Крејзи ин лав, па ти немаш проблем

Ако знаеш и што и како, а само храброст немаш, значи што имаш: страв. А од што се плашиш? Имаше напишано, не сакам да се осеќа глупо. Само обрни внимание на тоа дека
ти мислиш дека тој ќе се осеќа глупо и се кочиш поради тоа, што не мора да биде така во реалноста. Тоа може само да е така во твојата глава: имаш варијанта да тој скроз ок го прифати тоа (а може да ти се случи и тој да го сака тоа, па да му олесни и нему).
Бараш јака, комплицирана причина за да биде раскинувањето
основано
, си бараш
храброст да го кажеш тоа. А раскинувањето не мора да биде ни тешко ни комплицирано ни болно нешто. ’Не ми клика’, тоа е доволно јака причина и не ти треба храброст за да го кажеш тоа. Работата е што нас ни е фама сето тоа, го замислуваме раскинувањето тешко, а напротив може да е најдобрата работа која може да ти се случи тебе, и на двајцата. И него може да му е подобро без тебе, размисли дека и тој може да си најде подобра девојка од тебе

Ова ти го пишувам не дека ти не си супер девојка, туку за да ти доловам дека ако се погодило ти да му раскинуваш бидејќи тебе не ти клика не значи дека тој мора да биде повреден и да пати. Напротив, може таму некоја баш него го чека. Може утре тебе некој ќе ти раскине, и тоа да е најдоброто нешто што ти се случило: некој таму може баш те чека

Ако ја смисли реченицата, не се двоуми два пати. Гледај да имаш добра реченица

тоа е важно...и да си направиш некое задоволство после