Средношколска љубов!

  • Креатор на темата Креатор на темата Pravnice
  • Време на започнување Време на започнување
Интересите и барањата во средно не се исти со оние после 5 години. Ако единствен услов во средно ми била бојата на очите (пример, нели) макар и мижел, после 5 години освен бојата барав да гледа малку со нив. Уствари не само малку, туку малку подалеку. :)
Ако се поклопат партнерите и понатаму, ако се развиваат приближно еднакво, ако имаат слични интереси и секако ако постои љубов врската продолжува. Овде секако треба да се земе предвид дека станува збор за време кога личноста трпи многу промени на било кое поле и со тоа менува и ставови, сваќања, барања и сл. Ако престанат да се следат во растењето - секој по својот пат.
 
Многу е тешко тоа, може ќе се сочува до некој стадиум на факултет ама за натака, за брак... тешко...

Не за друго, таков е периодот, кога сакаш да испробаш и да доживееш повеќе искуства итн, итн...

Ако си фатил женска на 16, па тераш, и тераш со неа, на едно 22 години ќе застанеш и ќе си речеш, чекај бе, што видов јас од авантури, лудости... најубавите години и ги посветив неа, па уште и да се зејме, цел живот со една личност...

Тоа мислам дека е доста силна причина. Не спомнувам пропратни проблеми кои се составен дел од секоја врска, тоа е плус...
 
Знам неколку примери да кажам што успеала таа средношколска љубов и останале цел живот заедно,ама знам многу повеке примери да кажам кои средношколски врски траеле 2-3 години,но дошло време за факултет.Студентскиот живот е сосема поинаков од средношколскиот (тие што живеат во Скопје не го доживуваат на ист начин како тие од друг град)...живееш сам со другари,во сосем друг град,нема кој да ти пречи,нема кој да те контролира,имаш слобода да правиш што сакаш..и многу врски не успеале баш поради таа промена,едноставно сакале да си ја уживаат таа слобода на која не биле навикнати претходно
 
од Спирка: но не можам да не го споменам примерот на вујко ми кој веќе 30 години оди со жена со која започнал врска во прва средно и сеуште не се земени и сите ги зафркаваме дека се само за на рипли.
Спирка хехе закон е вујко ти. Замисли онака ги прашува некој на нивна возраст...колку време сте у брак?...И вујко ти да каже...а нее рано ми е :)..Рипли богами стварно. Средношколска љубов! да...фини моменти кои се памтат до крај на животот. Со самото завршување на средното се отвара новата страница на животот. Факултет, работа па може и двете. Ширење на погледи. Запознавање нови луѓе. Созревање. Те привлекуваат други личности и полека полека страста шо ја имало во врската гасне. Сакаш да смениш. Потреба за промена. Тоа е се...
Но има да...и од средно љубави па се земале еден со друг. Се зависи од меѓусебниот шмек на особите и шмекот во врската. дали го има или го нема. Сите бараат совршена љубов. Нема тоа. Прашањето е дали некои двајца се совршени еден за друг.
 
Стварно ми е жално што завршуваат.. И им се дивам на оние што успеваат да си ја сочуваат... Не е воопшто лесно...

Зашто да ми е жално? Па они така се договориле и така одлучиле, самиот живот е авантура, земи или остави и што е најважно продолжи :) Така да животот не застанува со крајот на врската, напротив на некои им почнува. Сепак непоправливите романтичари секогаш ќе се прашуваат што ќе беше ако беше или ах тоа беше љубов и дали некој/а ќе ме сака како неа/него и обратно. Епа во тој случај јас ги жалам.
 
Не за друго, таков е периодот, кога сакаш да испробаш и да доживееш повеќе искуства итн, итн...

Ако си фатил женска на 16, па тераш, и тераш со неа, на едно 22 години ќе застанеш и ќе си речеш, чекај бе, што видов јас од авантури, лудости... најубавите години и ги посветив неа, па уште и да се зејме, цел живот со една личност...

