Bratot
Стоик и Машкртник!
Токму во периодот на будењето на нациите на Балканот, зародишот на НОВИОТ МАКЕДОНИЗАМ почнува од баронот Константин Бели - Македонецот.
Она на кое треба да обратиме посебно внимание, е делувањето на Константин Бели во однос на македонската кауза и поставувањето на темелите врз кои и ние денес треба да си ја градиме “куќата“ - Македонија.
Текстот е преземен од МакедониУмот каде можете да го прочитате прилогот во целост, но тука ќе го насочам вниманието кон суштинската поента на темава, а тоа е “Македонизмот- како национална стратегија“:
Баронот Константин Бели – “Македонецот“ како што со гордост се потпишувал низ европските метрополи, е роден кон средината на XVIII век (околу 1760 – 1770 год.) во Постол (Пела) - Егејска Македонија, од каде рано емигрира неговото семејство во Австро-Унгарија. Заврши високи наобразби и со својата способност и интелектуална моќ, си изборува место меѓу највисоките државници на дворот во Виена, иако Македонец по род, но особено е важна личност за Баварија во чие државно организирање и управување учествува подоцна (германските обединувања и разединувања приматот помеѓу Австрија и Прусија)
Далечината пак од родната Македонија, му ги јакне македонските чувства, копнее Македонија да е слободна. Сфаќајќи дека без организирана интелигенција, македонизмот не ќе можи да се оддржува а камо ли шири, тој се насочува во образувањето македонски кадри и во помош на напатениот македонски народ.
Тајните друштва се влијателни но не и пресудно влијателни. Основната дејност им е на хуманитарни активности од тајна или полутајна природа. Баронот Бели во овие граниици ја става неговата оставнина на Македонија и Македонците во 1835 год во “Тестамент“ со кој подарува 2000 книги од богатата библиотека која ја поседува за училиштето и црквите на родниот Постол (Пела).
Во личната порака за ова баронот Бели пишува:
“Кога Македонија ќе достигне таков степен на развиток за да создаде свои училишта, тогаш општинскиот совет на Пела е должен книгите да и ги отстапи на јавноста во Македонија“;
• остава дел од имот во пари со Завештание од нив: “Да се издржуваат извесен број клиники во кои се лекуваат Македонци болни од секаква болест“ a овој Фонд да се вика:
“ЛЕГЛА НА БОЛНИТЕ – ЗАШТИТНИЦИ НА БАРОНОТ КОНСТАНТИН БЕЛИ - МАКЕДОНЕЦОТ“.
• основа и Фонд за образување Македонци – студенти и го именува со:
“КОМИСИЈА ЗА СМЕСТУВАЊЕ МАКЕДОНЦИ ОД ОСТАВНИНАТА НА КОНСТАНТИН БЕЛИ“.
Баронот Константин Бели изнесува и подробности дека потпишал и “Завештание” при Баварската влада од чија камата:
“Да се дава стипендија на двајца Македонци за време од 6 години што би студирале на Академијата во Минхен” кои баронот однапред ги признава – како “усвоени синови на г-дин Бели”. Единствен услов кој се барал од нив во тестаментот е:
“ДА ЈА САКААТ И ДА ЈА ПОЧИТУВААТ НАШАТА ДРАГА НЕКОГАШ СЛАВНА ТАТКОВИНА - МАКЕДОНИЈА”
Еден од Македонците кои го користат фондот од баронот Бели за стипендирање на студенти Македонци е и студентот по медицина Григор Прличев од Охрид, кој го создава и “Сердарот“.
(Повеќе за ова на линков)
Но вистинската љубов на баронот Константин Бели кон својот македонски народ и воопшто македонизмот уште во почеток на XIX век најдобро ги изразил во својот “АПЕЛ“ упатен “ КОН СВОИТЕ ЕДНОРОДНИ МАКЕДОНЦИ “, објавен од Виена во 1838 год:
“АПЕЛ КОН СВОИТЕ ЕДНОРОДНИ МАКЕДОНЦИ “
Виена 1838 год.
“СВЕТОТ Е навистина чувството да се сака татковината, неизбежно е за секој благороден човек и е неопходно за оние кај кои останала трага од честољубивост и сакаат да живеат вечно од устата на поколението, а не да умрат наеднаш, откако го подишат за неколку минути како и животните оној атмосферски воздух и избришани од списокот на живите, да останат засекогаш непотребно бреме на земјата. Но колку е оваа вистина светла и од сите воопшто се исповедува, толку помалку влијае врз ЧУВСТВАТА на сите нас.
НИЕ, БОГАТИТЕ, благодарение на она што тркаламе во изобилството на печалбите, мислејќи повеќе на своето лично и материјално богатство, само се стремиме да ги умножиме своите желби, тркалајќи се во вечна заблуда и суета, каде што бескрајната фантазија, откако еднаш не одвлекла од умереноста, сака да не заблуди во бескорисни и фантастични среќи, кои всушност никогаш во животот не ги најдовме, и си остануваме без да ги вкусиме од она морално и постојано задоволство – ДЕКА СМЕ ГО ПОМОГНАЛЕ БЛИЖНИОТ И СВОЈАТА ТАТКОВИНА.
А во своите последни минути, уплашени од совеста, умираме мошне нажалени, и нашата татковина, СЛАТКАТА МАЈКА ТАТКОВИНА, не облекува траур за нашата смрт, ниту пак не придружуваат молитви на останатите наши браќа; нашата татковина не отстранува како НЕДОСТОЈНИ ЧЕДА ЗА НЕЈЗИНАТА ЉУБОВ, како туѓинци и изроди со зборовите : “ ВИТОСАЈ СЕ ОД МЕНЕ, ИЗРОДЕ !!! “.
И нашето потомство го осудува нашето бесчувство и рамнодушност со обичните зборови :
“И жив беше бескорисен, а умрен е достоен за осуда “. Тажен глас ! Жален глас ! Татковината да се откажува од своите чеда, од браќата, од молитвите, а роднините и целиот говорен свет од пофалбата ...“
Виена 1838 год.
барон Константин Вељо Бели - Македонецот
(Оригиналот на писмото објавен и во весникот “Лоза “ I /I (1892), II )
И не може човек да остане рамнодушен на овие зборови преточени и во конкретни дејства од страна на баронот Бели, како што не останале подоцна Македонците – патриоти емигранти во Софија кога го покренуваат весникот “Лоза” и самите во улога на печалбари и бегалци.
Не случајно првата страница ја започнуват токму со извадок од Апелот на баронот ”кон своите еднородните Македонци”. Пред него само го ставаат геслото на весникот, всушност една изрека од Софокле која вели:
“НИКАКВЕЦ Е ОНОЈ ШТО ИМА ПОДОБАР ПРИЈАТЕЛ ОД СВОЈАТА ТАТКОВИНА“.
Древниот престол на Македонија и македонизмот градот Постол (Пела) со баронот Константин Бели на овој начин, далеку по Александар го започна НОВИОТ МАКЕДОНИЗАМ, токму во времето на будењето на нациите. Со ова македонскиот народ се нареди во истиот ред, ниту закасна ниту подрани кога семето се пушти в земи во првата половина на XIX век (1835 год.).
Внатре за`рти и се воздигна надземи, кревко во почетокот со нежни ливчиња но тргна, го гледаа и почнаа да се грижат се повеќемина за него- го дофатија “Лозарите” но и следниот голем Македонец од Постол (Пела), Крсте Петков Мисирков.