СП Хрватска 2009 Македонија : Србија (28:32)

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Локација
Кајгана
Македонската репрезентација е пред ново искушение. Станува збор за последниот дуел од втората фаза натпревари, дуелот со репрезентацијата на Србија.

„Главата горе. Доаѓаат уште натпревари и понатаму, имаме уште еден со Србија, по тоа доаѓа уште еден натпревар за пласман. Мислам дека се ќе поправиме во оваа група, доколку ја победиме Србија. Секоја победа не крева горе и ни го поправа пласманот, ние ќе одиме на победа“, додава Темелковски.

„Видовме дека можеме да играме нема да ги потцениме, се работи за добра репрезентација, нема фаворити. Ќе пробаме да се собереме да видиме каде грешиме и што грешиме. Ќе бидеме сигурно посмирени немаме што да загубиме и ќе пробаме да дадеме уште еден добар натпревар“, вели нашиот најдобар ракометар, Кире Лазаров.

Србија, како и што се очекуваше е нашата шанса за скок над очекувањата и до посакуваните цели. Србите со старите балкански проблеми застанаа на половичен ефект со по три победи и порази и едно реми, осцилираа од мизерија со Бразил до реми со Германија.

Македонија е ослабена со повредите на Наумче Мојсоски кој го скрши палецот на дуелот со Норвешка, како и Стевче Алушовски кој има пукнат мускул и не е во можност да настапи.

Во случај Македонија да триумфира и притоа Норвешка да ја совлада Полска тогаш би се искачиле на 4. поцизија во групата и со тоа би играле меч за 7. место во генерален пласман. Доколу Норвешка загуби, но ние триумфираме тогаш ќе бидеме 5. во групата и би играле за 9. позиција.
Доколку загубиме тогаш многу е веројатно дека ќе го задржиме последното 6. место и со тоа ќе разигруваме за 11. позиција.


Нека им е со среќа :smir:
 
СП Хрватска 2009 - Македонија : Србија, Вторник, 15:30

Македонија утре против Србија (15,30 часот) го игра последниот меч од групата, а евентулана победа и пораз на Данска од Норвешка би значело четврто место и натпревар в четврток во Загреб за седмо место на СП. Реми или пораз значат меч за 11 место. Колку што е Македонија блиску до пласман меѓу ТОП 10 светски репрезентации толку капитенот Кирил Лазаров, кој на досегашните седум натпревари постигна вкупно 70 гола, дури 23 повеќе од Хрватот Иван Чупиќ (трет е Полјакот Томаш Тлучински со 46), е блиску да го собори рекордот од 86 гола на Кореецот Кјунг-Шин Јон од СП 1995 во Исланд. Значи му требаат уште 17 гола на два меча. Инаку, Македонија и Србија се сретнаа на минатогодишниот „Трофеј Македонија“ во Велес, кога Јовица Цветковиќ, незадоволен од судењето, ја повлече екипата при водство на домаќинот од пет гола разлика. Официјално, пак, двете селекции последен пат играа меѓусебе во квалификациите за Европското првенство 2008 во Норвешка, кога во рамките на групата во Охрид беше нерешено 32:32, а во возвратниот натпревар во Ниш славеа Србите со 42:28.

На целото првенство владее нездрава атмосфера во српскиот табор, која кулминира со најавата од селекторот Цветковиќ дека ќе си оди по завршувањето на мундијалот. Сепак, еден од најдобрите во српските редови Момир Илиќ е убеден во победа над Македонија.„Сигурен сум дека слободниот ден ќе ни биде доволен за да се одмориме и да ја совладаме Македонија. Нема да ни биде лесно, сите знаеме дека најголемата опасност доаѓа од Лазаров, но се надевам на победа“, вели Илиќ.

Лазаров пред Карабатиќ
Десниот бек на македонската репрезентација Кирил Лазаров со 70 гола уверливо води на листата на стрелците, а прв е и меѓу асистентите во досегашниот тек на Светското ракометно првенство во Хрватска. Лазаров меѓу додавачите води со 29 асистенции, една повеќе од Хајкел Мганем од Тунис. Во категоријата „голови плус асистенции“ Лазаров има уште поизразена предност. Води со 99 бода, а второпласираниот Никола Карабатиќ од Франција има 64 (37 голови и 27 додавања).


извор


Досегашниот подвиг беше вреден за спортска историја. Што и да се случи понатаму ќе биде само за повисок пласман.
Нека ни е со среќа...
 
Супер. Ќе ти ја отворам темава утре, на денот на натпреварот :)
 
Вечер идеме на победа, нема ништо што може да не спречи да ги тепаме нашиве соседи, секогаш најслатки биле тие победи.

Нели они се најјаките во се, ние сме Срби со говорна мана и слично!!

Ке дознаат вечер кој е Кире Лазаров...и компанија

Ниеден пораз не се брои, вие ста нашите шампиони!:oeoeoe::oeoeoe:
 
Јас со оваа победа би бил најсреќен до сега, и мислам дека доколку дојде до тоа ќе има простор за уште едно големо славење.
Цветковиќ иако излгеда мирен, сепак во изјавата за србијаспорт.ком рече дека нема воопшто да биде проблем да се победи една Македонија.
Со таков приод и потценување само нашите мотиви треба да бидат поголеми!
На крај како што беше веќе спомнато и претходно што и да се случи Вие сте веќе херои!
Поздрав и среќно :smir:
 
Тешка утакмица ќе биде вечер со оглед на тоа дека не игра Мојсовски и Алушевски тешко ќе биде ама нашиве ќе тепат:)
 
вечер само Кире да се разигра барем ако не можеме полуфинале да спакуваме за седмо па и да скрши тоа рекорд со головине.
 
Еве изјави од Илија Телемковски, и од Момир Илиќ, еден од најдобрите во репрезентацијата на Србија.

„Мораме да обрнеме внимание на нивната последна линија. Таму се многу добри и имаат искусни бекови кои знаат да шутираат од бековските позиции. Мора да внимаваме на нивната брза контра. Мислам дека со 5-1 можеби ќе можеме да ги запреме бековите, иако се ќе зависи од текот на средбата“, изјави селекторот на нашата репрезентација, Илија Темелковски.

„Сигурен сум дека еден ден одмор ќе ни биде доволен да ја победиме Македонија. На средбата со Полска бевме многу уморни и тоа се виде. Овој систем на натпреварување е тежок. Ќе имаме доста проблеми со Македонија, но јас се надевам на наша победа. Најголема опасност доаѓа од Кирил Лазаров, но и останатите се добри“, смета Илиќ.
Неговото мислење го делат и останатите репрезентативци на Србија. Сите велат дека сметаат на победа против нашата селекција.

Извор.


Јас на утакмицава највеке очекувам од Миркуловски. Сега сите ке играат без големо оптоварување, со желба да се столчи северниот сосед.
Одлична шанса за сите репрезентативци да се покажат во добро светло.
 
вечер само Кире да се разигра барем ако не можеме полуфинале да спакуваме за седмо па и да скрши тоа рекорд со головине.
Не е вечер, од 15:30 е утакмицата. :):):)
Ајде, знам дека можеме, мора да ги тепаме Србите!!!
 
Србија ако ги имате гледано на секој натпревар одат фластер на најдобриот играч на противничкиот тим така да очекувам фластер на Кире а да се разигра Миркуловски и останати играчи.
 
Нема да играат фластер на Кире спори се Сврбите тоа ке биде погубно за нив.

Доколку играат, тогаш Темелков и Макалоски вечер ке се истурат од давање голови.
 
Исто нашиве треба да форсираат 5-1 одбрана уште од почеток за што и селекторот најави, бидејќи Србите имаат силни бекови, Илиќ, Стојановиќ, Шешум и Бојиновиќ кои на дуелите со Данска и Норвешка се растурија со прецизни шутеви.
 
Излези момче право на тераса...:oeoeoe:
Ајде јунаци наши, лавови, мажишта! Можете да ги тепате Србите, веруваме во вас, само БЕЗ БРЗАЊЕ. ПОЛЕКА И СМИРЕНО!:vozbud::vozbud:
 
Не го потценувајте противникот. Макар што очекуваме и цела Хрватска да навива за нас.
Ќе биде тежок натпревар, но треба да се надеваме и да навиваме.

Ајде Македонија. :oeoeoe:
 
Ќе бидам пресреќна ако ги победат Србите. Не дека за другите кои ги победија не се радував, ама некако многу се креваат во однос на спорт. Убаво би било да ги спуштат малку. Се надевам дека Кире ќе даде бајаги голови и да му играат фластер...

МАКЕДОНИЈА :oeoeoe:!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom