Jaс цел живот бев коска и кожа пишав и погоре во средно бев 48 кг потоа периодот од 18-30 год. бев 50-60 кг и потоа откако добив Хашимото-Хипотиреоза за само неколку месеци скокнав од 60ина на скоро 80 кг и толку веќе прекинав да се мерам на вага бидејќи ми е страв иако пијам еутирокс скоро година дена имам чувство дека и понатаму се поправам т.е. се дувам уште повеќе и веќе на вага не се качувам !
Ај тоа него воопшто не се чувствувам подобро со еутироксот пак сум утепан уморен и малаксан скоро секој ден исто, се поправам а јадам по една до две кришки леб на ден само, повеќе сум на салатки последно време, месо и такви ствари помалку и поретко јадам од претходно, кафињата ги редуцирав од 5-6 до максимум 2 на ден, цигарите во целост ги отфрлив, алкохол ниту пијам, ниту пак сум пиел, но џабе !
Порано пешачев по неколку километри на ден, исто така и често пати возев точак со километри, сум се искачувал и по висински места ридови и планини, не сум чувствувал скоро никаков замор, сега се уморувам одејќи и до најблиската продавница или автобуска станица, она чувство на брз замор, тешко дишење, брзо чукање на срцето, вртоглавица, заматен вид, брзо потење, тресење на рацете и нозете, гадење и нагон за повраќање и.т.н. и.т.н. докторите викаат ништо не ти е млад си на нервна база е се !