Впечатоци од пречекот на ракометарите

  • Креатор на темата Креатор на темата Ddime
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
120 евра е за утре...мислам денес се тргаше
 
Jас ке идам со другари со коли ке бидеме, ако ме најде некој слободно нека дојде ке правиме мини навивачка група.

Ке ме препознаете по знамето на Вергина со димензии 3х3:):)
 
КИРЕ ЛАЗАРОВ НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ НА РАКОМЕТНИТЕ МУНДИЈАЛИ
Со минимална победа од 32:31, македонските ракометари ја совладаа Јужна Кореја и се пласираа на 11-тото место на ракометниот мундијал што се одржува во Хрватска. Со денешните голови нашиот најдобар ракометар и капитен на репрезентацијата Кире Лазаров постигна нов рекорд како најдобар стрелец на светските првенства во ракомет.
06A6481629B6EA4C9E2FE81D2837685A.jpg

Агенцијата за млади и спорт (АМС) вечер на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје организира пречек на македонската машка ракометна репрезентација која настапуваше на Светското првенство во Хрватска.

За сите заинтересирани ќе има бесплатен автобуски превоз. Автобусите ќе тргнат во 20 часот и 30 минути од кај црквата „Св. Богородица“, наспроти МАНУ. Агенцијата ги повикува љубителите на спортот со себе да земат спортски реквизити за достоинствен пречек.
 
Ај од форумов да се организираме некој, му се идет?
 
Леле ке се убијам што не отидов на пречекот:uvo:
И Кире дојде само за прославување:)

Браво за сите што достојно ги пречекаа нашите херои:pipi:
 
Јас брат ми кога ќе се врати ќе му шибнам една,сакав да одам со него ама не ми даде ми рече дома да седам и не отидов ќе види тој...
Сега имаше на А1 леле какво бешее:vozbud::vozbud::vozbud:
 
На Алфа кажаа сега дека на плоштад од полноќ ке имало собир за хероите наши!!!
 
Лол не глеав бев излезен :jaj: Има ли некој некоја слика? Колку што рабрав и Кире дошол или се лажам?
 
Фала ти друже ама ова не се отвара. Ај нема везе ќе видам утре на нет, се на некој сајт ќе објават :toe:
 
Фала ти друже ама ова не се отвара. Ај нема везе ќе видам утре на нет, се на некој сајт ќе објават :toe:

Кај мене се отвара, само треба да почеташ малку да се вчита. Ако не ти отвара никакво видео од страната на А1 тогаш можеби треба да инсталираш некој додаток.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom