Предлог стоматолошка ординација

  • Креатор на темата Креатор на темата noviot
  • Време на започнување Време на започнување
Работат пазливо и многу убаво, ретко кај нив да се жали некој од болка:)
Aнкета да не праеше? :) Или прочита во некое списание од Здружение на Стоматолози некоја анализа?
 
Да не бидеме офтопик, најважно е друже да си одбереш стоматолог кој најпрво, пред се`, ќе работи хигиенски. Што значи, со ракавици, во ординација да му биде чисто, со стерилизирани инструменти, со маска, мантил и такви работи.
Другото е релативно. И далечина, и дали бил нежен и други работи. Што ќе ми е мене забар што со рачиштата ми рошка во уста а пред тоа правел муабет на телефон? Не сакам со Хепатит А или Б да се занимавам после едно 6 месеца. Значи не е важно тоа дали ќе ме боли и како работи забарот што ќе го одберам за матичен. И да ме боли кога ми работи во уста, ќе стиснам, ќе издржам за тие половина час, ама барем ќе знам дека е работата свршена како што треба. Па не е важно и да е поскап. Ги гледам пациентите кои доаѓаат кај татко ми, бараат само поефтино да поминат, а некои од нив знам дека за фризер даваат цело богатство :) Пример, хирургот што ме оперираше мене, како му влезе на забов, како копач некој на нива, ама после тоа немав ни оток, ни инфекции, ниту закачив алвеолит. За недела дена ги извадив конците без никакви компликации.
Така да најпрво распрашај си се убаво, пред да одбереш забар контактирај со негови пациенти или прво онака, чисто информативно отиди му во ординација демек да прашаш за цени и запримети го како работи, хигиенски или не:)

П.С. Има некои забари во градов немаат склучено договор со Фондот и може откако ќе ти ја извршат услугата да те попарат и да ти кажат дека не работат со плави картони, па да те чини како Св. Петар кајганата. И тоа прашај си со време:smir:
 
Во виница правам заби.Познаник.Италијанска опрема.Не е многу скапо.Во ендомак само заглавив,него ај да не праам анти-реклама.

А сите ме солеа за во ендомак.
 
Во виница правам заби.Познаник.Италијанска опрема.Не е многу скапо.Во ендомак само заглавив,него ај да не праам анти-реклама.

А сите ме солеа за во ендомак.

Не бе кажиси слободно. Коа може реклама, зашо да не антиреклама :)
 
Препорачајте ми стоматолог

Барам добар проверен стоматолог,не многу скап,со плави картони. Објаснете каде се наоѓа и колку пари зима.
Патем можете да си кажете некое забарско искуство:smir:
 
Јас одам во Дентиција - во Автокоманда! Луѓето како работат внимателно и колку се фини тоа чудо е! Јас од нив сум презадоволна :pipi:
 
Спротивно на прифатениот од докторите КОДЕКС на однесување е да се рекламира во било кој медиум.
Немам што да додадам.
 
Дечки предлог добар стоматолог што работи со плави картони и најважно да не ме заебава со лекчиња и да ме враќа по сто пати туку да ми удри анестезијата и да ми ги среди забиве. Ми се раскопа непцево од пуканки и чуда и почнаа сите заби да ме болат.
 
Дечки предлог добар стоматолог што работи со плави картони и најважно да не ме заебава со лекчиња и да ме враќа по сто пати туку да ми удри анестезијата и да ми ги среди забиве. Ми се раскопа непцево од пуканки и чуда и почнаа сите заби да ме болат.
Не знам дали работи со плави картони меѓутоа е неверојатно спремна, нежна и знае како да се однесува.
https://www.facebook.com/ПЗУ-Ортодонт-Д-р-Чоневска-993798603982311
 
Кaжете бе некoјa вo Скoпје, вaму кaј шo бев ми викa
Не вaдиме зaби пред прaзник :facepalm:
 
Во Штип и околината најдобра стоматолошка ординација е Дент Естет. Располагаат со најсовремена опрема, најдобро обучен и стручен тим и многу пријатна атмосфера. Дефинитивно едни од најдобрите во стоматологијата кај нас. Дент Естет - Штип (www.dent-estet.com)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom