Скандали во ракометната репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Возраст
33
Локација
Пустец
Темелковски удрен, Стојановиќ не „подмачкал“ Селекторот го обвинува репрезентативецот дека го удирил, а овој враќа дека не сакал да го подмити финансиски за да биде во тимот
57CEFABE90DE344CBFD76EF449EBCA4D.jpg

Уште не се израдувавме убаво на 11. место на Светското првенство во ракомет и рекордот на Кирил Лазаров од 92 постигнати гола, машката ракометна репрезентација веќе ја тресат афери. Иле Темелковски, македонскиот ракометен селектор, најави дека денеска ќе поднесе дисциплинска пријава против Радослав Стојановиќ поради физички напад по мечот со Германија. Левиот бек тврди дека не бил подготвен финансиски ништо да му понуди на селекторот за да игра, па затоа овој форсирал други.
Темелковски прв ја отвори Пандорината кутија надевајќи се дека ќе добие поддршка од јавноста, која многу го критикуваше за одлуката да не му даде шанса на Радослав Стојановиќ да заигра барем на еден меч. Најмногу благодарение на головите на Кирил Лазаров стигнавме до 11 место, иако сите дадоа свој придонес. Евидентно беше дека позицијата лев бек беше најслабата алка. Се мачеше Темелковски да најде вистински човек, па продефилираа и Филип Лазаров, Мите Стоилов, Велко Марковски. Првенството почна со Маркоски како стартер, а заврши со Филип Лазаров. Факт е дека Филип одигра многу слабо, имаше многу промашувања, но сето тоа е одлука на селекторот. Одлука е да ги избере 14-те што ќе бидат на клупата и што ќе влезат во игра.

ДА НЕ СЕ РЕЗИЛИМЕ ВО ВАРАЖДИН

За случајот Темелковски молчеше за време на СП и ја отвори душата веднаш штом стигна во Скопје. Новинарите што во Хрватска постојано го прашуваа за проблемите што ги има репрезентацијата и несогласувањата останаа да ја слушнат „ексклузивата“ од ТВ и радиоемисии и новинари што ракометот го гледаат само на ТВ. Или таму беше најлесно да се пласира веста.

Според Темелковски, тој за случајот досега не сакал да зборува за да не „биде срам“ и сите да зборуваат само за тој инцидент, а да не можеме да се сконцентрираме на играте. „Блиската средба“ се случила во ходник во хотелот „Турист“ во Варжадин.

- По мечот со Германија се сретнавме со Раде и тој ја подигна раката сакајќи да се поздравиме со удирање на дланките. Но, со другата рака ме удри во пределот на вратот. Веројатно ќе ме удреше по лицето, но јас се тргнав. Немаше играчи во близина, туку само тренерот Шундовски и психологот Ленче Алексовска. Почнав да викам „Раде ,што ти стана, Раде“, но тој си замина. Решив од тоа да не правам случај, барем додека сме на СП. Потоа имав состанок со раководството и решив Стојановиќ да биде вратен дома - вели Темелковски.

СТОЈАНОВИЌ НЕ САКАЛ ДА ПЛАТИ

Но, секоја приказна има и друга страна. Стојановиќ го тврди спротивното, но и нови факти за селекторската функција. Тој не беше пријавен на ниеден меч во Хрватска.

- Ако сакав да правам случај, ќе зборував уште во Варжадин, ќе држев прес-конференции. Јас играв за Македонија, без разлика што не бев на ниту еден меч. Тоа што селекторот не ме стави во тимот е негова одлука. Но, јас бев физички и психички подготвен за играње. Од друга страна, не бев подготвен финансиски да му дадам нешто на селекторот. Тој знае зошто форсираше некои играчи - вели играчот. Според Стојановиќ немало никакво удирање, ниту Шундовски бил на местото. Сведоци на случката биле голманот Ангелов и психологот Алексовска.

- Се разминавме со селекторот, а јас го потапкав по рамото и му кажав: „Што направивме селекторе, пак загубивме“. Немаше никаков удар. Сега си бара алиби селекторот поради многуте коментари за неговите одлуки - вели Стојановиќ.

Останува само прашањето дали ако не успеевме да влеземе во вториот круг и го немавме постигнатиот резултат, пречек како херои и поддршката од целата јавност, ваквите „валкани работи“ ќе излезеа воопшто во јавноста. Селекторот имаше среќа на теренот, но слабо се носи со интригите и сплетките. Мрежата што е околу него станува се' посилна, само да не се фати самиот во неа.





Извор: Дневник
 
уште ова ни фалеше... ќе остави каква таква црна дамка на успехот на Македонија, но верувам дека во иднина ќе нема да се збори за овој инцидент туку само за тоа што Македонија направила... сепак очекувам изјава од очевидците за тоа што се случило...
 
цццц.... незнам што да кажам на ова:nenene::nenene::nenene:

Ама како и да е да ни е жив и здрав Кире прекрасен беше вчера на доделувањата срцка е:smir:
 
ЈАС знам што да кажам.Јасно беше кој ја води репрезентацијата.Зарем еден Филип Лазаров е на нивото на Раде Стојановиќ ( кој патем е најзаслужен за пласманот на СП), и со 50 % Раде повеќе ќе пружеше од Филип.
Темелковски треба да скрие и да престане самиот себе да се резили.Мое лично видување е дека он нема ни 5 % заслуга за успесите на ракометарите.затоа е подобро да си ќути.
Пред да почнете да плукате по Раде , размислете за болдираната реченица.
 
и ете ја повторно....клетвата од самуил:tapp::tapp::tapp:
 
Знаете која приказна е точна? Најверојатно и двете.
Темелковски е свесен дека направи грешка. Раде Стојановиќ најверојатно изреагирал слично како тоа што го опишал Темелковски, но да сакал да му ја „здрви“ една - Раде сигурно ќе го удрел. И ништо големо... Вакви работи се случуваат и ќе се случуваат уште долго време.

Погледнете еден тајм-аут на репрезентацијата. Јасно е дека Лазаров е селектор и тренер. Да сакаше Кире да игра заедно со Раде наместо со Филип, Стојановиќ сигурно ќе беше во екипата. Пак ќе речам... Не се виновни ни Темелковски ни Стојановиќ, туку форсирањето на братскиот тандем (кој очигледно не функционира).
 
Ни треба човечки тренер... Сетете се на изјавата на Червар кој рече: Да сум тренер на Македонците, гарантирано оваа репрезентација освојува медал.

Се надевам дека сите овие глупости ке се средат и нема да се повторуваат.
 
целосно се согласувам со постот над мене , само имам да додадам дека вистински ттренер не би дозволил тоа у тимот да му се случува, што пак води дека авторитетот не се купува, се раѓа со него и се доградува..
 
стојановиќ е пизда голема... самиот факт што нема ангажман веќе цела сезона и никој не сака да го прими доволно говори за квалитетите на овој створ. и што сакаше бе он, да игра во репрезентација на светско првенство и ќе дига рака на селектори и стручен штаб? епа тоа така неможе... каков човек каква гениалност!!! :nesvest:
 
Лекот е нов тренер со вој ништо нема да правиме нека го форсира Филип Лазаров па ќе вадиме нерешено со Естонија и со Белгија можеби.
 
Ни треба човечки тренер... Сетете се на изјавата на Червар кој рече: Да сум тренер на Македонците, гарантирано оваа репрезентација освојува медал.

Се надевам дека сите овие глупости ке се средат и нема да се повторуваат.

абе ни нема равен, нека се откажат сите држави од ракомет, нека престане да се игра ракомет во цел свет, џабе им е се кога, ние сме најбољи и готово... кога уште Червар ќе ја зема под свои раце репрезентацијата, кај ќе ни биде крајот...
какви работи можеш да најдеш на форум, просто човек да му е мил животот :pos2:

ЈАС знам што да кажам.Јасно беше кој ја води репрезентацијата.Зарем еден Филип Лазаров е на нивото на Раде Стојановиќ ( кој патем е најзаслужен за пласманот на СП), и со 50 % Раде повеќе ќе пружеше од Филип.
Темелковски треба да скрие и да престане самиот себе да се резили.Мое лично видување е дека он нема ни 5 % заслуга за успесите на ракометарите.затоа е подобро да си ќути.
Пред да почнете да плукате по Раде , размислете за болдираната реченица.


стојановиќ најзаслужен за пласманот на СП???? :pos2::pos2::pos2:
друже ај провери се да не ти рипнала температурата... за секој случај... епидемија на заушки има, а човек со висока температура халуцинира :kafe: па уште сака да ме наведе да размислам за болдираната реченица, види го ти него...
 
стојановиќ е пизда голема... самиот факт што нема ангажман веќе цела сезона и никој не сака да го прими доволно говори за квалитетите на овој створ. и што сакаше бе он, да игра во репрезентација на светско првенство и ќе дига рака на селектори и стручен штаб? епа тоа така неможе... каков човек каква гениалност!!! :nesvest:

Друже ако многу сакаш да знаеш, Раде Стојанович е прогласен за најдобар играч во последната сезона во првата словенска лига.
стојановиќ најзаслужен за пласманот на СП???? :pos2::pos2::pos2:
друже ај провери се да не ти рипнала температурата... за секој случај... епидемија на заушки има, а човек со висока температура халуцинира :kafe: па уште сака да ме наведе да размислам за болдираната реченица, види го ти него...

http://www.eurohandball.com/wch/men/2009/match/2/017

А еве ти и линк каде можеш да видеш дека Раде Стојанович е еден од најзаслужните што ги поразвме Исланд со голема разлика на домашен терен.
 
друже, стојановиќ цела сезона нема одиграна првенствена утакмица и нема клуб, згора на тоа имаше лоша повреда. ме интересира како е можно најдобриот играч во словенија за прошлата сезона да не може толку долго да најде ангажман... и уште да дели боксови затоа што не бил вклучен во репрезентацијата. Ѓубре провинцијалско!


а да.. за линкот: фала за информацијата, а јас ке ти го пратам линкот од возвратната утакмица на гости кај Исланд.

поздрав
 
Апсолутно го подржувам потегот на Раде Стојановиќ, не знам дали го удрил тренерот но требало да го удри, да го натепа убаво,па како може некој кој беше еден од најдобрите и играше во сите квалификациски циклуси и придонесе за пласманот на нашата репрезентација за учество на СП да не го игра,неможе тоа така, Раде заслужи минутажа на ова СП исто како и Димовски(клучен играч за пласманот на СП заедно со Кире,Ристовски и Мојсовски)кој иако повреден но сепак играше,Раде колку и да бил физички и психички неподготвен ЗАСЛУЖИ да игра барем 5 минути на ова СП!
 
Не не...Нас некој не мрази...Зашто мора сега сите овие работи да излегуваат на виделина.. Па Кире штотуку го собори рекородот и постигна 92 голови... Зарем малку е 11 место?!
Мора секогаш вака да се зае*е цела работа...
Можам само да кажам браво за ракометарите...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom