leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.565
Во почеток на врска се учите взаемно што сакате и што несакате.Ако му смета нешто,прекинуваш да го правиш,се со цел да не го навредиш,да не го повредиш,да го заштитиш.Тргнуваш од идејата дека особата заслужува да се одречиш од некои свои навики кој му одат на живци.Одречи се од ова,потисни го она,да не го правиш љубоморен,да не збориш со оној,овој му сметал,ова ќе предизвика кавга и ги затвораш вратите на реалноста.Наеднаш немаш светлина во животот,прав бункер си изградил околу себе од околината.Нормално ќе ги намалиш стравовите на партнерот околу себе,но дали тоа тебе ќе те направи посреќен во врската со него?Ќе ги немаш префрлањата,ќе се лажеш себеси дека конечно сте сами вие двајца на овој свет,дека љубовта е посилна,дека сето тоа вреди.
Сте биле во бункер врска некогаш?Сте се повлекувале секогаш во име на љубовта?Среќни ли сте ако се изгубите во просторот?Дали тоа ви донело нешто добро во животот или сте изгубиле повеќе?Решение?
Сте биле во бункер врска некогаш?Сте се повлекувале секогаш во име на љубовта?Среќни ли сте ако се изгубите во просторот?Дали тоа ви донело нешто добро во животот или сте изгубиле повеќе?Решение?