Одлична игра на нашите,заслужена победа над аутсајдерот во групата.Добро е што селекторот направи неколку измени,меѓу кои и таа на голманската позиција,што требаше да го стори и вчера,бидејќи е во одлична форма Ангелов и ги познава добро репрезентативците на Алжир и Тунис,од кои најголем дел играат во Франција.Како слабост во екипата гледам недостаток на квалитетен лев бек кој знае да шутне,затоа што Стојановиќ влече повреда и не е доволно заздравен за да настапи.Исто во нападот сме лимитирани и без пивот,Димовски се гледа дека не е заздравен,пребавен е.Така да,нашите квалитети во моментов се играта во одбраната,а во нападот максимално треба да се искористат крилата,за да се растоварат малку Лазаров и Мојсоски.