Всушност, ова е многу честа причина и ја разбирам совршено, зошто меѓу се што придонесе да сакам да ја прекинам мојата средно-врска беше и ова... Што знам, најверојатно кај сите, и кај машки и кај женски е исто - сакаш да пробаш што повеќе и тоа ти е потребно за да пораснеш, изградиш вкус и изоштриш критериуми, научиш повеќе - во било кој поглед... И само после добро билдање на самодоверба и на искуство си подготвен пак да влезеш во врска која ќе трае и во која повторно ќе почнеш да гледаш иднина. Мене бар ми требаше квантитативно билдање на искуство за да се смирам пак покрај еден човек:)

Сепак непоправливите романтичари секогаш ќе се прашуваат што ќе беше ако беше или ах тоа беше љубов и дали некој/а ќе ме сака како неа/него и обратно.


Не се тоа непоправливите романтичари де. Тоа се они некои не нашле подобар пријател/љубовник/заштитник/што-и-да-барале од дечкото од средно:)
 
Според мене нема врска оваа поделба :toe: искрено знам луѓе кои се од средно и сега се во брак со детенце :vozbud: доколку врската почнала на 16 а на 23 врксата е повторно убава нема причина да речам-леле останав цел живот со иста личност...некако мене и мачно ќе ми стане после толку време пак да најдам толку сродна личност како таа на пример 7 години што сме биле заедно :toe:
 
Зашто да ми е жално? Па они така се договориле и така одлучиле, самиот живот е авантура, земи или остави и што е најважно продолжи :) Така да животот не застанува со крајот на врската, напротив на некои им почнува. Сепак непоправливите романтичари секогаш ќе се прашуваат што ќе беше ако беше или ах тоа беше љубов и дали некој/а ќе ме сака како неа/него и обратно. Епа во тој случај јас ги жалам.

Жал ми е затоа што толку години си се посветувале еден на друг, знаат се` за себе, знаат како дишат... И заради тоа што после тоа ќе им треба многу време за да можат повторно да си го дозволат тоа, од страв да не заврши пак како претходната врска... Жално е тоа што најголем дел од врските завршуваат баш поради потрага по нови искуства, баш заради тоа што толку рано се фатиле они.... Да било тоа покасно, може и немало да раскинат, ама да било покасно може и немало да се фатат :) Многу глупава ситуација....

Според мене нема врска оваа поделба :toe: искрено знам луѓе кои се од средно и сега се во брак со детенце :vozbud: доколку врската почнала на 16 а на 23 врксата е повторно убава нема причина да речам-леле останав цел живот со иста личност...некако мене и мачно ќе ми стане после толку време пак да најдам толку сродна личност како таа на пример 7 години што сме биле заедно :toe:

Баш тоа :)
 
Не се тоа непоправливите романтичари де. Тоа се они некои не нашле подобар пријател/љубовник/заштитник/што-и-да-барале од дечкото од средно:)

Да, или како што кажа Big Kiss се плашат да ја најдат таа љубов. Од страв да не бидат повредени и разочарани и кога и да почнат друга врска тешко се отвараат и се резервирани како да кажам. Сепак авантуристот нема да праша како било? Туку ќе си кажат искуство плус идемо даље. :):)
 
Само кога ќе ми текне кој ми беше симпатија у средно, уште стомак ме боли од смеа, ццц и сите знаеа и он знаше и се беше, само ја нејќев нишо да ијам со него, него онака само симптија ми беше.. кој крш, и која сериозност бе у средно, ја уште ластик играв пред зграда, што ви е, сега се збеснати незнаат да уживаат во младоста, па се замараат дечковци, врски, место да пуштат мозок на пасење и да уживаат, а и самите знаат дека за замарање е цел живот пред нив, така да користете ги средносшколските денови најубаво, највозбудливо, а не за замарање и разочарување.:back:
 
Мал број од врските кои проникнале во средно завршуваат со брак.
 
за жал сеуште немам средноштколска љубов а уше мало и 18 чето.. ќе дојде..
имав .. "основна" АКо тоа беше љубов .. хаха ,
можеби имам , н0 подоцна ќе го сфатам тоа .. maYbe
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom