Џабе ниту 1 гол не дадовме и со 2 играчи повеќе. Ете сеа и губиме 1 разлика. Требаше тајм-аут да побара Темелков. Ај до полувреме да издржиме колку што можеме па после само смирено.
Прво полувреме со 1 гол разлика за нас, исто како со Полска. Првиот дел од полувремето одлично за разлика од крајот каде што ако Германците беа комплетни ке не згазеа. Али тоа е тоа. Издржавме и пак со водство сме. По паузата, со совети од Темелков, посмирено да изиграме во второ полувреме и не ни бега победа.
Еве се гледа нашата неспремност.
Играат германците со четворица и нашиве избрзуваат. Ах бе што мислеа 4 голови да дадат за 2 минути па брзаа?
Колку само грешки имавме? 10тина!
Не ни очекувам да водиме многу голови, играме со велесила со Германија.
Тука секој гол вреди многу.
Само не очекувам и толку грешки од нашите. Секоја грешка скапо си ја плаќаме.
Имаме предност од 1 гол во прво полувреме.
Две работи посакувам во второ полувреме помалку грешки и помалку трема кога имаме предност.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.