Ќе се задржам само на овој твој дел бидејќи е значаен и си во право.
Инаку, за тоа погоре дека Ристовски и Апасиев не знаеле т.е. не можеле да предвидат што ќе се случи мислам дека не важи за нив, па и за ниту еден повозрасен граѓанин (25+ години) што имал прилика барем малку да осети што тоа всушност значи сдс на власт.
Како и да е тоа е помалку битно во дискусијата.
Дека и двајцата, Ристовски и Апасиев, немаат доволно капацитет (освен ако се работи за корисни идиоти кои свесно влегле во шема да одработуваат за квислинзиве), се гледа од тоа што сакаат самите да настапуваат наместо да повикуваат и да создадат единствен македонски опозиционен фронт кој ќе ги собере сите сили и енергија за поништување на квислиншките направии, тие глумат лудило, затоа се сомневам дека се искрени и дека имаат намера да ги поништат актите кои настанаа како последица на тиранскиот договор!
Баш ова.
Без разлика дали двајцата планираат или не планираат да коалицираат после избори и без разлика дали имаат искрени намери или не за поништување на тиранскиот договор и следствено таквите дејанија со бугарите, а и договорот од преспа треба да знаеме дека и двајцата на нероден петко капа му кројат т.е. мислат дека народот ќе ги доживее нешто како WOW момент пошто ќе ги исплукаат и вмро и сдс (особено вторите) и као демек пола работа им е завршена, а уствари не сакаат соединета опозиција бидејќи така ќе мора да делат „од колачот“.
Всушност, на овој начин, останува на проценката на народот што да прави во ваква една ситуација - а народот ни се покажа дека овие 30 години и не ни е баш паметен.
Истовремено, ако гледаме малку барем пошироко, ќе видиме дека и онај шизофреникот од нашиот северен сосед веднаш прави избори па матрицата не е тешко да се препознае. И тој, а и ова нашето дреле од муртино одат по логика на нештата (нормално водени од странски фактор, пошто самите не поседуваат мисловен капацитет = им е на ниво на амеба) и си викаат, разочаран народ, до вчера ја гледаат власта како „спасител“ и заштитник од короната па ајде некако по инерција ќе ги повлечиме на избори. Разочараните нема да излезат, исплашените ради здравјето (хипохондриците) нема да излезат, ќе остани нашиот политички противник и оние кои по инерција ќе не поддржат + нашето вообичаено членство. Тоа, со помошта од чичко Сем, ни гарантира уште еден нов мандат.
Кај е заебот во ситуацијата? Заебот е во тоа што ваквите СИТНИ риби како апасиев (левица) или ристовски (интегра) требаше колку толку да размилат дека со ваков изборен модел единствена шанса за нешто имаат ако СЕ соединат во коалиција против курто-мурто политичарите.
ТАКА, ќе привлечеа повеќе од неопределените, така ќе привлечеа и дел од тие што ќе бојкотираа по секоја цена, па дури и од редовното гласачко тело на двете најголеми партии ќе се слееше по некој глас.
Сега, ни останува нас како гласачи да си одбериме некоја од овие помалите партии и да излезиме да ги гласаме со надеж дека јеби га можда нешто тоа ќе промени т.е. дека нема гласовите да им ги оставиме аванте на жмицко и зајко да си ги делат туку барем некој пратеник да прогураме во собрание и ако ништо да му покажеме на останатото граѓанство дека курто-мурто политиката ќе заврши после овој мандат бидејќи сме му откинале дел, ги оставивме на една нога да куцаат до следни избори каде ќе им ја скиниме и другата.
Дали народот ќе биди свесен или ќе си остави да го водат ајвани до недоглед е веќе друго 20. Сепак, ако ништо друго, дури и ваквите пишувања на форум или дискутирања во секојдневието со луѓе можи да премислат некој да се освести и да не оди со девизата „абе ај брат и онака ништо нема да се смени“.
Ќе се смени само ако се поттикни некаква акција, па реакцијата ќе ја видиме на подолг рок, за жал не може веднаш.