Дали јадете путер од кикирики?

  • Креатор на темата Креатор на темата goodman_91
  • Време на започнување Време на започнување
Имам голема желба да пробам, по гледањето на According to Jim
 
И јас имам пробано американски, од овие домашните уште не сум пробала и искрено не ми се допаѓа баш многу. Тетка ми донесе цела тегла од Америка и пошто не го јадевме и текна да правиме Chocolate Chip Cookies ама по наш рецепт и беа многу вкусни со путерот.Важно го искористивме, не го фрливме :)
 
Да има, јадам, зашо да не јадам....ама нема :))
 
Како фан на Сникерс и палачинки со крем и кикирики, очекував многу од путерот од кикирики. Ама не беше така, купив еднаш едно тегличе, намачкав една кришка и толку беше. Грдо ми е, неможам да го јадам.
 
не јадам. уствари немам ни пробано, некако имево не ми делува вкусно :)
 
Маме му расплакувам...
Само органски без никакви хемикалии, шеќери! Тој на Агроплод незнам каков вкус има ама овој овде си го поштувам! Зараза мамата и после ми се лоши еми ај па да не...
Сендвичи американски, пинат батер енд џели не конзумирам ама само батер од тегла дај ми и оди запри ме...:vozbud:
Љубам, љубам...има протеини ама и маснотии, здрави секако ама ако се внесуваат со мерка а не како мене!
Ми праи мерак, а и оној од бадеми ми задоволува потреби..мф мф...
 
Имам слушано дека е ептен вкусен, и би сакала да пробам. Само нигде нема бе -.- :(
 
Во поголемите маркети има, 50 денари е најмалото производство од Агроплод во зелена обвивка...добар ми е, само некако тешко се џвака, а камоли да го мачкаш :toe:
 
Многу е вкусен, едно време произведуваа и во Агроплод ама сега најверојатно не. А, ако саката да пробате ви ги препорачувам од Пардон соленките полнети со путер од кикирики:pipi:
 
Знае некој добар путер од кикирики зошто тој што е (или беше) на Агроплод искрено ич не ми правеше мерак...
 
Немам пробано може вкусно е не знам :) :)
Aко имам прилика ќе пробам :pipi:
 
Знае некој добар путер од кикирики зошто тој што е (или беше) на Агроплод искрено ич не ми правеше мерак...

Пеер најдобар јас што го имам пробано е Сникерс путерот, бааги скап е, и го има во Веро.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom