Нови шпекулации или...
"Кодот на Да Винчи" го напишала сопругата на Ден Браун ?
Бестселерот на Дан Браун, кој допринесе за бурни реакции дека е плагијат, сега повторно изненадува со новите настани за тоа дека тој не ја напишал оваа книга туку неговата споруга. Авторот на многуте интригантни теми се чини дека е 53 годишната Блит која е ѕвездата водилка и инспирацијата од почетокот на нивната 16 годишна врска. Тоа се гледа и во посветите на Браун.
Блит е изворот на уметничките идеи во „Кодот на Да Винчи” изјавува Дејвид Шугартс, коавтор на една од книгите кои го тумачат бестселерот на Браун. Тој својата сопруга секогаш ја опишувал како историчарка на уметност, но се покажа дека таа е сликарка аматер.
Блит и Дан прв пат се сретнале во 1991 г. Кога таа била директорка на одделот за развој на уметноста во Националната Академија за текстописци во Лос Анџелес. Се венчале во 1997 г.
Поради тужбата на двајцата историчари за плагијат, авторот е испитан во лондонскиот Висок Суд, каде рекол дека тврдењата на историчарите дека тој го украл и искористил нивното дело, не е вистина.
Историчарите ја тужат издавачката куќа на Браун Random House, која е издавач и на нивната книга во 1982 г. „Светата крв, Светиот грал”, од каде Браун наводно ја украл идејата.