Рио де Жанеиро - град домаќин на ЛОИ 2016

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ја добие организацијата?


  • Вкупно гласачи
    24

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Возраст
33
Локација
Пустец
Градовите ги претставуваат кандидатурите за ОИ 2016


Градовите кандидати за организација на Олимписките игри во 2016 година почнаа со претставувањето на нивните програми пред претставниците на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) во склоп на последната фаза од двегодишната кампања.
oi.jpg
Мадрид, Чикаго, Токио и Рио де Жанеиро од вчера до утре ја претставуваат целокупната програма за организација на ОИ 2016. Претставниците на МОК ќе ги обиколат сите градови кандидати, по што ќе поднесат извештаи до челниците на оваа организација, кои на 2. октомври во Копенхаген ќе ја донесат конечната одлука за организаторот на Игрите во 2016 година.
Се претпоставува дека претседателот на САД Барак Обама ќе се појави во Данска во октомври да ја поддржи кандидатурата на Чикаго. Поранешниот премиер на Велика Британија и тогашниот претседател на Русија Владимир Путин го сторија истото кога нивните земји ги претставуваа програмите за организација на Игрите. Лондон ја доби организацијата на летните во 2012, а Сочи на зимските во 2014 година.




Извор: www.kajgana.com.




Што мислите, кој град има најмногу да понуди од овие 4? Кој според вас би требало да ја добие довербата од ИОК и истата да се обиде да ја оправда? Дали мислите дека некој од од овие градови - кандидати ќе може да ја повтори спектакуларноста на отворањето/затворањето и организацијата на ЛОИ Пекинг, 2008?

4 града од 4 континенти, кој ќе ја има честа?

Според мене, Мадрид отпаѓа од игра. Не дека немаат капацитети Шпанците, туку ЛОИ 2012 се резервирани за европски град (Лондон), така да тешко дека повторно Европски град ќе ја добие организацијата.
Од друга страна, ништо чудно организацијата да ја добие Америка преку Чикаго, можно е да им дозволат од ИОК на америве да се исфилмаат малце на своја почва :). Се шегувам, сега за сега немам фаворит, но би ме радувало Рио ако ја добие кандидатурата, да видиме какво отворање би ни спремиле "Кариоките" :)

P.S. За постови од типот "Токио дефинитивно", "Рио мислам.." и слично ќе отворам анкета, не се мачете да постирате.
 
Сакам да биде у Мадрид,незнам зашто:)
Едит:Дека модераторката рече да не се мачиме за вакви постови,ке пишам дека мислам дека сите спомнати градови имаат што да понудат али мислам дека Мадрид највеќе има да понуди за Летни Олимписки игри
 
Вака од прва најпривлечно ми звучи Рио де Жанерио, мислам дека реални се шансите да се одржи таму, одамна не сме виделе ЛОИ во Јужна Америка
И јас од старт ги исфрлам Токио (заради блискоста со доодамнешниот домаќин Кина) и Мадрид (зошто се наоѓа во Европа и не е логично некако да бидат една после друга олимпијада на Европска територија), Чикаго и Рио сепак се фаворити
иако сите кандидати ги веројатно ги имаат потребните предиспозиции за одржување на игрите и секако за спектакл ( ама не очекувам дека ќе го надминат оној Кинескиот:pipi:)
 
Шо бе Мадрид отпаѓа, Мадрид никад не отпаѓа :icon_lol:

Не знам зошто уопште приложилe кандидатура Рио и Токио, не се на нивоу :D
 
Или Токио или Мадрид, но сепак верувам дека ќе бидат на европско тло во Мадрид.
А реално Токио има поголеми шанси.
 
според мое мислење, мадрид ги губи шансите поради лондон, како што е веќе кажано, нема смисла 2 пати по ред да се во Европа. токио, по истата основа би отпаднал, затоа што лани беа во азија, и сега после 8 години пак во азија:nenene:
значи, според ова, би останале чикаго и рио. во северна америка не биле ЛОИ веќе 20 години (односно тогаш ќе бидат 20 години), а во јужна америка јас не паметам кога последен пат биле одржани олимписките игри. од кога сум јас роден секако немало таму. па ако се оди по тоа, најмногу заслужува рио...плус рио како град каков што е, ќе биде сигурно интересно.
значи, ако гледаме објективно, сметам дека Рио треба да ја добие организацијата. некои ќе кажат бразил нема пари, и слично, ама ќе најде не е проблем, гејциве направија олимпијада и влегоа во минус, па тоа не се осети многу на игрите (да, беше една од полошите, ама сега...)
ако гледаме пак субјективно, т.е. јас ако гледам субјективно, би сакал чикаго да ја добие. од едноставна причина што на тој начин би бил многу блиску до гледање на истата, со оглед на тоа што би сакал да бидам таму за неколку години.:vozbud:
 
Претходната летна олимпијада беше во Пекинг. Следната е Лондон.
По ова ќе речам дека Мадрид и Токио имаат помали шанси од Рио де Жанеиро и Чикаго.
Иако јас би сакала секако во Европа да е, во Мадрид во случајов но ете за 3 години ќе биде олимпијадата во Лондон. Значи Мадрид има можам да кажам најмали шанси. Плус нема море :icon_lol: Не дека е пресудно ама сепак си има влијание.
Токио ги губи шансите поради Пекинг. Значи и тука има помали шанси. Веќе беа организирани феноменално овие олимписки игри во Пекинг. Испаѓа Европа и Азија само да организираат летни олимписки игри. Не е фер.

Е сега доаѓаат Чикаго и Рио де Жанеиро. Мислам дека битката ќе се води меѓу овие два града.
Последна олимпијада летна во САД се одржа пред 13 години т.е 1996. Така да после 20 години може да има нова во Чикаго. САД апсолутно ќе ја подржи мислам дека кандидатурата на Чикаго, бидејки ќе има многу вложување но и многу повратни средства.

И за крај Рио де Жанеиро. Јас сум за нив.:pipi:
Во досегашната историја ниедна држава од Јужна Америка не била домаќин ни на летни ни на зимски олимписки игри. Така да јас им давам подршка.
Иако реално далеку се послаби од Чикаго, далеку посиромашни, криминалот им е на висока стапка, но сепак Рио си е Рио.
Ајде нека не се чуствуваат потценето тие во Јужна Америка заслужуваат и тие кандидатура. Бразил ќе ги подржи. Нека видат луѓето и други спортови освен фудбал :)
 
Рио де Жанериро, незнам зошто. А дефинитивно не во Токио.
 
Рио де Жанериро, незнам зошто. А дефинитивно не во Токио.

Кога не знаеш, не постирај. Имаш анкета за одговор без образложување, јавна е, ќе видат другите за која опција си гласал.

Опомена и за другите е ова, веќе почнав црвени картони да делам, уозбилете се. Не само на темава, туку и на другите.
 
Азија е најголем континет па по Лондон очекувам пак во Азија и во Токио. Чикако некако не верувам поради лошата позиција и колку ке биде атрактивно тоа, Рио де Жанериро има шанси иако не верувам дека Бразилците имаат средства за толкава организација. Мадрид е интересна опција. Шпанците имаат спортски фаворити иако Олимпијадата е за 7 години и како спортска нација ке целат баш на тој фактор. Ке биде неизвезно али ке гласам за малите жолти Јапонци зашто се знае дека со нив нема да има грешка, нешто што го покажаа на Светското во Фудбал 2002 години и подоцна на Светското првенство во Атлетика.
 

Бразилскиот град Рио де Женаиро
се здоби со правото да ги организира Летните Олимписки Игри во 2016 година.
rio_article.jpg

Така Рио ќе стане првиот јужноамерикански град кој бил домаќин на една Олимпијада, главниот ривал на Рио во финалето Мадрид не успеа да добие право да ги организира игрите по втор пат откако за игрите во 2012 беше поразен од Лондон.

Во Бразил пак се очекува вистински спортски спектакал, откако две години порано Бразил ќе биде домаќин на првото светско првенство во фудбал.

Оваа вест предизвика вистинска еуфорија во БРазил каде што десетици илјади вљубеници во спортот се собраа на Копакабана во очекување на објавувањето на градот домаќин. Бразилците се представија со доста емоционална презентација на сесијата на МОК во Копенхаген каде што му порачаа на МОК дека најпосле е време и во Јужна Америка да се организираат едни летни олимписки игри. „Помеѓу десетте економски најразвиени сили во светот Бразил е единствена која никогаш не организирала Олимпијада. Рио е готов да се справи со предизвикот. Дајте ни шанса и нема да зажалите!“, кажа председателот на Бразил Луис ИГнасио Лула да Силва.

Големиот фаворит заедно со Рио, Чикаго отпадна уште во првиот круг а во вториот судбината сакаше Токио да го напушти натпреварувањето. Американците реагираа шокантно на веста откако лично председателот Барак Обама со емоционална изјава кажа дека е многу шокиран од ваквиот расплет на настаните.

извор sportdenes.com



 
Честитки за Рио, да се надеваме дека ќе биде одличен град домаќин на ЛОИ во 2016, иако скептиците мислат дека по Пекинг 2008, излишно ќе биде да се гледаат понатамошните opening and closing ceremonies на ОИ воопшто.

article-1217595-06AD3546000005DC-875_306x616.jpg
 
Точно си гласав :)

Честитки до Рио и Бразил. Очекувам одлична олимпијада, а секоја година има скептици. По Атина сите веруваа дека Пекинг нема да ја престигне. Сега луѓето сеуште се под импресии од кинезите, но тоа трае до следната олимпијада.
Али има време за Рио.
А дотогаш го очекуваме Лондон :vozbud:
 
Честитки до Бразил, поточно Рио, ама не му ја мислам како ќе биде, има уште седум години. Дотогаш ќе има напредок во многу сфери, науката, унфраструктурата и спортот, така да зошто да не ги поминат и Кинезиве, туку организаторите на ОИ 2012 се соочуваат со економска криза, па тука да ги насочиме погледите.
 
article-1217595-06AD2393000005DC-173_634x464.jpg


article-1217595-06AD4D25000005DC-173_634x486.jpg


article-1217595-06ACD92B000005DC-288_634x377.jpg


article-1217595-06AAD26E000005DC-618_634x286.jpg


article-1217595-06AD0398000005DC-479_634x452.jpg


article-1217595-06AD4EB4000005DC-956_306x286.jpg


article-1217595-06AC854B000005DC-139_306x423.jpg


article-1217595-06AB0BA4000005DC-939_306x423.jpg


article-1217595-06AD5B44000005DC-420_634x505.jpg


article-1217595-06AD4E94000005DC-970_634x424.jpg


article-1217595-06AAE297000005DC-709_634x438.jpg


article-1217595-06AA3384000005DC-197_634x259.jpg



A eве на скица како би изгледале ЛОИ:

article-1217595-06ADD216000005DC-888_634x454.jpg


article-1217595-06ADD202000005DC-808_634x417.jpg


article-1217595-06ADD1DA000005DC-862_634x416.jpg

(до јапонското знаме го ставиле и нашето :))

article-1217595-06ADD23E000005DC-431_634x420.jpg


article-1217595-06ADD236000005DC-504_634x421.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom