Филип Лазаров

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Филип игра оти игра Кире. Нормално браќа се,овој мора да го 'бутка' ама бадијала е.
Не се уклопувал Раде Стојановиќ во нашава игра...абе ајдееееее
Приказни за мали деца се тоа..:tapp:
Ако игра Раде автоматски се пополнува, т.е го завзема местото на Филипче:icon_lol:

Кире е ЦАР во репрезентацијата. Повеќето работи,од тактички гледна точка им ги презентираше токму тој, а НЕ Илија Темелковски како што повеќето мислат. :smir:
 
Филип Лазаров не требаше да игра воопшто бидејки е слаб имаше кој да го замени ама..ако сепак ова за него ке биде најголемиот тренинг т.е стекнување знаење и кога ке дојди другото сп тој ке гази едноставно кажано..
 
Филип игра ради тоа што има убаво име.Да се викаше Александар 100% ке играше безпрестан и во одбрана и во напад,фул 60минути.Па мора да се покаже на Грците какви имиња имаме ние:)
 
Дечкото се гледа дека е залутан. Извинете ама не е за на светско првенство, посебно не на одлучувачки натпревари.
 
Абе Римз се знаел со братот на Кире, еве заедничка слика.

А. Лазаров со Римз :pos:

princ.jpg
 
раде стојановиќ и мајнов сигурно ќе беа подобра варијанта од Мали лазар ама ете. Тоа е!!! Не сум му нешто многу кивен на типов, али стварно преголема минутажа му се даде. стоилов е мнооогу постабилен играч од него! А убаво си кажа коментаторот, стоилов го пушта да игра само кога мора.
 
Mоже ќе го биде за некоја година ама за Светсково беше најголем промашај.На една спортска емисија на а1 се кажа дека сме имале некои двајца други добри ракометари во странство ама не биле повикани во репрезентација:toe:
 
Филип Лазаров го нема квалитетот што го поседува неговиот поголем брат,тоа е повеќе од јасно,но во овој момент таа позиција е дефицитарна,па беше неизбежно да се најде на СП,иако можеби е на исто рамниште со некои други ракометари кои играат на таа позиција.За Раде Стојановиќ,не е спорно дека е покадарен од Филип и тука нема дилеми,но веќе подолго време го мачат повреди со коленото и не беше во можност да ги издржи тие дуели и напори што го очекуваа на првенството.Тоа ми го потврди и негов роднина од Неготино,па така не мешајте стручни штабови во приказната.Можеби Стојановиќ во овој момент би издржал дуел со екипи од рангот на Тинекс Пролет или Младост,но во никој случај со репрезентации од рангот на Данска или Германија.Едноставно тоа би било и ризик за неговата кариера.Другите бекови кои ги спомнавте,Ангеловски и Караиванов исто отпаѓаат.Првиот и така долго време паузираше и е апсолутно надвор од форма,а во моментов игра во Саудиска Арабија.Вториот во никој случај не би го повикал за СП,оти го нема неопходниот квалитет,а во тоа се уверив повеќе пати.Единствено што му забележувам на селекторот е тоа што во подготовките не го повика можеби најквалитетниот лев бек во овој момент Горан Кузмански,кој подолго време е интернационалец,сега во Португалија,а можеше да испроб анекои варијанти и со него,знаејќи дека Стојановиќ нема да биде максмално подготвен.Сепак тоа е негов избори јас го почитувам,а и резултатите се одлични па нема простор за незадоволство.:smir:
 
А Мајнов????
 
А Мајнов????
Мајнов никогаш не играл на таа позиција,туку на позицијата десен бек,па со оглед на тоа дека на таа позиција има двајца квалитетни ракометари,Лазаров и Митков,сосема логично е што не е на првенството,иако настапува во добра форма.
 
Па добро толку ли немаме асален лев бек освен Стојанвоич па мора дрвоно Филип Лазаров да игра?
 
филип е супер во мак лига. супер. екстра
добро.. квалитетот е смешно да се споредува..ама сепак веројатно и самиот е свесен дека изигра лошо.. бидејќи стварно е подобар од ова што прикажа

вината не е негова. сигурно дека дава се од себе. вината е на оној што го става во игра и кога не му иде. сигруно филип сам не се повикал и не се ставил сам во игра. а најмалку сака да биде критикуван за лоша игра во ситуација кога сите се радуваме

и пишаа погоре. не е млад. каков млад, 23. кире на 23 беше убица како и денес.

страшен одраз има. штета. криво ми е за него
 
Ацид спремај се те чекаат у репрезентација :):):) Ке рушиш рекорди :)):)

Иначе Филип е млад,располага со дриблинг некој и добар шут ама му треба работа за големи натпреварувања.Секогаш сам се форсира(мислам на влез шут) и кога нема простор за шут или влез. Си треба подучување од брат му.:helou:
 
Филип Лазаров ти е типичен исфорсиран спортист, без некои поголеми квалитети и знаења од ракометот, знаења недоволни за да игра прва постава во една од 12 најдобри Светски репрезентации.
Не го правдајте на “млад е“ картата, пошто не е млад, не очекувам да стане нешто подобар во иднина, ограничен е дечкото, и да не беше брат му ќе си беше просечен ракометар од македонската лига (што реално и е), али ете му се погодило, очигледно е дека го турка некој, кој не би сакал да коментирам пошто стварно не знам.
А што е и уште потрагично во наредните 7-8 години скоро сигурен сум дека ќе си биде стандарден репрезентативец, може не во прв тим, ама во составот сигурно ќе биде.

П.С. Филип не играше само на еден натпревар, со Русија. :toe:
Не дека ради тоа тепавме ама сепак, без неговите аматерски грешки во нападот полесно беше.
 
заедно со Раде С. ја гледав вс Данска... Типот е во максимална кондиција, си замина од задар затоа што му прек*рчи да го гледа филип Л. од трибини како прави аматерски грешки.ФЛ нема поима од ракомет,но главниот збор го има Ќире. Требе да се продаде Филипчето во некој силен тим...да набие цена и сл. Дојдоа времиња да играат стоилов и ФЛ бекови, а Раде е „повреден“. Македонијава си останува корумпирана засекогаш, а можевме да избориме многу повеќе со него во тимот. Навистина штета...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom