@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115
http://www.turkishweekly.net/news/6...-protest-against-visa-regime-in-brussels.html
Македонска студентска делегација од 50 члена протестираше пред зградата на европската комисија за што поскоро укинување на визите.
Со поставување ограда што ја претставува границата тие покажаа како се чувствуваат македонските студенти поради високиот шенгенски ѕид изграден околу Македонија.
Протестот е во рамки на акцијата „Виза! Нема шанса!“ што ја спроведоа група од 40-тина младински здруженија и студентски организации.
Поддршка и солидаризирање со барањата на идните македонски академици е најавена и од меѓународните студентски организации во Европа.
На 27. јануари македонската студентска делегација своите барања за што поскоро укинување на шенгенскиот визен систем ќе ги пренесе и во кабинетот на еврокомесарот за проширување Оли Рен.
Според оценките на ЕК, Македонија е најнапредната земја во сферата на исполнување на условите за визна либерализација од земјите во регионот.
Македонските власти очекуваат по завршување на оценските мисии во текот на годинава, а до крајот на 2009. одлуката за укинување на овој систем да помине низ сите инстанци во ЕУ.