Физички повреди во вашиот живот

  • Креатор на темата Креатор на темата CELTIK
  • Време на започнување Време на започнување
Пред една година ми паднаа дрва на раката и го скршив прстот.

Пред неколку месеци сообраќајка со мотор - изгребан бев на стомакот и лактот, тоа не беше ништо у споредба со коленото, неможев да го исправам една недела може и повише.

Не се сеќавам точно шо правев ама знам дека ми падна нешто на носот, крв ми течеше а шо ми беше незнам.

И последното, најдобро...играеме фудбал, ни падна топката у еден двор и ја да а земам се качувам на ограда од 2 метри и баш каа се качив незнам шо ми текна да се симнувам надоле главечки :facepalm:...паднав и а расцепив главата па ајде на шиење...

За виа последните две појма неам кога точно беше ама знам дека бев ептен мал..
 
-шинат врат

-И при пад од мотор ги скапав двете колена, двата лакти и двете дланки

и други некој ситни шо не се сеќавам.
 
Пошто гледам има повеќе искусни со скршеници имам едно прашање(извинете ако не е за тука ама не знам каде на друго место да пишам).Ова сега ми е прва повреда у живот а живци искинав,ќе пукнам.Вака,имам некоја си мала скршеница на скочниот зглоб и ми ја стаија ногата во лонгета,ја носам една недела а треба уште 4 отприлика:vozbud:Стварно незнам како ќе издржам ама ај...Е сеа,многу нормално се движам со штаки ама ептен ме нервираат па сакав да ве прашам дали после отприлика 2 недели ќе можам да се движам без нив и доколу е така дали постои опасност од некои последици како на пример да се измести нешто,да пукне нешто кај што е повредата итн..? Иии уште нешто:за колку време отприлика после вадењето на лонгетата ногата ќе си биде океј како порано и дали би можела да имам некои болки во иднина? Стварно извинете на замарањево ама ептен сум испаничена:(
 
Па да се каже засега мирно детство имам но сум имал повреди
Мачорот ми ги наби сите нокти да му се серам во мачорот мислам едно 2 минути си ги држеше внатре во глава неверојатна болка после цела глава со јод ми ја мачкаа :D
-Кога сум имал 3 години дедо ми нешто ме бркал(сме играле) и ја директно во врата и сега имам лузна на челото (приметлива)
-Кога се учев како да возам точак главата си ја учуквав директ во дрво џумка голема како Русија :pos:
-Граница играв и ја паметен рипање од дрво директно на прачка имав остатоци во коленото продолжив да играм иако прачката со мене јас не ја ни приметив потоа ја извадив и ми зарасна со остатоци од дрво во коленото :icon_lol:
Ме турнаа од точак раката ми се укучи неможев да ја мрдам не беше скршеница
-Ме турнаа во статива со глава ми се слоши од болката
Толку не сум се повредил толку многу последната случка беше во 6сто
Ама денес мислам дека ќе умрам играв кошарката и еден да ми подаде прстот ми ваков ми стана продолжив да играм викајќи ништо не мие ме болеше но пројде но кога дојдов дома го видов ѓаволот
630px-Treat-a-Broken-Finger-Step-1Bullet1.jpg

сега прстот ми е отечен бабурка имам огрмони болки можеда ќе одам во болница утре или денес
баксуз сум :pos:
 
Последно уредено:
Најголема повреда до сега ми било во улична тепачка ми отече зглобот на раката (knuckle). Порасна ептен голем во споредба со другите зглобови и никако да се намали отокот. На лекар ништо не можеа да утврдат освен дека може да е течност во зглобот или појава на некој рскавец (при притисок и мрдање на местото, се слуша како крцкање и се осеќа како да мрда нешто во зглобот и е прилично тврд). Не се тепајте деца. :ROFLMAO::ROFLMAO:
 
Дали некој има искуство со скршена клучна коска и како заздравело. Оперативно или на др начин. Ви Балгодарам
 
Посериозна физичка повреда ми е скршеница на рачен зглоб, возев ролери и сакав финтица да направам да прерипам две скалила нормално одлуката за таков подвиг испадна тежок фејл :pos: и како што паѓав назачки прво на раката паднав и почувствував страшна болка не можев ни да зборувам ми се зема гласот а на ортопедија мислам дека уште повеќе ме болеше кога ми ја местеше раката врескав на цел глас а сум приметила дека не сум имуна на болка кога нешто ме боли имам чувство како да умирам воопшто не издржувам физичка болка.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom