Тој што ќе ми докажи дека глаголицата е постара од кирилицата ќе му ја препишам куќата.Во најмала рака создадени се паралелно.
Ајде.

Пишав и погоре ама ете ти веродостоен извор.
На општоприфатеното тврдење дека глаголицата е постара и дека неа ја составил Константин му идат во прилог следниве аргументи:
а) Најстариот словенски книжевен споменик -
Киевскиот мисал, од средината или втората половина на X век е пишуван со глаголица и одразува некои моравски црти што значи дека претставува непосредно продолжение на дејноста на Кирил и Методиј во Моравија.
б) И Киевскиот мисал и останатите глаголски споменици, одразуваат поархаични јазични црти одошто оние што се пишувани со кирилица: прост аорист, придавки, форми без контракција и сл.
в) Околностите и областите на распространувањето на глаголицата потврдуваат дека таа е постора. Нема основа да се претполага дека во Моравија, по изгонувањето на учениците од Методија, кирилицата била отфрлена, а дека место тоа некој вовел глаголица. Глаголицата била мошне распространета и во хрватските краишта каде што работеле некои од учениците по напуштањето на Моравија. И на југ, дејноста на учениците на Кирил и Методиј течела предимно во Македонија. Тука писменоста била глаголска: на македонското јазично подрачје укажуваат јазичните црти на повеќето старословенски глаголски споменици. Наспроти тоа, старословенските текстови пишувани со кирилица се настанати во источна Бугарија.
г)
Сведоштвото на Црноризец Храбар. Во својот спис за постанокот на словенското писмо Црноризец Храбар (словенски писател што живеел и работел во крајот на IX и почетокот на X век) иако не укажува директно која азбука ја составил Константин, индиректно укажува дека Кирил ја составил глаголицата (зборува за 38 букви, а толку букви има глаголицата без прејотираните носовки).
д) Некои од старословенските кирилски споменици претставуваат палимпсести (списи пишувани врз пергамент од кој бил избришан некој текст порано напишан). Под кирилските букви се наѕираат глаголски. Не постои палимпсест пишуван со глаголица врз постари избришан кирилски текст. И тоа укажува дека текстовите пишувани на глаголица се постари.
На ова се надоврзува и фактот дека во некои кирилски ракописи, особено подоцнежни, се среќаваат одделни букви, зборови, па и цели редови пишувани со глаголица. Тоа покажува дека тие се препишувани од постара глаголска предлошка.
Ова е извадок од книгата што ја користиме на Филолошки, „Старословенски јазик“ од Радмила Угринова-Скаловска.
Кај се наоѓа куќата?
Еве и на овој
линк ќе најдете многу информации околу старословенскиот јазик.