиме како се котираат радијата кај македонските слушатели.
 
ClubFm 104.3 Го слушам на нет пошто не сум од Ск :smir:
 
Гласав за Антена 5, Метрополис и Скај радио. Еве и зашто:

Антена 5 - Од секогаш сум ги сакала, од секогаш давале супер песни, закон ми се едноставно.

Метрополис - Ми се допаѓа што имаат диверзитет, односно има мешано и странско и македонско и екс - ју и тоа многу ми се допаѓа.

Скај радио и Фортуна, која ја нема во анкетава, ги сакам затоа што даваат некои убави екс ју поп песнички и македонски песни и секогаш кога се враќам од факултет пешки, нив ги слушам.

А и уште едно радио не е спомнато, а доста се проби, Life радио. Даваат супер песнички, се случува некогаш во 2 саати слушање, сите песни да ми ги погодат, што ретко се случува.
 
Antenna 5 ...нон стоп ми е пуштено радиото на Antenna 5 , не го гаснем никат... не знам како има уште душа ....
 
Додадени се и Life Radio и Фортуна :)
Може да продолжите со гласање.
 
Дома свири Антена 5 од навика.

Во кола Спортско радио 90,3 да слушам вести/резултати од спортот.
 
Антена 5-Отсекогаш сум го слушал.

Галакси-И ова ми се допаѓа.

Метрополис-Ова во последно време ми е нон-стоп пуштено.
 
Сити Радио, се будам со Сити. Многу опуштена програма, интересни водители.

Едина замерка ми е до сите радиа шо кога ќе почнат со реклами се забораваат.
 
Камо ја Зона на анкетава со Шојка и Бици бе оиии!!! :):)

Немам некој истенчан вкус за радио, потчно ми зависи од кола на кола. Најприфатлива ми е 103 а најнеприфатлива ми е која и да е таа(Антена или Сити) кај што има еден гаден опинок со еден бајат Англиски акцент со кој очајно сака да прозвучи урбано. :@:@
Ако читаш на црна листа си ми, ќе го јадеш жими све !!!! :)
 
Сити Радио, се будам со Сити. Многу опуштена програма, интересни водители.

Едина замерка ми е до сите радиа шо кога ќе почнат со реклами се забораваат.
Е де, рекламите се нормална појава. Добрите радија имаат висок рејтинг кај спонзорите, па затоа имаат многу реклами. А рекламите (парите) се потребни за да се има добар тим и добра програма. Така да, не ми сметаат нешто особено. Повеќе ми сметаат рекламите среде филм на А1 на пример... :)

најнеприфатлива ми е која и да е таа(Антена или Сити) кај што има еден гаден опинок со еден бајат Англиски акцент со кој очајно сака да прозвучи урбано. :@:@
Ако читаш на црна листа си ми, ќе го јадеш жими све !!!! :)
Знам за кој збориш, од Антена 5 е тој... :pos2:
И не, не си единствен на кој се ежи кога ќе го слушне тој глас.
 
Антена 5 - затоа што најдобри песни пуштаат
Фортуна - кога сакам македонска музика да послушам
Метрополис - во последно време доста почнав да ја слушам
 
Не можам да се пофалам дека слушам многу радио, ама кога го правам тоа е Равел. Многу ретко се случува да пуштам Сити или Лајф радио.
 
Е де, рекламите се нормална појава. Добрите радија имаат висок рејтинг кај спонзорите, па затоа имаат многу реклами. А рекламите (парите) се потребни за да се има добар тим и добра програма. Така да, не ми сметаат нешто особено. Повеќе ми сметаат рекламите среде филм на А1 на пример... :)


Знам за кој збориш, од Антена 5 е тој... :pos2:
И не, не си единствен на кој се ежи кога ќе го слушне тој глас.

Тоа е многу точно, и за А1 се сложувам, само сакав да кажам дека кога ги пуштаат наликуваат на А1 т.е. се забораваат, може да се среди тоа на некој по квалитетен начин. Може малце да се подсредат да имаат нешто ко концепт, вака претерано заликува на оноа поранешното ЕПП на МТВ шо идеше, 10 минути реклами и реклами и реклами....али многу позитивна работа е што не се прекинуваат песните ко на Фортуна радио, на пола песна некој ќе се исере
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom