- Член од
- 19 мај 2008
- Мислења
- 1.932
- Поени од реакции
- 509
Апсолутно го поддржувам Раде Стојановиќ. Не ли ви изгледаа дискутабилни разните оправдувања на нашиот тренер. Прво велеше дека Раде е повреден, после не му се вклопувал во концепција, па излезе дека не сакал да менува ништо по победата над Полска, за на крај да каже дека овој го удрил :S Исто така факт е дека Кире е и селектор и играч. Незнам кој примети на последниот натпревар со Ј.Кореја, на 1 мин. до крај кога нашите земаа тајм-аут, Темелковски им дава совети, и на крај Кире им вика ќе играме вака и вака и они играат тоа што го кажа Кире. Апсолутно Кире е цар на ракометниот терен и тука нема збор, ама тоа што нема никаква хиерархија во репрезентацијата е срамота. Па се знае кој каде треба да биде (не мислам на Кире во случајов). Така да сите овие факти треба да бидат доволен показател дека Темелковски не ја зборува вистината. А и на РФМ и одговара да има марионета со која ќе ја управува репрезентација (посебно мислам на луѓето од Металург).