Од чаршиски извори дознаваме...
Чекорејќи низ крушевската калдрма, за која се надевам дека нема некому да му падне на памет да ја замени со камени плочи или мермер, се уверив во феноменот ”чаршијата зборува”. Во чаршијата ќе ги добиете сите потребни информации околу вашето сместување. Доколку сакате конфор и удобност, тогаш ќе ви го препорачаат хотелот Монтана каде што ќе добиете првокласна услуга. Ако, пак, сакате да поминете поевтино, тогаш имате можност да одберете приватно сместување за цена од 200 до 300 денари за ноќевање по човек.
Крушевската чаршија некогаш изобилувала со стари занаетчии. Ќе слушнете приказни дека некогаш имало повеќе од 200 калајџии, бербери, 30 шнајдери, златари, валавничари, ќилимари, мелничари, 30 чевлари, ковачи, столари, бербери, фотографи... Ќе ви раскажат дека порано крушевци биле добри ѕидари и терзии, дека шнајдерот на етиопскиот цар Хеиле Селасие бил крушевец. Филигранот направен од рацете на крушевските златари се извезувал во Солун, Стамбол, Египет и во арапските земји. Чаршијата била преполна со ученици и калфи, а еснафот бил многу силен и функционирал како некој вид синдикат.
Денешната слика е многу поразлична. Од занаетчиството, кое на времето било главниот двигател на културното живеење, денес е останато уште многу малку. Тука се живее тивко и бавно. Причините, според крушевци, се во даночната политика и во незаинтересираноста на младите за продолжување на семејната традицијата, како и нивно иселување од градот.
Во состав на чаршијата се наоѓа и градскиот плоштад, кој во последните сто години и не се изменил многу. Оттука се двојат и се испреплетуваат сите правци низ главните улици, сокаците, слепите улички, крушевските маала. Но, тоа што никако не може да ви се случи во привидниот лавиринт е да се загубите. Тука секогаш доаѓате до саканото место.