Mlad_man
Sine Qua Non
- Член од
- 20 април 2007
- Мислења
- 3.475
- Поени од реакции
- 207
Георгиевски се откажа од кандидатурата
Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски дефинитивно се откажува од трката за градоначалник на Скопје, соопштија извори од ВМРО-народна партија. Од оваа партија не ги кажуваат причините поради кои почесниот претседател на ВМРО-НП се откажал од кандидатурата за градоначалник на Скопје.
Георгиевски пред извесно време изјави дека ќе се кандидира за градоначалник на Скопје, со што ја изненади македонската јавност, затоа што претходно изјави дека веќе нема да се занимава со политика. Во таа насока беше активирана и ВМРО-НП, која три години беше во изумирање. Аналитичарите оценија дека битката за Скопје ќе биде многу интересна, бидејќи Георгиевски требаше да се соочи со поранешниот сопартиец Коце Трајановски и со Тито Петковски од НСДП.
http://www.novamakedonija.com.mk/De...=2&fCat=1&top=1&EditionID=315&ArticleID=17895
Абе без разлика со кој и да ќе се соочуваше немаше шанси да победи барем од моја гледна точка па и од луѓево што ги знам што ми кажуваат дека го мрзат ова она, а знам дека не се само тие.