Ти си Македонија! Дали?

Дали ги поддржувате кампањите "Ти си македонија"


  • Вкупно гласачи
    121
Член од
1 февруари 2007
Мислења
92
Поени од реакции
9
Аман, пак ги активираа спотовите од кампањава. За да биде уште поиритирачки, се случува да пуштат по 4-5 спота на ТВ еден по друг. Но, да видиме дали си ТИ Македонија, како што тоа сака да го прикаже кампањата преку продавање басни на обичниот граѓанин.

Демек ако работиш вредно, од обичен работник во фабрика ќе имаш еден ден црна лимузина (така е приказната во еден од спотовите). Да, со 200 евра плата, ТИ СИ Македонија, и бидејќи со таа плата не можеш да платиш сметки и да го прехраниш семејството, еден ден ќе имаш црна лимузина.

Ти си Македонија.

Надополнете со примери.
 
јас денес првпат ја видов рекламата со александар македноски и мислам дека сериозно треба да се прегледаат кај доктор тие луѓе кои ја порачале.на нервно таму кај шо има накој доктор со психо-....уствари доктор за глава
 
марсовче вели од овие спотови ма заболе главата марсовче вели дали овие знаат да прекинат?
 
марсовче може слободно да им конкурира на досадните рекламни спотови.
 
Вакви реклами и антибиотици не ни требеа сега, и не вака. Ама што е, тука е.
 
марсовче може слободно да им конкурира на досадните рекламни спотови.
марсовче прашува да не случајно удира во болна точка?
бидејќи не сум само јас тука и пола македонија која се прашува кога ќе прекинат со овааа психичка тортура-перење на мозок во обид
 
дека јас сум (дел од) македонија, си го знам тоа и не треба никој да ме потсетува и плус да дава пари за тоа

тоа е исто као на пр. ја сум алкохоличар и некој друг плаќа да ми го каже тоа, иако ја сум свесен дека сум, на пр.

не мора да биде алкохоличар, може и наркоман, можеби и подобра споредба, бидејќи ретко кој алкохоличар ќе си признае дека е, а наркоманите во тој поглед се многу поискрени
 
А ти да не си едно партиско војниче од сдс што те пратиле да шириш глупи пропаганди по народот за да ја рушите власта.

Што има лошо во тоа да се шири партиотизмот?
 
Баш и не знаете дека сте Македонија.

Пошо кампањава сигурно не е за само да ни кажат дека од сиромашни ќе станеме богати (ко шо алудира автрот на темава).

Ова поише се однесува на свесноста дека државата е твоја, дека ти си тој кој ја носи власта, а не обратно, дека треба да се кренеш кога одат против твоите интереси и сл.

Се на се, свесноста дека не сме немоќно стадо контролирано од неколку властодршци, туку дека ние им ја даваме моќта, дека треба да одговараат пред нас, и дека за се што оди против нас треба да се покренеме и побуниме.
 
А ти да не си едно партиско војниче од сдс што те пратиле да шириш глупи пропаганди по народот за да ја рушите власта.
Секој кој мисли со своја глава е партиско војниче. Ха! Мора да мислиш исто како владата, инаку - кврц. Само така не си партиско војниче.

Иди легни си бе.

Што има лошо во тоа да се шири партиотизмот?

Нема ништо лошо во тоа да се шири патриотизмот. Ама да се шири со отекување по телевизија, со трошење милиони да ми кажува некој басни, со трошење пари на даночни обврзници - е чекај малку. Ти веројатно не работиш, или работиш во државна администрација, па незнаеш што тоа значи, и кој го плаќа.
 
нема лошо нишо у патриотизмот ама има лошо у трошењето пари ...народни пари

Некои луѓе се разбираат со збор, некои со стап, некои кога ќе ги удриш по џеб.
 
Баш и не знаете дека сте Македонија.

Пошо кампањава сигурно не е за само да ни кажат дека од сиромашни ќе станеме богати (ко шо алудира автрот на темава).

Ова поише се однесува на свесноста дека државата е твоја, дека ти си тој кој ја носи власта, а не обратно, дека треба да се кренеш кога одат против твоите интереси и сл.

Се на се, свесноста дека не сме немоќно стадо контролирано од неколку властодршци, туку дека ние им ја даваме моќта, дека треба да одговараат пред нас, и дека за се што оди против нас треба да се покренеме и побуниме.

Си гледале досега барем еден спот?

Ај раскажи те молам барем еден...
 
Баш и не знаете дека сте Македонија.

Пошо кампањава сигурно не е за само да ни кажат дека од сиромашни ќе станеме богати (ко шо алудира автрот на темава).

Ова поише се однесува на свесноста дека државата е твоја, дека ти си тој кој ја носи власта, а не обратно, дека треба да се кренеш кога одат против твоите интереси и сл.

Се на се, свесноста дека не сме немоќно стадо контролирано од неколку властодршци, туку дека ние им ја даваме моќта, дека треба да одговараат пред нас, и дека за се што оди против нас треба да се покренеме и побуниме.
Avavavvav, i seto ova od minuta post ke go zakluci obicniot covek so pivo vo raka pred kooperacija, a? Apapappapap....

Некои луѓе се разбираат со збор, некои со стап, некои кога ќе ги удриш по џеб.
Apapappa, pa ovoj drugiot....
pa aj togas dobrovolno i kolektivno site da mu gi dademe site nasi pari na gvujo, pa toj neka ni raskazuva basni posle toa.... togas ima da go razbereme i sfatime, sega ne mozeme.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom