Александар ΙΙ

  • Креатор на темата Креатор на темата MakedoN_Ares
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
18 август 2008
Мислења
680
Поени од реакции
34
Едно прашање ме заинтригира - кој е Александар Втори?

Братот,Трну,Анг_Пу,Мисирков,Археолог,може ли да добијам поопширен одговор на прашањево ?
 
Александар 2 е брат на Филип 2 Mакедонски. Тој бил најстар од тројцата синови на Аминта2 и неговата сопруга Евридика.

По смрта на Аминта2, Александар2 како најстар успеал да го заземе престолот, но неговата мајка брзо ја испланирала неговата смрт со цел заедно со својот лјубовник Птолемај од Алорос (кој инаку бил сопруг на сестрата на Александар2,а името не и се знае до сега).

Судниот млад крал бил поканет да го гледа воениот танц на Птолемај, но во текот на играта овој скокнал врз него и го убил.

Ќе побарам дома по литературава што ја имам уште нешто, па се надевам Македон арес ке ти помогнам околу прашанјево.:salut:
 
Александар II Македонски бил крал на Античка Македонија од 370 до 368 п.н.е, по смртта на неговиот татко Аминта II. Тој бил најстар од неговите три сина. Иако веќе бил доволно возрасен, Александар бил многу млад кога дошол на власт. Ова било многу проблематично за него бидејќи неговите непријатели продолжиле да војуваат со Македонија. Александар едновремено бил соочен со илирска инвазија од северозапад и напад од истокот од страна на претендентот Павзаниј. Павзаниј набргу зазел неколку града и се заканил на кралицата-мајка, која била во палатата во Пела со нејзините млади синови. Александар ги победил непријателите со помошта на атинскиот генерал Ификрат, кој пловел по македонскиот брег за да го освои Амфиполис. На барање на Алевдај, Александар интервенирал во граѓанската војна во Тесалија. Потоа успешно зазел контрола врз Лариса и неколку други градови но, изневерувајќи го ветувањето кое го дал, ставил гарнизони. Ова ја испровоцирало Теба која била водечката бојна сила во Стара Грција во тоа време. Тебанскиот генерал Пелопид ги истерал македонците од Тесалија. Потоа го неутрализирал Александар со тоа што ги заштитувал амбициите на Александровиот зет Птоломеј од Алорос, и го натерал Александар да го напушти неговиот сојуз со Атина и да се сојузи со Теба. Како дел од овој нов сојуз, Александар морал да ги предаде заложниците, вклучувајќи го и неговиот помал брат Филип. За време на еден фестивал врз Александар бил извршен атентат по наредба на Птоломеј. Иако братот на Александар Пердика III станал крал, тој бил под старосната граница, и Птоломеј бил поставен за регент.

Извор: Википедија
 
А ти незнаеше да кликнеш на Википедија и да го најдеш ова а?

Паразити...
 
На територија на Република Македонија до денес не се забележани откриени монети од овој антички крал на Македонија.
 
монети на Александар II

image00132.jpg


00520q00.jpg


image00150.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom